Се појавија нови снимки од посрамотениот принц Ендрју, на нив има и мало дете - Канал 5

Се појавија нови снимки од посрамотениот принц Ендрју, на нив има и мало дете

Чудни нови фотографии од Ендру Маунтбатен Виндзор, вклучувајќи и дете, се појавија по неговото шокантно апсење во Велика Британија.

Се појавија нови снимки од посрамотениот принц Ендрју, на нив има и мало дете

Поранешниот принц и брат на кралот Чарлс беше уапсен вчера, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на службената должност.

Властите разјаснија дека апсењето не е поврзано со обвинувања за сексуално вознемирување. Истрагата наводно е фокусирана на е-пошта што тој му ја испратил на милијардерот педофил Џефри Епштајн додека бил трговски претставник на Велика Британија на почетокот на 2000-тите.

Ендрју беше ослободен од притвор подоцна истата вечер, додека полицијата продолжува со истрагата.

Истиот ден кога Ендрју беше „вратен дома“, американскиот медиум TMZ објави нови фотографии од кралското семејство на кои се чини дека си игра со многу мало дете користејќи топка обоена да личи на женски гради!

Сликите, наводно направени во 2011 година на неоткриена локација, го покажуваат тогашниот војвода од Јорк како клекнува спроти младо момче и тркала топка еден кон друг на тепих.

На неколку фотографии, момчето се чини дека си игра со топка со мотив на гради додека Ендру ползи во близина. Друга фотографија ги прикажува двајцата како седат заедно на кауч.

Изворите велат дека фотографиите се направени во резиденцијата на Ендру во Виндзор пред повеќе од 15 години, а исто така велат дека Ендру не бил сам со детето во тоа време.

Дополнителни фотографии, објавени минатиот месец од Министерството за правда на САД, го покажуваат како се наведнува над млада жена на подот од непознат стан.

Апсењето се чувало во тајност од кралското семејство

Според извори, дури ни кралот не бил информиран за ненадејното апсење на Ендру пред да се случи.

Операцијата, во која учествувале дури 20 полицајци на терен, била кулминација на долг правен процес што вклучувал тивка координација меѓу високи полициски службеници за да се осигури дека нема да протечат информации и нема да го компромитираат апсењето.

Високи службеници во полицијата наводно поминале неколку дена подготвувајќи го потегот откако разгледале жалба за злоупотреба на службената должност и ги процениле достапните докази.

Ендру се соочува со голем број обвинувања поврзани со неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, додека документите објавени како дел од неодамнешното досие на Епштајн објавено од американската влада се чини дека покажуваат дека Ендру споделувал доверливи владини информации со педофилот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукровски во Oхрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свеченоста за доделување на наградите во рамки на Националниот форум за младинска работа, која се одржа денеска во просториите на Младинскиот центар во Охрид.

Лукровски во Oхрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

По покана на организаторите, Лукровски ја подигна наградата „Младински пријателски град“, со која се препознава заложбата на Општина Карпош за унапредување на младинските политики, создавање подобри услови за младите и нивно активно вклучување во процесите на локално одлучување.

Воедно, градоначалникот учествуваше и на панел-дискусијата на тема „Од закон до локална реалност – Институционална и финансиска поддршка за младинските центри и младинската работа“, на која се отворија прашања поврзани со предизвиците и можностите за спроведување на законските обврски во областа на младинската работа. Во рамки на дискусијата, Лукровски ги презентираше искуствата на Општина Карпош во поддршката на младите, посочувајќи ја важноста од обезбедување достапни простори, квалитетни младински програми, развој на капацитетите на младинските работници, како и активно учество на младите во креирањето на локалните политики.

Посебен акцент беше ставен и на потребата од посистемска институционална и финансиска поддршка за младинските центри, со континуирано финансирање и долгорочни програми, наместо исклучиво проектен пристап. Инаку, Националниот форум за младинска работа кој се одржа во Охрид кон крајот на ноември минатата година, претставуваше значаен чекор кон воспоставување заедничка визија за организиран и системски развој на младинската работа во државата. Тогаш, на форумот беше постигнат консензус меѓу претставниците на локалните самоуправи, младинските центри, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Како резултат на заедничките заложби, едногласно беше усвоена Декларацијата за развој и унапредување на младинската работа, која претставува патоказ за идните законски измени и стандардизација во оваа област. Документот ги повикува општините да преземат конкретни чекори за воспоставување и поддршка на младински центри, јакнење на капацитетите на младинските работници и службениците за млади, како и зајакнување на партнерството со младите.

Учеството на Општина Карпош на овој настан и добивањето на признанието „Младински пријателски град“ претставуваат поттик за продолжување на активностите насочени кон создавање локална средина во која младите ќе имаат поголеми можности за личен и професионален развој, активно учество и реално влијание врз одлуките што ги засегаат. Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

По повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата.

Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер