Се поставува сцената на „Макфест" на штипскиот плоштад „Слобода"

Почна поставувањето на сцената за 35-то издание на Фестивалот за музика „Макфест" на Градскиот плоштад „Слобода" во Штип.

Драган Ристов шеф на прес-центарот за МИА вели дека се очекува сцената да биде поставена денеска, додека поставувањето на столчињата за публиката во текот на утрешниот ден, кога ќе се види колку простор останува на плоштадот.

– На плоштадот ќе има голем влез, од каде што публиката ќе влегува и излегува, просторот ќе биде ограден, ќе имаме обезбедување и волонтери, кои ќе ја предупредува публиката да нема групирање, со цел да се запазат здравствените протоколи. Според нашите проценки годинава фестивалот поради посебните мерки ќе го следат од 200 до 300 лица во публиката, меѓу секое столче ќе има растојание од метар и половина, а секое лице кое ќе влезе ќе добие и дезинфекционо средство со логото на фестивалот, изјави Ристов.

Тој забележува дека сетоа ова го реализираат согласно здравствените протоколи во интерес на здравјето и безбедноста на сите учесници, но и за самата публика, а истовремено да има и добро организиран фестивал. Инспекторите најавиле дека и на двете вечери ќе бидат присутни, со цел да не се нарушат здравствените протоколи за организирање на вакви настани.

Фестивалот за музика „Макфест", годинава ќе се реализира на 18 и 19 септември под отворено небо, доколку заврне дожд нема да има прекин на фестивалот, бидејќи сцената ќе биде покриена.

Првата вечер е ревијална и ќе се пеат макфестовските хитови, а втората е фестивалска, на која ќе се слушнат 24 нови композиции. Новинарите ќе имаат посебно место, од каде што ќе го следат фестивалот и ќе ги земаат изјавите.

Успеал да го уништо Мустангот на празен паркинг(ВИДЕО)

Ford Mustang и неговите возачи во Америка имаат лоша репутација. Не поминува ден ако некој не се судри, понекогаш на особено имагинативен начин.

Постојат безброј случаи на сообраќајни несреќи во кои е здробен Мустанг, и тоа редовно како резултат на грешка на возачот. Тешко е да се каже дали станува збор за еден вид нервоза, тенденција за претерување, недостаток на претпазливост, но најчесто е сето тоа заедно.

Најновото видео покажува како еден сопственик на „Мустанг“ снима неодговорен возач на Мустанг. "Еве зошто возачите на Мустанг имаат лоша репутација. Излегов со девојката на еден од моите омилени паркинзи, а потоа се појави момче со Мустанг 5.0 и реши да направи "дрифтови", напиша Брајан Калдерон во описот на видеото. Тој продолжил да снима и секако, не долго после тоа, на забавата и дојде крај. Возачот флертувал, а Мустангот го заврши својот танц во бандера.

Регионални избори во Италија, се гласа и за намалување на бројот на пратеници

Италијанците започнаа да излегуваат на гласачките места за да гласаат на регионалните избори, од кои најважни се оние во Тоскана, за кои аналитичарите велат дека може да го сменат изгледот на крајната десница.

По пандемиите и карантините, ова е прв тест на државно ниво за владата на премиерот Џузепе Конте составен од левичарската центристичка Демократска партија и популистичкото Движење Пет Sвезди.

Изборите исто така може да бидат исклучително важни за крајната десница со Лига на Матео Салвини. Доколку победи на изборите во Тоскана, инаку упориште на левицата, тој би го вратил статусот лидер на десницата, но евентуалниот пораз ќе ги зајакне неговите опоненти.

Гласачите со маски ќе излезат на гласање денеска и утре, бидејќи расте бројот на заразени. Во моментов има помалку нови инфекции на ден во Италија отколку во Велика Британија, Франција или Шпанија, но сепак има повеќе од илјада.

Регионалните избори ќе се одржат во Кампанија, Лигурија, Тоскана, Апулија, Венето и во провинциите Марко и Вале д'Аоста.

Помеѓу парламентарните избори на почетокот на 2018 година и пандемијата, десницата победи на регионални избори во осум од девет провинции, делумно поради неможноста левицата да учествува со еден кандидат. Експертите предупредуваат дека слична работа може да се случи и сега.

Најважните избори се во Тоскана, со која владее левицата 50 години. Најновите анкети покажуваат дека трката ќе биде тесна.

Левиот блок се очекува да ја задржи власта во јужната провинција Кампанија, но десничарската коалиција на Лига, екстремно десничарската партија Браќа на Италија и партијата Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони, може да победат во соседна Апулија.

Се очекува десницата непречено да победи во своите упоришта, северните провинции Венето и Лигурија, а левицата ќе ја преземе власта во Марка.

Паралелно , се гласа и за референдум за намалување на бројот на членови на парламентот - од 630 на 400 во долниот дом и од 315 на 200 во Сенатот. Референдумот се очекува да помине.

Во Германија и натаму над 1.000 новозаболени од коронавирусот

Во Германија се потврдени 1.345 позитивни случаи на инфекција со коронавирус, а две лица починале, потврди Институтот Роберт Кох.

271.415 лица се разболеле од почетокот на пандемијата во Германија, пренесува Ројтерс.

Вкупно починале 9.386 лица.

притисни ентер