СветСе појави вознемирувачка снимка: Напад врз Евреи во ЛондонДвајца Евреи беа избодени сред бел ден во мирно предградие на северниот дел од Лондон, во она што полицијата го третира како терористички инцидент.Маж, 45, кој е осомничен и за обид за напад врз полицајци, е уапсен под сомнение за обид за убиство, соопшти лондонската полиција. Нападот во Голдерс Грин, се случи околу 11:16 часот по локално време, повредени се двајца мажи, на возраст од 76 и 34 години, кои се во стабилна состојба во болница. Полицијата соопшти дека нема повредени полицајци. Снимките од безбедносните камери добиени од „CNN“ го покажуваат нападот. Едниот од мажите стоел во близина на автобуска станица кога човекот го турнал во семафор и го избодел повеќе пати. Министерството за надворешни работи на Израел издаде соопштение Министерството за надворешни работи на Израел го сподели видеото од нападот. „По нападите врз синагоги, еврејски институции, амбулантни возила во сопственост на еврејската заедница, а сега и врз Евреите во Голдерс Грин, британската влада повеќе не може да тврди дека ја држи ситуацијата под контрола. Изјавите на премиерот Кир Стармер не се замена за соочување со корените на антисемитизмот што се шири низ Обединетото Кралство“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. „Британските Евреи не смеат да имаат потреба од безбедносни патроли и волонтери од службите за итни случаи за да живеат отворено како Евреи. Доста муабет. Обединетото Кралство мора да дејствува решително и итно“, додадоа тие. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА! After attacks on synagogues, Jewish institutions, community ambulances and now Jews targeted in Golders Green, the UK government can no longer claim this is under control. Prime Minister Keir Starmer’s statements are no substitute for confronting the roots of antisemitism… pic.twitter.com/lT3tx7UWo8 — Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) April 29, 2026 Полицијата го онеспособи напаѓачот со електрошок Комесарот на лондонската полиција, Марк Роули, рече дека осомничениот имал „историја на тешко насилство и проблеми со менталното здравје“. „Ова сега е официјално прогласено за терористички инцидент“, потврди шефот на лондонската полиција за борба против тероризмот, Лоренс Тејлор, додавајќи дека полицијата истражува „дали нападот бил намерно насочен кон еврејската заедница во Лондон“. Истражителите за борба против тероризмот ја истражуваат националноста, потеклото и можните врски на осомничениот со тероризмот, соопшти полицијата. Волонтери од локалната патролна група Шомрим брзо пристигнале на местото на настанот, изјави за „CNN“ рабинот Хершел Глук, кој раководи со блиската гранка на организацијата. „Тие го уапсија напаѓачот и го држеа додека не пристигна полицијата“, рече тој. British Police arrest a terrorist who stabbed two Jews in the Golders Green neighborhood of London. One victim is in serious condition. pic.twitter.com/ucZzUUMjdt — Beirut Wire (@beirutwire) April 29, 2026 Според снимките направени од локалните жители, осомничениот им се приближил на полицајците откако тие пристигнале, кои потоа го зашеметиле и го привеле. Полицијата ја опколила пошироката област додека пристигнале новинарите, а на местото на настанот биле повеќе возила за итни случаи, вклучувајќи амбулантно возило и полициски хеликоптер. Британскиот премиер Кир Стармер го опиша нападот како „апсолутно ужасен чин на антисемитизам“. „Сите мора да бидеме апсолутно јасни во нашата решеност да се справиме со овие акти, од кои видовме премногу во последно време“, изјави тој пред парламентот. Тој, исто така, им се заблагодари на патролната група Шомрим, еврејската служба за итни случаи Хацола и полицијата за нивниот брз одговор. Израелскиот претседател Исак Херцог рече дека е „згрозен од уште еден насилен напад врз Евреите сред бел ден на улиците на Лондон“ и ја повика британската влада да „преземе итни и решителни мерки пред да се случи следниот антисемитски напад“.Тагови: Евреи Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаСДСМ: Граѓаните веќе гледаат: Платформата ЗНАМ 2.0 со писмо за дефокус токму пред Фон дер Лајен Кога стигна документот од Платформата-ЗНАМ 2.0? Вчера, токму пред прес конференцијата на Фон дер Лајен на која кажа дека македонските јазик и идентитет се добредојдени во ЕУ, на која кажа дека нема патокази за Македонија и го упати Мицкоски во Бугарија. Иако најавија дека два дена порано ќе го донесат писмото го донесоа токму еден час после нашиот прес за Лаура Ковеши и пред прес конференцијата на Фон дер Лајен. Уште еден дефокус. Да го тргат вниманието од главниот проблем: застанувањето на Македонија кон ЕУ . Далечинско кога болат фактите. Кога се случува? Кога СДСМ објавува дека услов за кандидатите е прво да се пушти во работа европското обвинителство. Еден час по прес-конференцијата каде се потврдува целата вистина којашто ја говори СДСМ, кога се потврдува целата вистина зошто Мицкоски не сака во Унијата. Кога имаме целосна потврда од Фон дер Лајен. Со месеци го говориме. Сега се потврдува. Лаура Ковеши пред членство. Не после. Кога се јави Платформата минатиот пат? Закажаа собир во хотел. Тргна медиумската поддршка од Орбан–Вучиќ медиумско небото. Кога беше тоа? Токму кога објавивме кој му плаќа на Мицкоски лобирање за состаноци. Кога објавивме за антимонот. Кога објавивме план за пет нови рудници за распродажба на Македонија. Кога откирвме дека Дејвид Гета не е „нула денари“ туку 5.53 милиони евра. Кога го откривме тендерот за фирмата поврзана со Ќуркчиев вреден 1,6 милиони евра. Кога ја откривме големата пљачка на Македонија. Кога го откривме тендерот Адамовиќ–Мицкоски, преку Божиновска, Лазаревиќ и Руднап. Од вчера има најава за нови таканаречени „паметни“ броила. Паметни се. За арамијата и екипата. Не за сметката на граѓанинот. Сега граѓаните гледаат дека повеќе не е чудно како работи Платформата знам 2.0. На далечинско. По потреба. Секогаш во важен момент, кога откриваме работи за иднината на земјата и на граѓаните - баш тогаш се јавуваат шемаџиите. ЗНАМ 2.0. Истите што седат со руската Левица. Анти-НАТО. Анти-ЕУ. Против стратешкиот партнер Америка. Баш со нив прават сојуз. Ете вчера Левица објави, средба во Москва, со Комунистичката партија на Русија. Немаат програма. Имаа тајминг. Нема антикорупција. Има корупција и дефокус. Писмото не е за СДСМ. Писмото е да не се зборува за признатиот македонски идентитет, заглавениот европски пат, Лаура Ковеши, за скандалите на власта, за рудници и за броила. СДСМ не влегува во шемата. Останува со граѓаните и ќе продолжи да се бори за нив и интересите на државата. Бандата бега од европски обвинител. Сателитите бегаат од темата. Народот веќе гледа кој кога се јавува! Наското доаѓа времето на вистина и правда. А бандата ќе одговара пред европско обвинителство! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter