Се пошегувал со миленикот без да насети што може да се случи! (видео) - Канал 5

Се пошегувал со миленикот без да насети што може да се случи! (видео)

Кучињата се најверни домашни миленици кои буквално би направиле сè за својот газда, па дури и би си го ризикувале животот. Еден Французин решил да се пошегува со своето куче од расата боксер за да ја види неговата реакција.

Се пошегувал со миленикот без да насети што може да се случи! (видео)

Додека се одморал во семејниот базен пред својот дом со кучето, му паднало на ум да се нурне и да се прави мртов за да ја види реакцијата на својот миленик.

Кучето се доближува до сопственикот кој лебди на површината на водата со лицето свртено надолу и почнува да го душка. Откако ќе сфати дека тој не се движи, почнува да го допира со шепите по главата. Момчето и понатаму лебди, а кучето почнува да се тресе од страв обидувајќи се да дојде до газдата. Во моментот кога момчето конечно зема воздух, миленикот не може да ја сокрие среќата бидејќи сфаќа дека е жив.

Ова видео им се допаднало на 1,1 милион лица, но наиде на различни коментари на социјалните мрежи. Повеќето ја осудија постапката на ова момче бидејќи непотребно го изложил својот миленик на стрес.

- Апсолутно не би требало сите да имаат куче, на пример, ова момче!

-Секој којшто сака животни не би требало да се однесува вака.

-Замислете ја агонијата и стравот на ова несреќно куче кое мислеше дека неговиот сопственик е мртов.

- Што мислите, како се обучуваат војничките и полициските кучиња за спасувачи? Токму вака, се ставаат во крајно ризични ситуации за да проценат дали може да им се верува. Бидејќи овој човек не го злоставува своето куче, а очигледно го сака, не гледам ништо спорно во ова.

- Секако, овој млад човек во иднина треба почесто да игра криенка со својот боксер, а не да се преправа дека е мртов.

- Само го збуни кутрото животно, а ако навистина му се случи нешто, кучето нема да знае како да реагира - беа само дел од коментарите на оваа објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без вода делови од Центар

Една информација за граѓаните од централното градско подрачје. 

Без вода делови од Центар

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер