Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија
2Сиљановска-Давкова: Без слободни и одговорни медиуми нема информиран демос, а без активни граѓани – нема демократија
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
ЖивотСе подготвува првата трансплантација на глава!! Валериј Спиридонов од Русија ќе биде првиот човек , чија глава ќе биде пресадена на друго тело . „Гледам можност за да добијам ново тело пред смртта“, изјави Спиридонов. 30 годишниот Валери кој е од Русија инаку е стручњак за компјутери, но боледува од ретко генетско нарушување Вердинг – Хофмна кое предизвикува атрофија на мускулите. „Гледам можност за да добијам ново тело пред смртта. Одлуката ја донесов и нема да се предомислам. Дали се плашам ? Секако. Но ова не е само страшно туку е и интересно“, истакна Спиридонов. -Луѓето мора да разберат дека навистина немам друг избор. Доколку не го направам ова , мојата судбина ќе биде многу тажна: мојата состојба се влошува секоја година, истакна 30 годишниот Валери. Првата трансплантација на глава ќе ја изврши италијанскиот хирург др. Серџо Канаверо. Телото на кое ќе биде пресадена главата на Спиридонов ќе биде од донатор , чие тело е здраво , но не му функционира мозокот и неговите функции. Главата ќе биде зацврстена на телото со специјална супстанција слична на лепак- полиетилен гликол, кој др Канаверо го нарекува „магична супстанција“. Мускулите и артериите ќе бидат поврзани пред пациентот да биде доведен во вештачка кома на четири недели , период во кој главата и телото треба да се поврзат. Контроверзниот доктор тврди дека веќе постои целата потребна опрема , за главата да биде трансплантирана на телото на донатор, но и покрај тоа , многу стручњаци велат дека докторот Канаверо е „луд“ и дека неговите планови се „само фантазија“ дури го нарекуваат и др Франкенштајн. Цената на операцијата која се предвидува да трае цели 36 часа, а која може да биде изведена само во двете најдобро опремени операциони сали на светот , е проценета на 7,45 милиони фунти . Но засега се уште не е објавено кога и каде ќе биде направена оваа трансплантација на глава што би била прва на светот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветДемократка победи на изборите на Алјаска, демократите обезбедуваат големо мнозинство во СенатотКандидатката на Демократската партија, Мери Пелтола, победи на изборите за Сенатот на САД во Алјаска, со што се разјасни односот на силите во горниот дом на американскиот Конгрес по изборите одржани на 3 ноември. Во новиот состав на Сенатот, кој започнува во јануари 2027 година, демократите ќе имаат мнозинство од 56 наспроти 44 места за републиканците. Според последните достапни резултати, Пелтола освоила 50,12 отсто од гласовите и го победи актуелниот републикански сенатор Ден Саливан, кој доби 45,80 отсто од гласовите. На тој начин, демократите добија уште едно место кое претходно го држеа републиканците. Трката во Алјаска беше последната неизвесна изборна трка за Сенатот на овогодинешните избори. Асошиејтед прес ја прогласи Пелтола за победник две недели по изборите. Со победата во Алјаска, демократите заокружија голем успех на изборите за Сенатот. Вкупно, тие освоија девет места што претходно ги држеа републиканците, што претставува нивен најголем успех од ваков вид на избори за Сенатот уште од 1958 година. Пред изборите, републиканците имаа мнозинство од 53 наспроти 47 места, додека во новиот состав односот ќе биде 56 наспроти 44 во корист на демократскиот блок, во кој влегуваат и независни сенатори поврзани со Демократската партија. Демократите исто така успеаја да освојат места во сојузни држави кои традиционално нагинуваат кон републиканците, вклучувајќи ги Тексас, Јужна Каролина, Канзас и Мисисипи. Според резултатите објавени на 17 ноември, таа добила 144.302 гласа, додека Саливан освоил 131.844. Разликата изнесувала 12.458 гласа. Иако преостанувале уште гласови за броење, „Асошиејтед прес“ процени дека Саливан веќе нема реални шанси да ја надомести разликата. Покрај победата на изборите за Сенатот, демократите на Алјаска постигнаа успех и на изборите за гувернер. Демократот Џонатан Крајс-Томпкинс ги победи тројцата републикански кандидати и стана првиот демократски гувернер на Алјаска по 1998 година. Резултатите на Алјаска дополнително ја потврдија промената во односот на силите по изборите во средината на мандатот во САД, на кои демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНајбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евраИлон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра и отвора стотици работни места. Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ најави инвестиција од три милијарди евра за проширување на фабриката во Гринхајде, недалеку од Берлин. Во рамките на ова, најавена е изградба на нов погон во кој компанијата планира да произведува целосно автономни такси-возила од типот „Сајберкеб“ (Cybercab). „Ги поставуваме темелите за технолошки најнапредната фабрика на Tesla во светот“, соопштија од компанијата. Новата производна хала ќе има капацитет да произведува до еден милион робо-такси возила годишно. Изградбата треба да започне во првата половина на 2027 година, а производството – во 2029 година. Американската компанија исто така најави дека ќе вработи неколку стотици работници за потребите на изградбата и подготовките за производство. Тие имаат намера до крајот на годината да поднесат барање за градежна дозвола за новиот објект, заедно со документацијата што ја доставија во 2023 година за планираното проширување на комплексот. Инвестицијата, вредна три милијарди евра, опфаќа и изградба на придружни објекти и постројки за третман на отпадни води. Американскиот гигант претходно се откажа од планираното проширување поради падот на продажбата, но повторно ги активираше инвестициите откако побарувачката закрепна. Податоците од германската Федерална управа за моторни возила (KBA) покажаа дека продажбата на возила од марката „Тесла“ во Германија во октомври е зголемена речиси четирикратно. Во периодот од јануари до октомври биле регистрирани 47.742 возила на „Тесла“, што е приближно три пати повеќе отколку во истиот период минатата година. Компанијата неодамна објави дека ќе го зголеми производството на 7.500 автомобили неделно, односно околу 375.000 годишно, а планира и проширување на капацитетите за производство на батериски ќелии. Во октомври, во фабриката на „Тесла“ во близина на Берлин работеле 12.600 луѓе, а портпаролка на компанијата потврди дека во последните неколку месеци биле вработени уште 2.000 работници.Тагови: Илон Маск тесла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Спектакуларна партија на Грајмс погоди 10 тројки за триумф на ЛА ЛејкерсКошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по едно продолжение ги победија Шарлот Хорнетс со 118:114 и ја продолжија серијата победи во НБА. За езерџиите ова беше осмата победа во низа. Најзаслужен за вредниот триумф беше бекот Квентин Грајмс кој го одигра најдобриот меч во кариерата. Грејмс постигна дури 47 поени и беше посебно прецизен зад линијата за тројка со 10 погодени шута од 14 обиди. Со своето остварување Грејм го засени и сезонава неверојатниот Лука Дончиќ кој со „само“ 36 постигнати поени беше вториот стрелец на мечот. Дончиќ и Грајмс го создадоа последниот напад на Лејкерси во последните секунди од регуларниот дел од натпреварот. QUENTIN GRIMES' 10TH THREE SENDS THE GAME INTO OT 🤯 HE'S GOT 45 POINTS! https://t.co/Owfe0RTetV — NBA (@NBA) November 18, 2026 Словенецот го презеде нападот, бараше позиција, но не ја најде бидејќи беше добро покриен, но Грајмс ја најде и ги фрли навивачите во делириум со тројка за продолжението. Тагови: ЛА Лејкерс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook