3Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
ЗабаваСе омажи убавата внука на Грејс Кели , принцезата од Монако (ВИДЕО)Внуката на славната холивудска актерка , Грејс Кели, 32- годишната Шарлот Казираги од Монако викендов се омажи за филмскиот продуцент Димитри Расам.Свадбата се одржа во Франција , на црковна церемонија , откако пред еден месец младенците имаа цивилна венчавка. Ова беше втор дел од свадбата. Цивилното венчавање беше извршено во палатата во Монако , а сега во црквата Сент Мари де Пиередон во француската област Прованса , беше извршен црковниот дел. View this post on Instagram Religious wedding #charlottecasiraghi #dimitrirassam | June 2019 A post shared by Charlotte Casiraghi (@charlottexcasiraghi) on Jun 30, 2019 at 9:21am PDT На тој начин принцезата му одаде чест на своето детство. Таа со браќата и сестрата , како и со мајката Каролин се преселија токму во овој регион , откако на само четири годишна возраст остана без татко. Невестата блескаше во фустан на Џанбатиста Вали , направен специјално за неа , а букетот од лаванда исто така има значење, зашто е типично цвеќе за Прованса. Секако најскап детал што го носеше Шарлот беше герданот од Картие на нејзината славна баба , актерка и принцеза од Монако , Грејс Кели. Таа го добила герданот од принцот Рение III пред нивната свадба во 1956 година. На венчавката беше и нивниот седум месечен син Балтазар , како и нивните деца од претходните бракови. Шарлот има петгодишен син Рафаел , а Димитри седумгодишна ќерка Дарја. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМинистерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук објави дека На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи ја примил Светската награда за „Безбеден град“ . На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“. Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот. Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво. Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта. Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи. Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!- стои во објавата на Тошковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни. СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари. И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура. Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа. Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема. Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања? СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка. Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиитеКошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната. The ref just ran up to Luka Doncic at the half and was held back by an assistant Luka looked CONFUSED as hell 😭 https://t.co/mSds4Jeeoo — LakersCenter (@LALakersCenter) November 19, 2026 Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане. Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната. Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter