Се отвора патот за настап на македонските компании во Туркменистан

Деловните контакти со труските бизнисмени на македонските компании им го отвораат пазарот во Туркменистан. Тие заеднички ќе настапат на претстојните саемски манифестации од областа на градежништвото, нафтата и гасот што ќе бидат организирани во оваа земја.

Ова, како што јави МИА, е потврдено на Меѓународен инвестициски форум што завршува денеска, а на кој учествува претставник од Стопанската комора на Македонија.

Како што соопшти Стопанската комора, и практично се спроведува договорот со Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) и Одборот за надворешно-трговска соработка на Турција (ДЕИК) постигнат неодамна во Истанбул, за заеднички настап на македонски и турски компании на трети пазари.

На форумот, Биљана Пеева Ѓуриќ од Стопанската комора се сретна со Елмира Рахманова, раководител за меѓународна соработка во Трговско-индустриската комора на Туркменистан. Разговара за воспоставување соработка меѓу двете репрезентативни деловни асоцијации.

Меѓународен инвестициски форум за Туркменистан е под покровителство на претседателот на државата Гурбангули Мердимухамедов, како и на турскиот претседател Абдула Ѓул. Го организираат Туркменистанската трговско-индустриска комора, ТОББ и ДЕИК – Турско-туркменистанскиот деловен совет.

Туркменистан во последните 5 години има раст на БДП од околу 11 проценти и буџет од 70 милијарди американски долари за нови инвестиции до 2016 година од кои 17 се веќе планирани за 2013 година. Туркменистан како четврта најбогата земја во светот со природен гас, е една од главните трговски партнери на Турција и евроазискиот регион. Денеска соработката меѓу двете земји се одвива во неколку полиња, првенствено во стратешко партнерство во меѓународната политика и економија, потоа во градежништвото, енергетиката, текстилот, туризмот, трговијата и едукацијата.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Туркменистан во 2012 година достигнала вредност од 2,3 милиони американски долари. При тоа, остварен е извоз во вредност од 64 илјади американски долари, додека увозното салдо изнесува 2,2 милиони долари. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 2,1 милиони долари.

Споредувајќи ја трговската размена во 2012 година, евидентиран е пад кај сите параметри. Вкупната размена оствари пад од 44,3 отсто, извозот од 49,2 процента, а увозот бележи намалување од 44,1 отсто.

Во структурата на производите во билатералната размена евидентиран е само увоз на памучно предиво во износ од 2,1 милиони долари. Во 2011 година увозот на памучно предиво изнесува 4 милиони долари.

Како што соопшти Стопанската комора, турските бизнисмени имаат многу придонесено за развојот на Туркменистан уште во првите денови од нејзината независност пред 20 години, но и во последните неколку, Туркменистан е главна дестинација за турските инвеститори во Централна Азија. Во таа насока, во рамките на ДЕИК функционира Турско-туркменистански деловен совет како форма на организирање за унапредување на деловната соработка.

Обемот на надворешната трговија меѓу двете земји постојано се зголемува и изнесува 2 милијарди американски долари во 2012 година, а се очекува да достигне и до 3 милијарди американски долари во 2013 година. Капацитетот на индустриското производство во Туркменистан во последните 5 години е двојно зголемен, а во поглед на инфраструктурните активности таа стана најбрзо растечка земја во Централна Азија.

Главна насока на диверзификација на структурата и развој на извозниот потенцијал на Туркменистан се гледа преку географската експанзија за извоз на природен гас, памук и поголема промоција на туристичките убавини на земјата.

Според податоците од минатата година, во Турменистан се регистрирани околу 600 турски компании. Од независноста на Туркменистан (1991) до денес, вредноста на околу 400 проекти на кои работат турски компании надминува 30 милијарди САД долари, од кои најголемиот дел се во градежната индустрија, но и во текстилот и туризмот.

Во 2012 година повеќе од 4,9 милијарди aмерикански долари вредни проекти се преземени од страна на турските компании во Туркменистан, но постојат уште поголеми можности. Во овој контекст, може да бидат изградени пристанишни објекти на бреговите на Каспиското Море, потребна е натамошна обнова на патната мрежа, изградба на нови пруги, индустриски објекти и изградба на нови станбени проекти.

Според министерот за развој на Туркменистан, Џевдет Јилмаз, инвестициите во инфраструктурата ќе бидат и натаму приоритетни затоа што благодарејќи на нив досега земјата успеа во краток рок целосно да се обнови и да доживее економски раст. Транспортот до сега беше една од главните пречки за поголема економска интеграција на двете земји. Но, постои голем простор за унапредување на состојбите, посебно во делот за барањата за визи, царинските формалности и даноците. Се очекува дел од овие проблеми да биде надминати по завршување на преговорите и влез на Туркменистан како членка на Светската трговска организација.

Меѓу позначајните инвестициски проекти кои беа презентирани од стана на повеќе заменици министри од Туркменистан се проектот „Меѓународен транспортен коридор (север-југ) Казакстан – Туркменистан – Иран“ и проектот за изградба на меѓународниот аеродром во главниот град Ашгабат кој ќе го гради турска компанија и чија вредност се очекува да достигне 2,3 милијарди американски долари.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер