Мажот се забил во оградата , при што повредил три лица . На самото место веднаш се појавиле стотина полицајци , а целата област е затворена . Мажот е уапсен и не соработува со полицијата , која претпоставува дека станува збор за терористички напад. Во последните 18 месеци тоа е втор напад на терористите на британскиот Парламент.
Напаѓачот е маж на 20 – тина години , кој влетал во пешаците и велосипедистите за време на утринскиот метеж. Ниеден од повредените не е во тешка состојба. Напаѓачот нема криминално досие и е непознат на полицијата.
Британската премиерка Тереза Меј , која е на годишен одмор , како и пратениците , изјави дека со мислите е со повредените во нападот .
Велика Британија од утрово е во втор стешен на аларм , сериозен , што значи дека постои опасност од втор напад. Screenshot