Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
1Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
ЕвропаСе огласи Зеленски по преговорите во Женева: За овие прашања се уште нема договорУкраинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека трилатералните разговори во Женева меѓу Украина, САД и Украина биле тешки, но дека страните се согласиле да продолжат со разговорите.„Гледаме дека е постигнат напредок, но засега позициите се разликуваат бидејќи преговорите беа тешки“, изјави Зеленски пред новинарите, објави Укринформ. Зеленски нагласи дека има напредок по воените прашања, имено во следењето на прекинот на огнот, но дека по политичките прашања - територии, нуклеарната централа Запорожје и други чувствителни прашања - позициите на страните остануваат различни. Тој нагласи дека е постигнат договор прекинот на огнот да го следи и американската страна, што го оцени како конструктивно. Во исто време, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, им изјави на новинарите дека е постигнат напредок за време на вториот ден од трилатералните разговори во Женева. „Разговорите беа интензивни и суштински“, рече Умеров, истакнувајќи дека се разјаснети голем број прашања и дека целта на Украина останува праведен и одржлив мир.Тагови: Володимир Зеленски Женева Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокадаСАД го напаѓа Иран петти ден по ред, насочувајќи се кон крајбрежната одбрана и ракетни бази откако повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа.До рано утрово во четврток на Блискиот исток, сирените се огласија во Бахреин, а Кувајт соопшти дека реагира на „непријателски закани со беспилотни летала“ откако Иран вети дека ќе одговори на американските напади. Главниот преговарач на Иран, Мохамед Бакер Калибаф, изјави дека Техеран е во „егзистенцијална војна“ против САД и дека неговата безбедност зависи од контролата на Ормутскиот теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран сака да се смири и дека наскоро ќе биде поразен.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаИстече крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договорИстече рокот за носење на измените на Изборниот законик, кој е дел од реформите за ЕУ.Кај власта нема оптимизам дека воопшто е возможен консензус со опозицијата за дијаспората... Премиерот Мицкоски не очекува дека нешто ќе се смени и во следниот период, иако за важноста на ова прашање вели дека потврда добивме и од еврокомесарката Марта Кос неодамна во Скопје. Опозициските партии пак се обвинуваат за договор со власта и меѓусебно ја префрлаат топката за тоа кој ги закочил преговорите.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот советВеќе од следната недела владата најверојатно ќе интервенира со намалување на акцизите за нафтените деривати, за да се ублажат последиците од блиско источната криза.. Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница.Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на советот, а министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се разговара и за тоа. Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook