Се појавија нови информации за уцената на семејството на Шумахер- уапсено е уште едно лице

Неодамна германската полиција во Вупертал уапси двајца мажи кои се обиделе да го уценат семејството на легендарниот Михаел Шумахер.

Наводно на тој начин се обиделе да заработат голема сума пари, а сега се појавија нови информации.

Имено, уапсен е уште еден маж, кој претходно работел како член на обезбедувањето на семејството Шумахер, а наводно, како што пишува „Билд“ е осомничен дека бил асистент, кој бил задолжен за дигитализирање на семејните фотографии и ставање на располагање на осомничените уценувачи.

Но, полицијата навреме реагирала и го спречила целосниот обид на осомничените, а повеќе детали од истрагата се уште не се познати.

Семејството Шумахер и претходно беше жртва на уцена, вклучувајќи го и случајот во 2017 година кога сликарот Хусеин Б. беше осуден за обид за изнуда.

Премиерна изведба на „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ во МНТ

 Во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар вечерва ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин.

Во претставата играат Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска.

- Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ, а овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш - 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби, соопштија од МНТ.

Сценограф на претставата е Весна Поповиќ, костимограф Роза Трајческа-Ристовска, преводот на текстот го направи Загорка Поп-Антоска Андовска, а дијалектната адаптација е на Томислав Османли. Асистент на режисерот е Шенај Мандак, а изборот на музиката е на режисерот.

Првата реприза е закажана за 30 јануари.

ВМРО-ДПМНЕ:Веледрогеријата Пановски секоја година само од Онкологија земала над 12 милиони евра

 Веледрогеријата Пановски, блиска до Венко Филипче, секоја година само од Онкологија земала над 12 милиони евра.

Сведоци сме во јавноста, дека веледрогеријата Пановски која има огромни профити со управувањето на цените за лековите на грбот на луѓето болни од рак, создава вештачка криза години наназад.

Оваа веледрогерија, во чија сопственост е таткото на Ирина Пановска, која токму Венко Филипче ја има поставено за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година, до сега има земено неверојатни 35 милиони евра тендери, само од Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Веледрогеријата Пановски, инаку блиска до Венко Филипче, секоја година само од Онкологија земала над 12 милиони евра годишно.

Имено, секоја година првите два до три месеци, има недостаток на терапија за лицата болни од рак, а токму истата веледрогерија секоја година набавува лекови по екстремно високи цени, знаејќи дека луѓето кои се тешко болни, ќе мораат да ги набават овие лекови за тие цени.

„Мафија на смртта“ не е само политички термин, туку реалност која ги уништува животите на македонските семејства веќе три децении.

Со тоа што Филипче, преку СДС, ја брани веледрогеријата Пановски, се поставуваат неколку прашања:

1. Дали оваа вештачка криза се создава само за да се купуваат лекови по енормно високи цени од веледрогеријата Пановски?

2. Дали Венко Филипче мора да одговори дали ја поддржува оваа веледрогерија во кризата и дали тој стои зад истата?

3. Колкави се вистинските екстра заработки на фармацевтската мафија?

4. Кој профитира на страдањата на болните?

Ја повикуваме јавната обвинителка и целокупниот правосуден систем, да преземат итни и решителни мерки за да се стави крај на оваа долгогодишна неправда.

Овие луѓе во корелација, тргуваат со животите на луѓето и мора да бидат изнесени пред правдата. Не смееме да дозволиме, овие луѓе да си играат со животите на граѓаните и да се богатат врз здравјето на истите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

При украински напад со дронови запалена руската рафинерија за нафта во Рјазан

Украина синоќа изврши напад со дронови врз Русија, при што е запалена рафинеријата за нафта во Рјазан, јави „Киев индепендент“.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта пресретнати се 121 украински дронови, од кои 37 над Брјанска област, 20 во Рјазанска област и по 17 над Курска и Саратовска област.

Рафинеријата Рјазан, една од најголемите во Русија, има капацитет да преработува 17 милиони метрички тони нафта годишно. При нападот опожарени се најмалку три магацини и работилница.

притисни ентер