„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
1„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
МакедонијаСе почесто се крадат бистите на народните херои и видните граѓаниСе вели „уметноста нема цена“ ... ама во Македонија има, за во отпад! Од 120 до 160 денари за еден килограм, вака се продаваат уметничките бисти на македонските великани, дејци и хероини, како што се оние на Ѓорѓија Пулевски, Круме Кепески, Невена Георгиева-Дуња, Вера Циривири Трена, вели уметникот Димитар Филиповски, академски вајар кој се бави со лиење на склуптури во бронза, како оставен аманет и љубов од татко му и дедо му. Филиповски, кој инаку е и автор на поголем број на скулптури ширум Македонија вели дека не смее да се дозволи уметноста да завршува во отпад, да се продава „пошто-зошто“ и државата мора да ја заштити, со закон кој ќе предвидува драконски казни, и до 10 години затвор. Тој смета дека така ќе се превенираат кражбите на скапите бисти кои сега исчезнуваат од улилишни дворови, паркови и објекти среде Центар, но и од гробишта. -Штетата која ја нанесуваат е навистина сериозно висока сума на пари, а откупот во отпадите, е, видете, се откупува по некоја цена од 150, 160 денари за килограм. Кога ќе им ги понудат овие уметнички дела, бисти, пред се, дури им нудат помала откупна цена од 120 денари, пониска од онаа вообичаената, бидејќи знаат дека се крадени. Треба превенција, бидејќи мора на тој начин да се делува, мојот предлог е да биде една буквално драконска казна, бидејќи само така ќе ги одвратиме од намерата,- Димитар Филиповски – Скулптор. Според Филиповски, дополнително може да се забрани откупот на метали, како што државата направи пред околу дванаесетина години, бидејќи во текот на првата половина од годинава, полициските билтени изобилуваа со информации за кражби на бисти и споменици, дури и од централното подрачје на градот. Една од највпечатливите беше онаа на Споменикот на децата бегалци од егејот, кој се наоѓа во паркот „Жена борец“, спроти Собранието. Откорнат беше релјефот, мотив на мајка со три деца, а украдени беа и буквите од натписот „Татковината копнеж на прогонетите“. -Внимавајте, тоа е наспроти Собранието, споменик кој што физички за да го одвојат од постаментот и да го отстранат, треба тројца или четворица сериозно силни мажи, нема друг начин. Тоа да помине среде Центар каде што има и камери и се, не ми е јасно, до која мера можеби и службите спијат. А за гробиштата во Бутел, тоа е една посебна приказна. Мене лично ми се случува, бистата на дедо ми од неговиот гроб, дело на Боро Митриќески е украдена. Кога појдов таму да разговарам во таа една куќичка кај што има обезбедување, мене човекот ми рече, знаете како, украдени се уште 50, 60 бисти, меѓутоа никој не смее да збори,- Димитар Филиповски – Скулптор. На прашањата на Канал 5, колку бисти годинава „исчезнале“ од гробиштата и што се презема за да не се случуваат кражби, како и каде е нивната одговорност за надомест на штета, од АД „Бутел“, не одговорија. Од нивната ПР служба во телефонски разговор ни кажаа дека официјални информации не давале во недела и посочија оти немаат многу што да додадат околу оваа тема, бидејќи била актуелна пред неколку месеци. Тагови: крадец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРама: „Европската Унија ја лаже Украина“Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година. Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел. „Украина е земја која е измамена“, рече Рама. Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова. Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврскаПоминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.Тагови: Киро Глигоров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook