2Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
2Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ЗдравјеСè повеќе млади лица пред 30-тата доживуваат инфаркт без предупредувањеПознат американски кардиолог открива дека 95% од срцевите удари се забележани во старосната група од 25-29 години.Никогаш повеќе не се зборувало за здравиот начин на исхрана и бројни диети, а денес многу лесно може да се дојде до заблуда, мислејќи дека, всушност, правиме нешто добро за нашето тело. И додека некои тврдат дека е подобро во менито да вклучиме повеќе јаглехидрати, други, од друга страна, се залагаат за ставот дека менито треба да вклучува храна од животинско потекло, како што се бифтек, јајца, путер, козјо месо, телешко месо. Различни фитнес тренери тврдат дека внесувањето што повеќе протеини придонесува за губење на тежината и градење на мускулната маса. Сепак, познатиот кардиохирург д-р Дмитриј Јаранов предупредува дека ниту една крајност не е добра! Имено, д-р Јаранов подвлекува дека исхраната пребогата со протеини може да доведе до срцев удар кај навидум „фит“ луѓе веќе на 35-годишна возраст. - Многу од моите пациенти изгледаат извајано, но само надворешно. Она што го видов во нивните крвни садови, не е убаво. „Да, телото изгледа како машина однадвор. Но, внатрешноста е поинаква приказна. Се грижев за здрави 35-годишници кои имале срцев удар. Без симптоми, без предупредување, тие биле како темпирани бомби“, додава тој. Д-р Јаранов особено нагласува дека екстремните диети можат да предизвикаат хронично воспаление што на крајот доведува до срцев удар и нагласува дека доброто здравје доаѓа само преку разновидна и балансирана исхрана. „Атлетскиот изглед автоматски не значи и добро здравје. Ниското ниво на телесни масти не значат ниско ниво на ризик - а стомачните мускули не ве штитат од пукање на плаките во артериите.“ Годините поминати на екстремно рестриктивни диети како што е исхраната базирана на месо може да доведат до екстремно висок холестерол, оштетување на крвните садови, хронично воспаление и стеснети артерии, зголемувајќи го ризикот од срцев и мозочен удар. Исто така, зголемувањето на стапките на дебелина и придружните здравствени проблеми како што се високиот крвен притисок и дијабетесот сега се сметаат за еден од главните фактори на ризик. „Ако вашата исхрана го уништува ендотелот (внатрешниот слој на крвните садови) - не е важно колку се силни вашите бицепси“, вели тој. Британската национална здравствена служба наведува дека месото е добар извор на протеини, кои му се потребни на телото за одржување и градење мускули, како и добар извор на витамини и минерали како што се железо, цинк и витамини од групата Б. Сепак, тие советуваат да се избираат посни парчиња месо и да се ограничи внесувањето на црвено и преработено месо со цел да се максимизираат придобивките и да се минимизираат негативните ефекти, како што е високата содржина на заситени масти што можат да го зголемат холестеролот. Исто така, тие советуваат дека само балансираната исхрана е вистинскиот пат до добар имунитет и здраво тело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноСѐ е подготвено за единствен експеримент- шкотски и јапонски научници ќе прават виски во вселената Вискито ќе помине низ процес на созревање во вселената за прв пат во експеримент кој исто така ќе мери како се прави пијалокот во средина надвор од Земјината атмосфера, објавува „Скај њуз“.Инженери од Шкотска и Јапонија планираат да лансираат ракета во 2028 година за да испратат сателит во орбитата околу Земјата со примероци од алкохол и неговите клучни состојки како дел од петгодишна мисија. Експертите се надеваат дека честите промени помеѓу екстремната топлина и студ на кои ќе биде изложено вискито додека орбитира околу планетата на секои 90 минути би можеле да го забрзаат процесот на созревање. Ова потенцијално би можело да ја отвори вратата за идното производство на виски во вселената, за кое научникот што го води проектот очекува дека ќе има многу препознатлива арома поради неговото необично патување. Иако таквото виски би имало астрономска цена поради трошоците за лансирање и враќање на Земјата, веќе е познато дека страсните колекционери плаќаат стотици илјади долари за некои од најретките шишиња. Жил Баје од Универзитетот во Глазгов изјави дека неколку студенти патувале од Шкотска во Јапонија за да помогнат во заедничкиот дизајн на таканаречен сателит „cubesat“, кој ќе содржи мали примероци од виски и состојки. Се очекува истражувањето да даде увид и во тоа како функционираат орбиталните фабрики, што би можело да овозможи развој на молекули за лекови кои тешко се произведуваат на Земјата. Тековниот план за експериментот е сателитот да се лансира во 2028 година како дел од мисијата за снабдување на SpaceX на Меѓународната вселенска станица, по што би бил пуштен во орбитата од јапонскиот модул на станицата. Научното знаење за процесот на „дишење“ на вискито за време на созревањето во дрвени буриња е сè уште ограничено, рече Баје, но овие циклуси би можеле да се случат многу побрзо во вселената, каде што температурите можат брзо да варираат од минус 150 до плус 200 степени. Алкохолот во минијатурниот сателит ќе се следи за време на неговиот престој во вселената, а податоците за неговата боја и хемиски состав ќе бидат испратени до научниците на Земјата.Тагови: виски вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМарта Кос: Молдавија добива 157 милиони евраЕврокомесарката за проширување Марта Кос објави дека Европската Унија денеска, на Десеттиот совет за пристапување на Молдавија во Европската Унија, издвоила 157 милиони евра за помош на Молдавија во согласност со Планот за раст.„Ова е поддршка за патишта, училишта и создавање повеќе работни места за да можат Молдавците да изградат подобра иднина дома“, изјави Кос на мрежата X. Таа нагласи дека Молдавија се движи кон членство во ЕУ со силна решителност, поддржана од конкретно спроведување на реформите. „Понатамошното спроведување на реформите ќе донесе поголема поддршка од Европската Унија и ќе ја доближи Молдавија уште повеќе до членството“, додаде Кос. Таа оцени дека Молдавија веќе постигнува силен напредок и заклучи дека сега треба да го одржи тоа темпо. По повод Советот за пристапување на Молдавија во ЕУ, високата претставничка и потпретседателка на Унијата Каја Калас, премиерот на Молдавија Василе Тофан и комесарката Кос денес одржаа заедничка прес-конференција, на која беше оценето дека односите меѓу ЕУ и Молдавија никогаш не биле поблиски, според веб-страницата на ЕУ.Тагови: Марта Кос Молдавија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа неделаВо текот на неделата ќе започне распредлебата на првите картички за зелена нафта за земјоделците, најави министерот за земјоделство Борче Серафимовски.Идната недела ќе започне поделабата на картичките за зелена нафта во пресрет на почеткото на подготовките на нивите за новата есенска сеидба. Распределбата на овие картички доаѓа токму во период кога најмногу им е потребна помошта во нафта која со зголемувањето на цените заради војната на Блискиот исток почна да ги загрижува земјдоелците бидејќи драстично влијае на згоелемувањето на трошоците кои ги имаат при производството. -Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проценти, со што директно го намалуваме трошокот за гориво во период кога земјоделците повторно влегуваат на нивите, рече министерот Серафимовски. Покрај за поделбата на картичките зе зелена нафта министерто истакна дека во следниот период приоритет на МЗШВ ќе биде и исплатата на финансиската поддршка од два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, за што се предвидени околу 2,5 милиони евра. За цената од 4 денари за индустриското јаболко тој рече дека нема ингеренции министерството околу формирањет на цената деодека за Октупната цена на оризовата арпа чија жетва почнува истакна дека се во финална фаза преговорите и дека цената би била во рамките на барањата на оризопроизводителите. Откупот на земјоделски производи го следи инспекторатот кој досега има напишано 17 казни за неправилности кај откупуваите Тонско Ивица Ангеловски директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Според Министерто Серафимовски откупот на виснко грозје е во завршна фаза и досега се откупени околу 80 милиони килограми виснко грозје а кај црвената пиперка ајварка во тек е откупот во пелагонсикиот регион каде откупната цена е зголемена на 25 денари за килограм. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook