1Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната
3СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има
СветСе подготвува ли масовен егзодус – од Македонија и регионот чекаат знак од Германија Во државите од Западен Балкан со нетрпение се очекува новиот германски закон за доселување, кој ќе ја либерализира можноста за добивање вработување во Германија.Се верува дека новиот закон уште повеќе ќе го поттикне заминувањето на луѓето од БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија, доколку во меѓувреме бидат укинати работните визи. Агенцијата „Анадолија“, пренесува „Спутник“, побарала од Амбасадата на Германија во БиХ информација за најавата на германските власти дека од 1 јануари 2019 година ќе биде поедноставен процесот за вработување на работници од Западен Балкан во Германија. Најавено е дека Германија ќе донесе нов закон, па турската агенција побарала одговори на следните прашања: дали во иднина ќе биде потребно да се добијат работни дозволи, дали посебно ќе бидат нагласени профилите на занимањата кои ќе бидат опфатени со законските олеснувања, колку во текот на оваа и на минатата година биле издадени работни дозволи за работа во Германија.... „Бидејќи новиот закон за доселување е во рана фаза на расправа, ве молиме за разбирање и во моментот не можеме да зборуваме за можните ефекти на законот“ – наведено било во одговорот на Амбасадата на Германија во БиХ. Многу граѓани на земјите од Западен Балкан, во кои и понатаму се ниски платите и има голем процент на невработени, во изминатиот период се одлучиле да заминат во земјите од Западна Европа, првенствено во Германија, за да пронајдат вработување и да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војнатаИран ги предупреди земјите од заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на воените операции на Вашингтон против Исламската република. „Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи. Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати, опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА. Претходно, министерството за одбрана на емиратите објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
СветВашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила до земјите членки на НАТО прашалник со кој, со цел да ја оцени нивната лојалност со американската политика..Како што објави Блумберг, прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, како американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро. Земјите требале да одговорат и за европските набавки на оружје и дали тие ги насочуваат кон домашни или кон американски компании..Белата куќа, според медиумите, поставила и директни прашања за американската надворешна политика и од членките се бара да наведат дали јавно ги поддржале позициите на Вашингтон. Прашалникот стигнува и до американското воено присуство во Европа. Земјите исто така треба да наведат какви ограничувања поставиле за користењето на нивните бази од американските сили.. Извори од нато ваквите чекори ги доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија. Според нив, политичката усогласеност се става во равенка со американската воена заштита.. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна., пишува Блумберг..Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да имаВо Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна.Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник - градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Наместо навремена превенција, навремена анализа и системска контрола на жариштата со комарците – градоначалникот и овој пат задоцни. Дури сега се сети дека треба да прска против комарци. Скопје е под опасада од заразни комарци - поради задоцнетите реакции на првиот човек на Градот. Среде лето, граѓаните во грч излегуваат надвор, стравувајќи дека може да бидат заразени. Орце Ѓорѓиевски затаи кога најмногу требаше да делува. Го немаше кога требаше навремено да се прска, пред вирусот да се прошири и пред граѓаните да почнат да заболуваат. Па што правеше? Да не случајно го исчисти Скопје од ѓубре? Да не случајно ги обезбеди ветените автобуси за Скопјани? Да не случано го среди Градски парк после невремето од пред еден месец? Не, ништо од ова не е средено. Се занимаваше со билбордот со коњ со пет нозе, и со дрон го следеше загадувањето на реките во Скопје. Кој ја плаќа цената? Цената ја плаќаат Скопјани со сопственото здравје и животи. Ова е истиот принцип на работа на целата власт на ВМРО: се доцни, се чека проблемот да прерасне во криза, па потоа се глуми дека се преземаа нешто. Орце Ѓорѓиевски не ги заштити Скопјани од комарците! А требаше и мораше. За тоа треба и мора да се одговара, кога би имало институции кои постапуваат по закон. Прес-конференција на СДСМ, Александар Давчевски, претседател на Градска организација СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter