ЗабаваСе пофали со необична тетоважа, па ги налути сите: Ова треба да се забрани со закон (ФОТО)Чејни Бернис (28) сака готика, тетоважи и психолошкиот трилер „Saltburn“, во кој главната улога ја има Бери Кеоган.Инспирирана од филмот, жителката на Брајтон истетовирала сцена и се пофали на социјалните мрежи. Да се каже дека привлече внимание е потценување. Чејни го гледала филмот во кино минатата година, а сцената која ѝ го привлекла вниманието го прикажува главниот лик како лежи на гроб, плаче, а потоа се соблекува и врши сексуален чин врз земјата. Сцената ја доживеала како „убава и поетска“, па стапила во контакт со својата пријателка, уметник за тетовирање и со неа го украсила бутот, пренесува Мирор. Необичната тетоважа ги подели мислењата на корисниците на Интернет. Некои мислат дека тоа е одлично, а други велат дека таквите работи треба да се „забрануваат со закон“. @gq “I wanna try something.” #BarryKeoghan #Saltburn #GraveScene ♬ original sound - GQ Чејни ги игнорира негативните коментари и истакнува дека „Saltburn“ е нејзиниот омилен филм. „Една од моите најдобри пријателки е уметник за тетоважи и штом излеговме од киното, помисливме да се тетовираме. Побарав ликот да биде без панталони, бидејќи така е пореално“, објаснила таа. Таа додава дека тетоважата нема никаква врска со Бери Кеоган. „Тоа претставува опсесија со личност, тоа е мојата цел. Животот“, рече таа. ALSO https://t.co/gFtY2bRg5s Saltburn superfan, 28, gets Barry Keoghan's infamous grave scene TATTOOED on her leg - claiming she found explicit moment 'poetic and beautiful' despite critics insisting she will 'regret it so bad' https://t.co/GmAMmXhQnB ~ Story Below #USA #News — Follow @JodyField (@JodyField) January 16, 2024 Чејни има повеќе од 50 тетоважи на своето тело, а процесот на тетовирање на сцената на гробиштата е прегледан на TikTok од повеќе од два милиони луѓе. Споменатата сцена на гробиштата се смета за контроверзна, а актерот често добива прашања за тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook