Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни - Канал 5

Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница и продолжуваат со оперативната програма. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата.

Се отвораат операционите сали во прилепската болница, наодите се негативни

Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби.

- Врз основа на добиените негативни наоди од Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции донесе одлука од утре, 28 февруари 2023 година болничките одделенија во Општата болница со проширена дејност од Прилеп да продолжат со оперативните програми притоа почитувајќи ги принципите за асепса, дезинфекција и стерилизација, стои во одлуката на Комисијата.

Салите беа затворени пред 10-тина дена по случајот со прилепската пациентка, на која по зафат во гинеколошкото одделение ѝ се искомплицира состојбата и почина на скопските клиники. Инспекторатот направи вонреден надѕор и ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции.

- Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести, информираше деновиве Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Прилепското обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сѐ уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија (недела, 21:00 часот), потврди портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

Трамп пристигнува на финалето на Светското првенство во Њу Џерси

Веста претходно ја соопшти претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а сега е официјално потврдено дека Трамп ќе биде меѓу гостите на завршницата на турнирот.

Неговото доаѓање се случува во момент кога сè уште се дискутира за една од најголемите контроверзии на ова Светско првенство – одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.

Наводно, токму Трамп стапил во контакт со Инфантино и побарал да се преиспита црвениот картон на напаѓачот на САД, по што ФИФА ја суспендирала казната и му дозволила на Балогун да настапи на натпреварот од осминафиналето против Белгија.

Трамп претходно присуствуваше на најголемите спортски настани во САД, вклучувајќи ги „Супербоул“, финалето на НБА, тенискиот турнир „Ју-Ес Опен“ и „Рајдер купот“, а за време на својот мандат во Белата куќа бил и домаќин на настани на УФЦ.

Минатата година тој го додели трофејот за светски клупски шампион, во натпреварување што исто така се одржа во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Издадена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. 

АХВ: Издадена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем

По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен систем, добиени поплаки од граѓани до ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар во однос на безбедноста и квалитетот на водата за пиење, инспекциски служби на АХВ, со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим техника - МВР Гостивар, вчера вечер спроведоа вонреден инспекциски надзор.

Со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од страна на стручни лица на Институтот за јавно здравје кои биле присутни на надзорот, земени се мостри од водата за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност.

За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ издаде времена забрана за употреба на водата за пиење се до добивање на резултатите од лабораторското тестирање со кое ќе се потврди нејзината безбедност, стои во соопштението на Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на „Орце Николов“

Општина Центар континуирано работи на одржување на јавните површини, зеленилото и инфраструктурата за вода, со посебен фокус на летниот период. 

Герасимовски: Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на „Орце Николов“

Од вкупно 11 јавни чешмички кои се под надлежност на општината, девет се целосно функционални, додека на преостанатите две се санираат дефекти.

Во рамки на овие активности, се поставува нова чешмичка на улицата „Орце Николов“, која претходно не беше во функција поради дефект и беше исклучена поради поплавување на околниот простор.

„Нашата цел е водата за пиење да биде достапна за граѓаните во овој жежок период, зеленилото редовно да се полева и да се одржува, и да се обезбеди уредна хигиена. Старите чешмички делумно ги заменивме со нови, иноксни, а имавме и неколку состаноци со ЈП Водовод и канализација. Поставени се и водомери на истите како што беше побарано од од општината, со цел да обезбедиме нивно непречено функционирање“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во изминатиот период општината замени седум стари чешмички со нови иноксни, со модерен дизајн.

Истовремено, редовно се одржуваат и системите за автоматско наводнување, а дефекти кои се појавуваат на дневна основа редовно се санираат од страна на надлежните служби.

За одржување и санирање на оваа инфраструктура, од предвидениот буџет во висина од три милиони денари, досега се исплатени 998.752 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер