1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
МакедонијаСе појави лажно видео во кое професорот Петличковки наводно зборува против вакцинитеПрофесорот Петличковки и водителката на Канал 5 Љубица Јаневска се искористени во таканаречено дип-фејк видео, со лажна содржина против вакцините. Александар Петличковски професор и раководител во Институтот за имунологија и хумана генетика е мета на дезинформации. Тој е ставен во видео каде зборува дека оние кои примале ковид вакцина имаат сериозно заболувања и во истото видео рекламира лек што ќе ги спаси од последиците. И самиот Петличковски бил шокиран колку е вистинито видеото каде во изјавата е иста и бојата на неговиот глас. Во ова видео е злоупотребена и канал 5 телевизија каде е искорестиена Љубица Јаневска како разговара со професот. Петличковски случајот го пријавил во МВР во одделот за сајбер криминал и апелира граѓаните да не веруваат во видеото каде рекламира лек и се шири паника за вакцините. Викендов мета на ваква измама беше и крадиохирургот Жан Митрев каде што беше објавено убиство на докторот зошто бил против фармацијата, и во ова видео повторно беше злоупотребен и канал 5 каде гласот на водителот Тноковски како ја објавува смртта на докторот. Во претходниот период беа злоупотребени многу доктори кои се користат за реклама на лекови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа наставаНовата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење.Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот. Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
ТехнологијаКинезите направија тоалет што доаѓа кај вас кога ви е потребенКинеската компанија YUEBAN претстави робот-тоалет што доаѓа кај корисникот секогаш кога е потребно. Уредот, наречен Xiaoban, се движи низ домот, се паркира покрај креветот или фотелјата, се чисти по употребата и се враќа на својата станица. Иако звучи како реквизит од некоја бизарна епизода на научно-фантастична серија, зад уредот стои многу практична идеја. Xiaoban е дизајниран да им го олесни одењето до тоалетот на постарите лица и на луѓето со ограничена подвижност, за кои тоа често претставува голем физички напор или ризик од пад. YUEBAN го претстави роботот на Меѓународниот саем во Шангај во 2026 година, посветен на грижата за стари лица, помагалата и рехабилитациската медицина. Уредот е претставен како помагало наменето за постари лица, неподвижни лица и оние што закрепнуваат од операции или повреди. Корисникот го повикува роботот преку далечински управувач со големи копчиња или со гласовни команди кои функционираат и без интернет, така што нема потреба од користење паметен телефон или каква било апликација. Кога е активиран, Xiaoban користи комбинација од LiDAR, ласерски и ултразвучни сензори за да го мапира просторот, да ги избегнува пречките и да го пронајде патот низ станот, препознавајќи мебел, врати и скали. Самиот уред е многу пософистициран од обична тоалетна школка. Xiaoban поседува вградено биде, систем за сушење со топол воздух и механизми за контрола на непријатни мириси. По употребата, роботот автоматски се чисти и дезинфицира, а УВ-стерилизацијата и затворениот простор за складирање отпад ја намалуваат потребата од рачно чистење. Откако ќе заврши, Xiaoban самостојно се враќа на станицата за приклучување, која може да се поврзе со домашната водоводна и канализациска мрежа. На тој начин, роботот го празни отпадот, се чисти себеси, ја дополнува водата и ја полни батеријата, а вградениот механизам за мелење треба да спречи затнување. Доколку станицата нема поврзување со канализацискиот систем, роботот може самостојно да отиде до тоалетот и, со помош на механизам на извлекување, да го префрли отпадот во обична тоалетна школка. Во Кина, „Xiaoban“ се продава по цена од 28.999 јуани, што изнесува меѓу 4.000 и 4.300 долари, во зависност од девизниот курс. Засега не е познато дали уредот ќе биде достапен надвор од кинескиот пазар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаМицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМРДенеска имавме можност да се запознаеме со сето она коешто изминатиов период е направено во Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа што го кажа директорот е навистина импресивно. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги модернизираат процедурите, техниките внатре и така натаму. Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е кадарот, се разбира, стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема и ќе може да добива соодветни резултати, коишто на нас ни се потребни за да креираме стратегии и политики. Уште еднаш сакам да му честитам на директорот, на тимот на вработените, бидејќи без нив сам никој ништо не може. Како институција мислам дека функционираат одлично, сега за сега. Се надевам дека ќе продолжат уште подобро и во периодот којшто следи да функционираат, а ние како Влада ќе продолжиме како што кажав, во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите и амбицијата на директорот и на раководството на самата институција, истакна премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter