Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски - Канал 5

Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. 

Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски

Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува.

Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот.

-За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа, со постапувањето против врховни судии, член на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции кои што злоупотребувале буџет, актуелни, поранешни, и градоначалници. Мислам дека македонскиот народ конечно гледа разлика како се постапувало и како треба,го гледа тоа, го чувствува, рече Тошковски, во одговор на новинарско прашање.

Ниеден предмет во интерес на јавноста, посочи, нема да биде оставен под знак прашалник.

- Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има и постапуваме. Ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниеден конкретен предмет во интерес на јавноста. Во однос на сите ќе постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно не сме европјани само декларативно, тоа го покажуваме со дела, подвлече министерот Тошковски.

Во однос на тоа дали е утврден случај на дивоградба во Чаир рече дека не знае, но увери дека се постапува и оти резултатите ќе се видат наскоро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафаел Надал се враќа на терените

Рафаел Надал ќе се врати на теренот по речиси две години.

Рафаел Надал се враќа на терените

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња се пензионираше во 2024 година, а сега ќе излезе на теренот во својата академија во Мајорка. Причината е десетгодишнината што ќе ја прослави неговата академија, а Надал ќе биде на терен на 3 октомври.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Надал ќе одигра неколку егзибициски мечеви против пријатели и ривали, но во нив нема да настапи Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња веќе потврди дека ќе игра на АТП 500 турнирот во Пекинг. Сепак, тоа не значи дека Роџер Федерер нема да се појави на изложбата, а познато е дека Надал и Федерер се во многу добри односи. Списокот на играчи кои ќе учествуваат ќе биде објавен подоцна.

Шпанецот го одигра последниот меч во кариерата на завршниот турнир на Дејвис купот 2024 година во Малага и загуби од Ботик ван де Зандшулп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шведска остана без премиер- Кристерсон поднесе оставка по изборниот пораз

Шведскиот премиер Улф Кристерсон поднесе оставка откако конечните резултати од парламентарните избори го потврдија поразот на неговиот десничарски блок.

Шведска остана без премиер- Кристерсон поднесе оставка по изборниот пораз

Четири левоцентристички партии, предводени од социјалдемократите на поранешната премиерка Магдалена Андерсон, ги добија изборите со 50.359 гласови повеќе од десничарскиот блок, покажаа конечните резултати од гласањето минатата недела, објави Ројтерс.

Левичарските партии ќе имаат вкупно 176 места во новиот парламент, додека трипартитната коалиција на Кристерсон, заедно со крајно десничарските Шведски демократи, ќе има 173 места.

Шведските демократи, за кои се очекуваше да формираат влада по изборите, беа дел од десничарскиот политички блок познат како блок Тиде.

Оставката на Кристерсон го отвора патот за разговори за формирање нова влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Македонија ги исполнува условите, но останува пред вратите на Европската Унија поради билатерални прашања. 

Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Македонија ги исполнува условите, но останува пред вратите на Европската Унија поради билатерални прашања. Ова е пораката на премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, кој во интервју за Атлантскиот совет повторно го отвори прашањето за македонскиот застој на европскиот пат.

Запрашан дали верува дека проширувањето на ЕУ навистина се темели на заслуги и дали Македонија ја завршила својата работа, а сепак останала зад вратата, Мицкоски рече дека токму таков треба да биде процесот, но дека македонскиот случај со години е оптоварен со билатерални услови.

„Се претпоставува дека треба да се применува пристап заснован на заслуги. За жал, ако го анализирате нашиот случај. Тажно, но вистина е дека тој воопшто не е блиску до пристапот заснован на заслуги. Затоа што во текот на целиот овој пат се соочуваме со таканаречени билатерални прашања. За жал, ние ги исполнуваме сите услови кога станува збор за пристапот заснован на заслуги, но потоа секогаш се соочуваме со вештачки наметнати пречки пред нас. Прво беше промената на нашето уставно име — не треба да ве потсетувам, знаете што се случи во тој период. А сега повторно имаме дополнителен услов — повторно промена на нашиот Устав. И она што најмногу ме загрижува е фактот што, практично, овој процес никогаш не завршува. Мислам, никој не може да ви гарантира дека ова е последното барање. Затоа, нашиот случај е посебен случај.“, изјави премиерот Мицскоски.

Во фокусот на настапот на Мицкоски беа и односите со САД, а премиерот порача дека стратегиското партнерство со Вашингтон треба дополнително да се продлабочува.

„Стоењето рамо до рамо со стратегиските партнери, еднаш избрани, треба да трае засекогаш. Ако го менувате мислењето во зависност од дневната политика, тогаш никој нема да ви верува и никој нема да има доверба во вас како иден партнер. Така беше во минатото и така ќе биде во иднината само може да ја продлабочиме стратегиската соработка со САД – Изјави Мицкоски.

Во своето излагање во Атлантскиот совет, Мицкоски меѓу другото се осврна и на можностите за нови американски инвестиции, изградбата на дата центри, енергетското поврзување со Грција и потенцијалот за експлоатација на критични минерали. Зборуваше и за зголемувањето на издвојувањата за одбраната во рамки на НАТО.

Премиерот посетата на Вашингтон ја искористи и за средби со претставници на американските институции, Конгресот и бизнис секторот, со порака дека стратегиското партнерство со САД треба да добие и посилна економска димензија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер