Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница - Канал 5

Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница

Атрактивната Георгина Родригез и најплатениот светски фудбалер, Кристијано Роналдо  пред околу една недела тајно стапија во брак, а сега се појави и видео од церемонијата.

Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница

На свадбата биле присутни само нивните деца, а невестата воопшто не носела венчаница.

Долгогодишните партнери Кристијано и Георгина официјално стапија во брак, а како што се дозна подоцна, на интимната свадба присуствуваа само нивните деца.

Како што се очекуваше, милиони нивни фанови се интересираа и каква венчаница избрала Георгина, со оглед на тоа што е познато дека таа сака да се истакнува со скапи парчиња, особено со накит вреден стотици илјади евра.

Но на изненадување на фановите Георгина на свадбата воопшто не носела венчанца

Наместо венчаница, таа се одлучи за едноставна кошула и тесно здолниште, а изгледот го надополни со скап дијамантски накит.

Во истото издание, парот се венчал и во црква, а фокусот бил ставен на самиот чин, што пријатно ги изненади луѓето навикнати на тоа како Георгина редовно се фали со скапи парчиња и пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човек играл Лото, потоа од вести дознал дека станал милионер: „Не можам да поверувам!“

Еден жител на Осиек освои џекпот од 209.552,19 евра во дополнителната игра „Џокер“ на Хрватската лотарија.

Човек играл Лото, потоа од вести дознал дека станал милионер: „Не можам да поверувам!“

За големата добивка дознал сосема случајно – додека на вестите слушал дека премијата била извлечена токму во неговиот град.

Штом ја слушнал информацијата на телевизија, отишол на интернет-страницата на лотаријата за да го провери својот тикет. Набргу сфатил дека веста за новиот милионер всушност се однесува токму на него.

Moжеби ќе ве интересира: Добил милион на лото, но не се јавил за да ја земе наградата- ливчето може да го фрли во ѓубре

Не можев да поверувам дека јас сум човекот од вестите – признал среќниот добитник.

Радосната вест не ја чувал долго само за себе – веднаш ја споделил со семејството, па откривањето на големата добивка набргу се претворило во заедничко славење.

Овој жител на Осиек е редовен играч кој уплаќа речиси сите Лото игри – Лото 7, Лото 6, Еуроџекпот и „Сè или ништо“. Продажните места ги посетува два до три пати неделно, а при изборот на комбинации секогаш се придржува до истото правило – комбинира важни лични датуми со неколку случајно избрани броеви.

Иако ги уплаќа главните игри, најголемата добивка во животот му ја донела дополнителната игра „Џокер“, која редовно ја избира на тикетите.

Добитниот тикет бил уплатен на 22 јули, кога покрај Лото 7 ја уплатил и комбинацијата „Џокер“, која му донела повеќе од 200 илјади евра.

Иако станува збор за неговата најголема добивка досега, жителот на Осиек не планира да го менува начинот на живот ниту секојдневните навики. Ќе продолжи да игра како и досега, а на останатите играчи им порачува само едно: бидете упорни.

Извор: Večernji.hr

Слика: ChatGPT

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар.

СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт.

Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем.

Поради неспособноста на СДС, ДУИ и Партијата на Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зема работите под своја контрола и овој проблем се реши.

Почитувани граѓани,

Додека СДС беше зафатена со ширење хистерија и броење чешми низ државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од прв момент беше со граѓаните на Гостивар и ги презема сите мерки за надминување на кризата, а жителите секој ден бесплатно ги снабдуваше со вода.

Институциите постапија, случајот се истражува, а водата повторно е безбедна за пиење.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сити не се откажува ниту од Енцо Фернандез

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити дефинитовно не се откажува ниту од Енцо Фернандез, Челзи бара околу 140 милиони евра.

Сити не се откажува ниту од Енцо Фернандез

Покрај Буади, Манчестер Сити ја остава отворена вратата за голем трансфер на Енцо Фернандез.

Весникот *The Times* денес пренесува дека аргентинскиот репрезентативец останува една од целите на Сити по заминувањето на Родри. Челзи го проценува играчот за врска на 120 милиони фунти, односно приближно 139 милиони евра.

Минатата недела Челзи постави краен рок за заинтересираните клубови, но не доби понуда што ги исполнуваше нивните барања, поради што очекуваат Фернандез да остане. Сепак, интересот на Сити не стивнува.

Енцо Мареска добро го познава Аргентинецот од времето кога соработуваа во Челзи, а реализацијата на овој трансфер дополнително би ја зголемила и онака огромната инвестиција на Сити во реконструкцијата на средниот ред.

Доколку Сити успее да ги ангажира и Буади и Фернандез, тоа би значело дека потрошиле 373 милиони евра за реорганизација на својот среден ред. Енцо Фернандез – 139 милиони евра, Елиот Андерсон – 135 милиони евра и Ајуб Буади – 99 милиони евра

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер