Се појави снимка од нападот врз полскиот амбасадор во Русија (ВИДЕО) - Канал 5

Се појави снимка од нападот врз полскиот амбасадор во Русија (ВИДЕО)

Полскиот амбасадор во Русија, Кшиштоф Крајевски, денеска потврди дека минатата недела бил цел на организиран напад во Санкт Петербург.

Се појави снимка од нападот врз полскиот амбасадор во Русија (ВИДЕО)

Како што изјави за ПАП, група „добро организирани активисти“ го нападнале вербално, а потоа се обиделе физички да го нападнат, но неговата придружба спречила посериозен инцидент.

„Група луѓе извикувале антиполски и антиукраински слогани. Тие се обиделе физички да ме нападнат. Благодарение на професионализмот на персоналот на амбасадата, ова не се случило“, рече Крајевски, нагласувајќи дека станува збор за пресметан напад, со оглед на подготвените транспаренти и организираната група.

Амбасадорот веќе испратил протестна нота до руското Министерство за надворешни работи.

Полскиот весник „Газета Виборча“ беше првиот што објави информации за инцидентот.

Реагирајќи на веста, полскиот вицепремиер и министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш го опиша нападот како сериозна ескалација.

„Ова е преминување на друга линија. Скандалозно однесување кое ги крши сите дипломатски принципи“, рече тој, додавајќи дека Полска очекува да се почитува меѓународното право и нејзините дипломати да бидат заштитени.

Косињак-Камиш ја обвини Русија за намерно влошување на односите со Полска и Западот.

„Тие едно изјавуваат, друго прават. Гледаме постојани провокации - саботажи, диверзии, нарушувања на воздушниот простор, попречување на GPS сигналите“, рече тој.

Варшава во моментов чека официјална реакција на Москва на протестната нота.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер