ЖивотСе омажила за 23 години постар ди-џеј , кој пуштал музика на нејзината свадба (ВИДЕО)Американката Меган Вилис во 2016 го запознала 23 години постариот Марк Стоун на својата свадба , каде тој бил задолжен за да пушта музика и се вљубила во него.Диџејот го ангажирала сестрата на невестата Меган и тој пуштал музика на нејзината свадба во Њујорк. Една година подоцна, Меган решила да се разведе и повторно отпатувала за Њујорк за да ги сподели своите проблеми со својата сестра. Судбината сакала да се сретнат во бар во кој Марк работел како диџеј . Во тоа време, тој се разведувал од сопругата по 27 години брак. До минатата година, тие биле само пријатели. Истата година, Меган се развела и тогаш започнала нејзината врска со Марк. Тие заедно се преселиле во Северна Каролина и почнале нов живот. Поради Марк, Меган сега сфатил зошто првиот брак не успеал. "Не треба да го прашувам мојот сопруг за внимание. Марк не е само пријател ,тој има време за мене секој ден", рече Меган , која за поранешниот сопруг вели дека бил зависник од видео игри. View this post on Instagram REUNITED AND IT FEELS SO GOOD! 💋 #wearemarkandmegan #agegaprelationship #agegaplove #agegapcouple #love A post shared by Mark & Megan (@wearemarkandmegan) on Jul 16, 2019 at 5:01pm PDT Меган додаде и дека тој бил нејзина поддршка за време на разводот и кога стапиле во врска, таа била загрижена за разликата од 23 години. Марк, кој има 22-годишен син и 20-годишна ќерка од претходниот брак, рече дека тешко го прифатил пропаѓањето на првиот брак, но сега е пресреќен со Меган. Со оглед на тоа што во бракот направил вазектомија, сега ќе отиде на процедура да ја прекине, бидејќи тој и Меган сакаат деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter