Се појави трејлерот за „Годзила“ со Курт и Вајат Расел (ВИДЕО) - Канал 5

Се појави трејлерот за „Годзила“ со Курт и Вајат Расел (ВИДЕО)

Објавен е првиот тизер за претстојната серија Годзила во која глумат Курт Расел и неговиот син Вајат Расел.

Се појави трејлерот за „Годзила“ со Курт и Вајат Расел (ВИДЕО)

Monarch: Legacy of Monsters ги следи членовите на семејството додека тие ги следат стапките на нивниот татко за да ја откријат врската на семејството со Monarch, тајна организација која ги проучува големите чудовишта во светот на Годзила. Курт и неговиот син Вајат го играат истиот лик, армискиот офицер Ли. Вајат ќе го игра во неговите помлади денови во 1950-тите, додека Курт ќе го игра 50-годишниот Ли.

Monarch: Legacy of Monsters ќе има 10 епизоди. Покрај Курт и Вајат, во серијата глумат и Ана Саваи, Кирси Клемонс, Рен Ватабе, Мари Јамамото, Андерс Холм, Џо Типет и Елиса Ласовски.

„Драматичната сага - која опфаќа три генерации - открива закопани тајни и начините на кои епските настани што ја разбиваат земјата можат да одекнат низ нашите животи“, пишува во најавата за серијата.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.11.2026 до 13.11.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.

Министерот Ристовски ги поздрави финалистите на 55.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на финалните борби на јубилејното 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ што се одржа од 13 до 15 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје во организација на Македонската боксерска федерација со поддршка од Министерството за спорт.

Ристовски упати честитки за финалистите и за сите учесници на традиционалниот турнир и ја истакна важноста што има оваа спортска манифестација за македонското борење и за македонскиот спорт во изминатите пет и пол децении.

На годинешното јубилејно издание на „Златен гонг“ настапија 89 боксери од 20 земји.

Победничкиот пехар на јубилејното 55.издание на „Златен гонг“ му припадна на украинскиот боксер Јуриј Захариев. Во женска конкуренција најуспешна беше Шпанката Лаура Галино Лопез, додека признанието за најдобар македонски боксер го доби Алин Нусуфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка?

Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува?

Кои дејствија се преземени?

Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување.

Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија.

Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем.

Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции.

СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески.

Што е преземено од страна на Обвинителството?

Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност.

Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта.

Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка?

Скопје, 16.13.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер