Се породи убавата сопруга на голманот на Србија и Челзи - Канал 5

Се породи убавата сопруга на голманот на Србија и Челзи

Во кампот на фудбалската репрезентација на Србија, на ЕУРО 2024 стигна убава вест.

Се породи убавата сопруга на голманот на Србија и Челзи

Се породи сопругата на голманот на Челзи и Србија Ѓорѓе Петровиќ,убавата Џина Петровиќ.

Младиот голман на Челзи по само неколку месеци брак стана горд татко.

Џоле и Џина станаа родители на девојче.

Инаку голманот на англискиот премиерлигаш Челзи Ѓорѓе Петровиќ и атрактивната Џина се венчаа на крајот на 2023 година.

Голманот на српската репрезентација и голман на Челзи, Ѓорѓе Петровиќ денеска стана татко, а соиграчите и стручниот штаб му честитаа на вистински начин.

Се роди малата Доротеа и по тој повод фудбалењрите на Србија на последниот тренинг направија шпалир за тато Ѓорѓе, а потоа, како што налага обичајот, му ја искинаа кошулата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Гостивар, аларм и во Валандово- имало арсен во водата за пиење

По кризата со водата за пиење во Гостивар, алармот се вклучи и во Валандово, каде што биле измерени повисоки концентрации на арсен од дозволените.

По Гостивар, аларм и во Валандово- имало арсен во водата за пиење

Од ЈП „Комунален сервис“ Валандово предупредија водата да не се користи за пиење се додека не се добијат резултатите кои ќе ја потврдат нејзината исправност.

Од претпријатието велат дека моменталното ниво на арсен во водата изнесува 14, а максималната граница е 10. Земени се нови мостри и резултатите од нив ќе бидат готови во петок.

„Водата може да се користи исклучиво како техничка вода. ЈП „Комунален сервис“ – Валандово веќе ги презема сите потребни активности и врши дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции. За сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена“ соопштија од ЈП „Комунален сервис“ Валандово.

Од друга страна пак, градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев објаснува дека најверојатно се работи за печатна грешка и вели дека се прават дополнителни испитувања на водата, а резултатите ќе се знаат утре.

Додека валандовчани го чекаат официјалниот исход од испитувањата и водата ја користат исклучиво како техничка, од Град Скопје уверуваат дека за жителите на главниот град нема простор за загриженост — водата од чешмите во Скопје се контролира секојдневно и е целосно безбедна за пиење. Како што ни соопштија од кабинетот на градоначалникот Ѓорѓиевски, секојдневно се проверува квалитетот на водата преку мостри кои се земаат од 36 локации во Скопје, а потоа истите се испитуваат во акредитирана лабораторија на претпријатието.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар поради покер го пропушти натпреварот на неговиот клуб

Додека Сантос играше на Копа Судамерикана вчера вечерта, најголемата ѕвезда на тимот, Нејмар, не беше со тимот во Венецуела. 

Нејмар поради покер го пропушти натпреварот на неговиот клуб

Наместо на теренот, тој беше снимен на професионален турнир во покер во Сао Паоло. И покрај неговото отсуство, Сантос постигна убедлива победа, пишува Goal.com.

Вечер на маса за покер

Додека неговите соиграчи играа во Венецуела, Нејмар учествуваше во зимското издание на Бразилското првенство во покер (BSOP). Според информациите од ESPN Бразил, напаѓачот бил виден во Златната сала на комплексот WTC во Сао Паоло, каде што се одржува четвртата фаза од националното првенство.

Нејмар е познат како љубител на покер, а во истото натпреварување во 2025 година освои 53.500 бразилски реали. Неговото појавување на турнирот се случи само неколку часа пред важниот натпревар со Сантос, но тоа не беше произволен потег. Клубот претходно одлучи дека Нејмар ќе остане дома за посебна програма за закрепнување по неговиот настап на Светското првенство.

Кука: Одлуката е донесена за негово добро

По победата од 4:1 против Универсидад Централ, тренерот на Сантос Кука ја објасни ситуацијата. Тој нагласи дека одлуката за отсуството на Нејмар е донесена за играчот да може целосно да се одмори од репрезентативните обврски.

„Неколку дена не беше со полн капацитет и немаше време за одмор, па затоа решивме да му обезбедиме дополнително засилување. Сакаме да тренира напорно за да може да поврзе повеќе натпревари“, рече Кука. Додаде дека имаат четири натпревари за играње во следните десет дена.

„Каква корист би имале ако го земеме тука? Видовте колку беше тешко патувањето. Тој остана да работи, како и Арао, Жоао Шмит и Игор Винисиус, што ни дава повеќе опции за следните натпревари.“ Иако вечерта ја помина играјќи покер, Нејмар редовно тренира во кампот на клубот.

Неодамна објави видео од тренинг на социјалните мрежи каде што изгледа многу во форма. Планот е да биде целосно подготвен за домашното првенство, каде што клубот моментално е рангиран на 15-то место.

Сантос убедлив дури и без Нејмар

Дури и без својот клучен играч, Сантос се покажа како пресилен за Универсидад Централ. Со победа од 4:1 во Венецуела, бразилскиот клуб практично обезбеди пласман во осминафиналето на Копа Судамерикана. Реваншот ќе се игра следната недела на стадионот Вила Белмиро, а во случај на додавање, следниот противник ќе биде еквадорскиот Макара.

Тренерот Кука потврди дека Нејмар ќе игра во сабота против Чапекоенсе во првенството. Убедливата победа на гостински терен го намали притисокот во континенталното натпреварување, па тимот може да се фокусира на домашните обврски.

Фокус на Сантос по збогувањето со Бразил

Овој период означува нова фаза во кариерата на Нејмар, откако неодамна се збогува со бразилската репрезентација. Тој го објави крајот на својата репрезентативна кариера откако Бразил загуби од Норвешка (2:1) на Светското првенство во 2026 година, кога го напушти теренот во солзи.

Тој постигна 80 гола на 130 настапи за репрезентацијата. Бидејќи повеќе нема обврски со репрезентацијата, тој ќе биде целосно посветен на Сантос до крајот на кариерата, на кого му се потребни неговото водство и цели за да ја поправи сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар и натаму неупотреблива- се врши дотур на техничка вода

Водата во Гостивар и натаму е целосно неупотреблива согласно последните резултати од анализите на мострите.

Водата во Гостивар и натаму неупотреблива- се врши дотур на техничка вода

Водата во Гостивар и натаму е целосно неупотреблива согласно последните резултати од анализите на мострите – Управувачкиот комитет за справување со кризи ги повика гостиварци и натаму строго да ја почитуваат забраната за користење на водата од водоводната мрежа, а на денешната седница донесоа дополнителни заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните. А, додека трае забраната, Општините Куманово, Тетово, Девар, Кичево, Кавадарци и Неготино ќе обезбедат техничка вода со сопствени цистерни, а во приправност, доколку има потреба ќе се ангажираат и армиските цистерни.

„Главниот штаб ја задолжи Општина Гостивар итно да предложи локации и контакт-лица за воспоставување пунктови за дотур на техничка вода за објектите од витално значење. Истовремено, Институтот за јавно здравје, ЈП „Водовод“ – Скопје и АХВ ќе продолжат со засилени теренски испитувања на квалитетот на водата, а резултатите редовно ги ќе ги доставуваат до Главниот Штаб при центарот за управување со кризи.“

Тоа што се случува во Гостивар е трагедија и тука мора да има сериозна одговорност, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Канал 5, кој посочи дека екипите на скопски водовод се веќе на терен и работат на тоа гостиварци што побргу да си ја добијат водата назад.

„Најпрво да се овозможи технички исправна вода, и целиот процес да го овозможат таму и ќе останат до крај на процесот, дел од нашите вработени за да помогнат таму. Дополнително ќе работиме и ќе помагаме во делот и питка вода да се обезбеди, но прво мораме технички исправна вода да обезбедиме на населението, а дотогаш како претседател на ЗЕЛС, повикав, освен Владата онаа сериозна помош која ја дава во Гостивар, повикав и останатите градоначалници од државата да се приклучат со обезбедување на вода и веќе денеска мислам дека неколку цистерни ќе бидат присутни таму како поддршка.“

Од АХВ пак за Канал 5 велат дека до крајот на денот или евентуално утре изутрнина ќе се знаат и резултатите од најновите мостри за квалитетот на водата во Гостивар, кои треба да покажат дали состојбата се подобрува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер