АвтомобилизамСе појави симпатичниот електричен Abarth (ВИДЕО)Според најавите, пристигна и првиот електричен Abarth.Фиат 500 и Абарт совршено се совпаѓаат, а спортските перформанси се едноставно неодоливи, без разлика за кој станува збор. Тоа е најмалиот спортист чиј 1.4 мотор може да направи фер бучава, но и автомобил кој навистина сака брзо возење. Сега основата е нова, па така и изданието Abarth е различно. Но, некои работи остануваат исти, така што малечкото на Fiat е неодоливо, дури и во електричен облик. Верувале или не, има татнеж на моторот, но тој не доаѓа од моторот, туку од генераторот на звук, кој ќе обезбеди Abarth да звучи правилно. Под хаубата е електричен мотор. Тој произведува 155 КС и 235 Nm, што е плус од 37 КС и 15 Nm во споредба со стандардната верзија 500e. Не е многу, но навистина може да се почувствува додека се вози. Abarth нуди засилувачки режим на работа, така што забрзува значително подобро. На пример, тој достигнува 100 km/h две секунди порано, за само седум секунди. Возачот има избор помеѓу три стила на возење. Во режимот Turismo моторот е пригушен до 136 КС и 220 Nm, Scorpion Street го ослободува целосниот потенцијал на моторот, но со максимално регенеративно сопирање, додека режимот Track го ослободува својот целосен потенцијал, но со намален опсег. Батеријата останува иста, со капацитет од 42 kWh и со можност за полнење до 85 kW. Преведено, тоа значи 5 минути полнење за опсег од 40 km, односно капацитет од 0-80% за 35 минути. Што се однесува до досегот, тој секако е малку помал во споредба со Fiat 500e и е 321 km. Ако го споредиме со бензинскиот Abarth 595, електричната верзија е послаба за 10 КС, но Abarth вели дека е „побрза и позабавна и во двата случаи, градски и возење на отворен пат“. Ќе мора да веруваме бидејќи официјалното соопштение не навлегува во детали, па не се знае што е модифицирано на болидот. Само велат дека автомобилот на патеката Misto Alfa Handling Track е за секунда побрз од најбрзиот Abarth, моделот 695. До 20 km/h автомобилот има нова гитарска мелодија, додека како опција се нуди репродукција на оригиналниот звук на Abarth. Инаку, бензинецот Abarth ќе остане во понудата околу уште една година. За дизајнот нема потреба да се трошат зборови, па ќе кажеме дека Abarth 500e ќе се нуди и во двете каросериски верзии, а најавена е и специјална серија Scorpionissima, од која ќе се изработат 1949 единици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter