Се појавија и автономни електрични тротинети (ВИДЕО)

Иако изгледа чудно, ваквите возила веќе се во употреба.

Првите автономни тротинети веќе излегоа на улиците на предградијата на Атланта во сојузната американска држава Џорџија. Тоа е пилот програма на две компании, Tortoise и Go X, кои нудат алтернативна форма на транспорт преку електрични тротинети на улиците на Peachtree Corner. Нивната посебна карактеристика е што тие се нудат како дел од услугата за изнајмување преку мобилна апликација, преку која тротинетите буквално се испраќаат по барање на корисникот.

Корисникот бара електричен тротинет на лице место преку апликацијата „Поздрави го мојот тротинет“, а по возењето може да го остави возилото само на патот.Тоа ќе се врати на почетната позиција каде ќе биде извршен увид и дезинфекција.

Според медиумите, тротинетите не возат самостојно, туку се управувани од операторите преку далечински управувач. Сепак, авторите на проектот потенцираат дека оваа услуга постигнува оптимална употребливост.

Хамилтон за второто место: Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по подолго време

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изрази задоволство од пласманот на второ место во Формула 1 спринтот за Големата награда на Кина.

- Секогаш кога доаѓам овде, луѓето ми даваат голема поддршка. Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по долго време. Јас сум многу среќен. Секако, не можеме да се натпреваруваме со Ред Бул, но ова е огромен чекор напред. Во овој краток период од трката научив многу за болидот, па со нетрпение го очекувам утрешниот ден, изјави Хамилтон за „BBC Sport“.

Верстапен, победи во спринтот, второто место го зазеде Хамилтон од Мерцедес (+13.043 секунди), трет беше Серхио Перез (+15.258) од Ред Бул.

Големата награда за кинеското Гран при ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница

Џејмс О'Брајан изјави дека една од темите била престојаната посета на Вучиќ на Њујорк во ОН.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и помошникот секретар на Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот Џејмс О'Брајан по денешната средба во Белград оценија дека Србија и САД имаат различни ставови по прашањата за Косово и Резолуцијата за Сребереница, како и дека разговарале за тоа „како да бидата партнери денес“, јави дописникот на МИА од Белград.

Џејмс О'Брајан изјави дека една од темите била престојаната посета на Вучиќ на Њујорк во ОН.

-Косово вети дека ќе ја спроведе обврската за формирање на ЗСО и тоа е од клучно значење за Србите. Ако постои загриженост дека меѓународната заедница не ги исполнува своите обврски, се надевам дека ќе работиме на исполнување на ветувањето и ќе помогнеме, изјави О'Брајан на прес-конференцијата по средбата.

За гласањето на Резолуцијата за Сребреница, тој рече дека бил дел од тимот што ги истражувал убиствата.

-Направено е злосторство и многу сторители беа истражени и осудени... Во тоа време владата на Србија ни ја гарантираше безбедноста, а во тоа време со нас беа и претставниците на ОН додека ја баравме вистината. Тоа го правиме и денес и мораме да се соочиме со вистината. Тогаш бевме партнери и сега треба да бидеме, изјави американскиот дипломат.

Вучиќ изјави дека на маса има многу тешки теми за Србија. Тој посочи дека во однос на Косово и Сребреница, Србија и САД за малку работи се согласуваат.

-Реков дека знаеме дека сме мали, дека Америка е велесила, но ќе се спротивставиме на насилството врз српската држава и народ колку што можеме и ќе се бориме. И да изгубиме, што да правиме, изјави Вучиќ.

Тој порача дека му е благодарен на О'Брајан за неговиот јасен став дека е исклучително важно Приштина да ја исполни својата обврска за формирање на ЗСО.

-Таа посветеност е голема и силна и е мртва буква веќе 11 години. Сите нè лажат - и Приштина и Европејците. Можно е и никој да не не лаже, но по 4.000 дена не направија ништо за Србите кои исполнија се од Бриселскиот договор, дури и одредени работи од Охридскиот договор, рече Вучиќ.

Зборувајќи за резолуцијата за Сребреница, Вучиќ рече дека САД и Србија ниту за тоа прашање не се согласуваат.

-Тоа беше донесено како одлука на една нација против друга во рамките на БиХ, беше префрлено од Советот за безбедност во Генералното собрание на ОН, беше покрената, чудно, на многу важна 29-годишница и тоа не е насочено против Србите, туку онака, иронично кажа Вучиќ и додаде дека „ние Србите тоа не го разбираме така и ќе се спротивставиме во ОН доколку можеме“.

На средбата разговроано е и за економскта соработка меѓу Србија и САД. /МИА

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници

Ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово, вели Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работна посета на Центарот за обука во Идризово, со цел презентирање полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово, по што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука.

Како што соопшти МВР, на средба со раководството на Центарот за обука, Бојмацалиев беше информиран за генерацијата која обуката ја започна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 маши и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма.

Во оваа прилика беше презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: BOLU – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница, стои во соопштението.

На крајот од посетата Бојмацалиев изврши убид во текот на реконструкција на 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата – целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово, по цели 53 години ги подобруваме условите во Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ.

притисни ентер