Се појави снимка од ликвидацијата на познат албански мафијаш- го изрешетаа пред бројни минувачи (ВИДЕО) - Канал 5

Се појави снимка од ликвидацијата на познат албански мафијаш- го изрешетаа пред бројни минувачи (ВИДЕО)

Објавена е снимка од ликвидацијата што се случи вчера во близина на аеродромот во Тирана, Албанија, во кој беше убиен Гилмандо Дани.

Се појави снимка од ликвидацијата на познат албански мафијаш- го изрешетаа пред бројни минувачи (ВИДЕО)

Напаѓачите седеле во автомобил од кој излегле кога забележале дека се приближува возилото во кое патувал Дани. Веднаш отвориле оган врз луѓето во другиот автомобил, а потоа испукале уште неколку кратки рафали.

На снимката се гледа како напаѓачите се приближуваат кон автомобилот во кој патувал Дани и отвораат оган врз него.

Според полицијата, во вторник околу 14:20 часот, се случила пукотница на кружен тек во близина на аеродромот. Се сомнева дека е пукано кон возилото во кое се возеле М.Ш. (околу 40 години) и Гилмандо Дани (околу 47 години).

Во „Мерцедесот“ во кој патувале биле пукани од непознати лица од „Тојота Јарис“, која била пронајдена изгорена во градот Фуш Круја кратко време по инцидентот.

Мафијашот Дани е убиен, додека М.Ш. е ранет и е во болница, под лекарски надзор, во тешка состојба.

Гилмано Дани наводно е „десна рака“ на Емилјан Шулази, добро позната фигура во албанското подземје - поранешен студент по медицина кој стана еден од најпознатите криминални водачи во Албанија. Неговото име со години се поврзува со изнуда, трговија со дрога, заплашување и насилство, особено во Тирана и Драч.

YouTube video

Телевизијата Топ Ченел објави видео на кое се гледаат минувачи и полицајци како се обидуваат да го скршат прозорецот од страната на возачот за да ја отворат вратата одвнатре и да ги извлечат жртвите - убиениот и ранетиот маж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај

На 3 октомври 1995 година во 9.50 часот Скопје го потресе силна експлозија.

31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај

Мета на нападот беше првиот македонски претседател Киро Глигоров. Во моментот на поминување на службениот автомобил на претседателот Глигоров на улица „Македонија“ во близина на хотелот „Бристол“ експлодирал парикиран автомобил „ситроен ами 8“, 20 килограмскиот експлозив бил активиран со далечинско управување. Претседателот Глигоров преживеа, загина неговиот возач Александар Спировски, минувачот Христо Христоманов, а тешко повреден беше и телохранителот Илчо Теовски. Обемната истрага и со учество на меѓународно експрети не го даде одговорот кој бил сторителот и нарачателот? Авторот на книгата „Скопскиот атентат“ Зоран Доревски, кој во времето на атенатот бил главен инспектор во управата за обезбедување на личности и објекти преку анализа на светски атентати, докази од атентатот во Скопје објаснува дека во тогшната млада држава Македонија била удар и на надоврешната политика.

„Би можел да кажам и кој е тој некој меѓутоа, но јас не можам со сигурност да потврдам, бидејќи за ниту еден атентат не постои писмен документ каде некој наредува направете го тоа и тоа“- д-р Зоран Доревски автор на книгата Скопски атентат

„Атентатот се случува во момент кога Македонија треба да пристапи кон ОБСЕ, кога се потпишува програмата за партнерство за мир, што значи НАТО доаѓа во државата, кога се потпишуваат договори со светска банка и монетарен фонд што значи економска стабилизација и средување на финансиско- економски аспект на државата и во момент кога Македонија ја напушта орбитата на Белград“, потенцира во анализата Доревски.

Авторот Доревски посебен акцнет става на случувањата по атентатот и го споредува со други специфични атентати како на Кенеди, кога биле елиминирани и замолчени над 100 сведоци. Во неговото истражување објаснува колку луѓе загинале по обидот за елиминарање на Глигоров.

„Јас најдов осум лица кои загинуваат во првите две години по атентатот. Најголемиот дел од нив во 1998 година кога доаѓа обновување на втората истрага на јавниот обвинител Ставре Џиков и новата власт која покренува истрага за атентатот. Мислам дека успеав да кажам зошто овие лица биле замолчани и кои биле нивните сознанија, вели Доревски.

Во истрагата биле проверени околу 30 илјади возила и 15 илјади објекти, над 180 луѓе идентификувани. До денеска истрагата не покажа кој бил нарачателот на атентатот. Претседателот Глигоров имаше тешки повреди на главата. Тој почина на 1 јануари 2012 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун

Со државни почести денеска Бугарија ги пречека посмртните останки на Цар Самоил. 

Државен пречек на посмртните останки на Цар Самоил во Софија, примопредавање беше извршено во Византискиот музеј во Солун

Со воен авион останките беа пренесени од Солун во Софија и поставени на плоштадот „Кнез Александар Први“ каде беше одржана церемонија на која се обрати бугарскиот државен врв. Од таму беа пренесени во базиликата „Света Софија“ каде имаше присуство на бројни граѓани.

Претходно, во Музејот на византиската култура во Солун, официјално беше извршено предавањето на посмртните останки од Грција. Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека со враќањето се исполнува, како што рече, морална обврска, додека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше за историскиот долг на Атина кон Софија и потенцираше дека Грција добива назад 48 црковни реликвии со големо духовно и историско значење.

-Нашите сонародници и идните генерации заслужуваат и треба да им оддаваат почит на своите предци. Овие шест децении, нашите политичари, дипломати, научници и државници работеа напорно за да стигнеме до денешниот ден. Херојскиот и величествен цар Самоил, кој не можел да ја поднесе глетката на своите војници, е пример за секој Бугарин. Ако во минатото цар Самоил нè разделувал, денес нè обединува. Денес тој го прави нашето стратешко партнерство уште посилно, а врските меѓу двата народа – поцврсти.- Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија

-Враќањето на важен црковен предмет ги претвора и тешките историски моменти во нови можности за комуникација. Атина ја исполнува својата историска должност, враќајќи ѝ ги на Софија посмртните останки на цар Самоил, кои во 1964 година ги открил професорот Моцопулос во базиликата „Свети Ахил“. Тие со децении биле чувани од грчката влада, а сега му се враќаат на бугарскиот народ, за да им се оддаде почит на начин што вие ќе го сметате за најсоодветен. – Киријакос Мицотакис – Премиер на Р. Грција

На новинарско прашање околу чинот на пренесуваењ на останките на Самоил во Софија, премиерот Христијан Мицкоски се наврати на Бледскиот догово и пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

-Што се однесува до пренесување на мошти јас би се вратил наназад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев како резултат на тој Бледски договор се донесени во Скопје и нешто што треба нас како Македонци да не прави горди, зашто моштите на тој великан којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет и штета шт малкумина денеска го споменуваат Бледскиот договор и сето она коешто таму е договорено, а тоа не етолку одмана, пред неколку децении после капитулацијата на фашистичка Бугарија после Втората светска војна којшто ја окупирала територијата на денешна Македонија. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Во однос пак на дилемите кои се отворија и во дел од научните кругови во Софија има сомнежи дали од Грција навистина сепак стигнале останките на цар Самоил.

-Единственото нешто кое претстои според мене да се направи а не било направено претходно, е ДНК анализа на коските кои ќе бидат вратени во Бугарија и која ќе потврди или нема да потврди, она што е трагично во случајот, она кое сите го знаеме а тоа е дека таму е погребано семејството на царот и дел од неговото семејство. Јас разбрав дека станува збор за детски скелет што означува колку е неподготвена целата таа операција. – Проф. Милко Палангурски - Историчар

Останките на Цар Самоил биле откриени во базиликата „Свети Ахил“ на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, при археолошките ископувања на грчкиот професор Николаос Моцопулос во 1964 година а во последните години се наоѓаа во Музејот на византиската култура во Солун.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?

Како исклучително пријателска, корисна и содржајна премиерот Мицкоски ја оцени посетата на шефицата на ЕК Фон Дер Лајен во земјава, но порача дека не е целосно задоволен од пораките кои таа ги упати во Скопје. 

Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?

Охрабрувачки биле оние за импресивниот напредок на земјава во реформите, но не и пораката дека уставните измени остануваат клучен чекор за напредокот кон ЕУ. Според Мицкоски вечрашната посета може да биде клучна за процесите кои престојат за надминување на блокадата, но засега нема повратен одговор од официјална Софија за иницираната билатерална средба меѓу Муцунски и Петрова Чамова која би се одржала на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 овој четврток во Софија. Според Мицкоски би било загрижувачки ако бугарската страна ја одбие поканата за средба.

„ Стигнавме до разговори. Порано нешто што не беше возможно еве, се случи. И уште многу работи ќе направиме што тие не можат ниту во најдобриот сон да ги замислат. Само треба време и трпение. Ова се процеси кога имате квислинзи коишто распродаваат и патриотска влада којашто си ја сака државата и којашто треба да го врати тоа што квислинзите го распродале. Доколку биде одбиена во тој случај уште еднаш ќе се потврдат сите оние тези коишто ние ги имаме и за што сме загрижени. Не го очекувам тоа. Не би било паметно да одбијат, но во ред, тоа е нивна суверена одлука, не е тоа наша одлука. Министерот побара, сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму “– Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Мицкоски посочи дека Владата ќе продолжи со активностите и најави дека ќе го посети неколку пати Брисел во текот на идниот месец. Постепената интеграција и економските придобвки од неа, ги оцени како добра можност за земјава.

“Постепената или градуална интеграција е исто така шанса за нас. Сето ова нè охрабрува и нè мотивира да продолжиме по патот на реформите во периодот којшто следи. Јас во ноември месец двапати имам закажано патување во Брисел, првиот кај еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, вториот е настан оној регионален самит којшто го имаме со Европската Унија и Западен Балкан. Така што, ќе се бориме. Нема предавање, ќе се бориме, не е лесно, премногу испопродадоа овие претходно, премногу испоуништија, премногу испокрадоа, но не се откажуваме. Украденото ќе го вратиме, тоа што е распродадено ќе се бориме да го повратиме“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Фон Дер Лајен со посетата во Скопје за зоакружи редовната балканска турнеја, а освен со премиерот Мицкоски оствари средба и со престедателкта Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер