Се појави снимка од сообраќајката на НБА играчот Кери (ВИДЕО) - Канал 5

Се појави снимка од сообраќајката на НБА играчот Кери (ВИДЕО)

Двократниот најкорисен играч на американската професионална НБА лига и трикратен првак на Голден Стејт Вориерс , Стефан Кери , за малку остана жив во верижна сообраќајна несреќа.

Се појави снимка од сообраќајката на НБА играчот Кери (ВИДЕО)

Кошаркарот за малку го избегна најлошото во сообраќајната несреќа во Оукланд во која учествуваа десетици возила. На снимката се гледа како Кери го вози своето Порше , кога еден автомобил почан да се превртува и удри во него.

Кери не настапува поради повреда на препоните , а нема да настапи ниту на претсдтојните натпревари во петок и во недела , против Портланд и Сакраменто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево време со мала до умерена облачност и температура до 33°C

Времето денска ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. 

Сончево време со мала до умерена облачност и температура до 33°C

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 км/ч.

Температурата ќе се движи од 10°C минималната на повисоките места до 33°C максималната во југоисточниот крај.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. температурата во амкедонската престолнина ќе с едвижи од 11 до 31°C.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делови од Скопје неколку часа ќе бидат без струја

Делови од Скопје денес ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на екипите на ЕВН Македонија.

Делови од Скопје неколку часа ќе бидат без струја

Од ЕВН Македонија информираат дека денес без електрична енергија ќе останат:

- Advertisements -

од 8:00 до 13:00 часот – селата Рашче, Копаница и Бојане (Општина Сарај);

од 8:00 до 14:00 часот – улицата „Богомилски поход“ во населбата Лисиче (Општина Аеродром);

од 8:00 до 16:00 часот – дел од потрошувачите на улица 3 и „Индира Ганди“;

- Advertisements -

од 9:30 до 14:30 часот – дел од улиците „Пробиштипска“, „Стоби“, „Мице Козар“ и зградата 8 на улицата „Виа Игнација“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. јули 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 9. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Сега се е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат.

Кариера

Додека се одморате во мирот на својот дом , во главата си замислувате како работите на друга позиција.

Здравје и совет

Поработете на флексибилноста на телото.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики.

Кариера

Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати.

Здравје и совет

Не може ништо да се прескокне.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем , кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните методи.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас.

Кариера

За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа , а другите ќе поминат вообичаен работен ден.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи.

Кариера

Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето.

Здравје и совет

Поченете да спортувате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди.

Кариера

Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен ан соработка.

Здравје и совет

Верувајте им на другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост.

Кариера

Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи .

Здравје и совет

Одморете си ги нозете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично , а разгледувајте ги полека.

Здравје и совет

Мали главоболки.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе добиете покана за излегување , каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи.

Кариера

Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте.

Здравје и совет

Преспијте пред одлуката.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење , било дас е решите за прошетка во двојка , можеби само на кафе со пријателите.

Кариера

Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат , но прво причекајте да стигнат сите информации.

Здравје и совет

Не се замарајте со ситни работи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не сакате да бидете здодевни , но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни.

Кариера

Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки.

Здравје и совет

Нервози и грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка .

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност , но ќе бидат необјективни во одлуките.

Здравје и совет

Осмислете ги прашањата пред да ги поставите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер