Се огласи Вучиќ по пристигнувањето во Москва: Благодарност до Црвената армија (ФОТО) - Канал 5

Се огласи Вучиќ по пристигнувањето во Москва: Благодарност до Црвената армија (ФОТО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава по слетувањето во Москва.

Се огласи Вучиќ по пристигнувањето во Москва: Благодарност до Црвената армија (ФОТО)

- По многу години, повторно во Москва. „Горд сум на антифашистичката борба на мојот српски народ и благодарен сум за огромната помош што ја имавме од Црвената армија за време на ослободувањето на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во Москва по повод Денот на победата. На аеродромот го пречека рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, а го пречека и гардата. Авионот со кој Вучиќ се упати кон Москва за да присуствува на прославите на Денот на победата, за потсетување, претходно беше запрен во Баку поради борбени операции меѓу Русија и Украина, каде што чекаше дозвола за продолжување на летот, пренесе Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотниот бран однесе повеќе од 5.000 животи во Германија

Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).

Топлотниот бран однесе повеќе од 5.000 животи во Германија

Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), истакнувајќи дека најголемиот број смртни случаи е регистриран за време на топлотниот бран кон крајот на јуни.

Според неделниот извештај на РКИ, горештините се поврзани со приближно 5.120 смртни случаи, при што околу 4.270 од нив се однесуваат на лица постари од 75 години, пренесува Ројтерс.

Од РКИ наведоа дека меѓу жртвите имало повеќе жени отколку мажи, првенствено затоа што жените сочинуваат поголем дел од најстарата возрасна група на населението.

Европската служба за климатски промени „Коперникус“ објави дека Западна Европа го доживеала најтоплиот јуни досега, со просечна температура од 20,74 степени Целзиусови, пренесува Танјуг.

Надлежните органи во Франција, Белгија, Шпанија и Холандија пријавија повеќе од 4.700 смртни случаи над вообичаениот просек во периодот од 20 до 28 јуни, кој ја опфати најинтензивната фаза на топлотниот бран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Планиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена жена

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила планиран терористички напад врз висок функционер на руското Министерство за одбрана во Москва.

Планиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена жена

Исто така, ФСБ уапси 25-годишна руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби.

Според ФСБ, осомничената била регрутирана од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки податоци и да утврдува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се искористат за изведување напади, пренесе „Спутник“.

Руската служба изјави дека украинскиот оперативец бил во романтична врска со неа и ѝ ветил продолжување на врската во Украина по завршувањето на задачите. Според соопштението, во март 2026 година, жената изнајмила стан во Москва, каде што инсталирала камери за пренесување сигнали до Украина за следење на движењата на воениот персонал.

Според ФСБ, таа ги подготвила условите за престој на непосредниот извршител на нападот во истиот стан. ФСБ тврди дека било планирано извршителот да пристигне во Москва откако осомничената ќе ја напушти Русија и ќе замине за Украина преку Турција и Молдавија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

СДС манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци.

СДС очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните.

Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд се прогнози, а не конечни резултати. Истата институција очекува Македонија да продолжи со стабилен економски раст, при што земјата останува меѓу економиите со позитивни перспективи и макроекономска стабилност.

СДС зборува за економија, а заборава дека токму во време на владеењето на СДС и ДУИ Македонија се соочи со рекордна инфлација, историски највисоки цени на храната и енергенсите, изгубена доверба кај инвеститорите и сериозно нарушени јавни финансии.

Денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на капитални инвестиции, нови инфраструктурни проекти, подобрување на деловната клима и привлекување нови домашни и странски инвестиции. Ефектите од овие политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се мерливи и видливи.

Буџетот останува стабилен, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува средства таму каде што се најпотребни и одговорно управува со јавните финансии.

Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат повеќе пари за проекти во општините, земјоделството, раст на платите, студентски и ученички стандард, социјална заштита, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклус.

Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза дадоа резултати.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на реални проекти и ги реализира, започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, а на целата територија на државата се развиваат 6 автопатски делници.

Заврши времето на СДС и ДУИ кога буџетската каса беше празна, државата оставена на раб на банкрот а јавните финансии се трошеа на луксузирање на функционерите на СДС и ДУИ.

СДС да не се обидува залудно да ги плаши пензионерите со неосновани тврдења. Исплатата на пензиите е редовна и сигурна, а Владата останува посветена на зајакнување на пензискиот систем и подобрување на животниот стандард на пензионерите.

Граѓаните добро знаат дека СДС и ДУИ ја оставија државата со високи долгови, корупциски скандали и изгубени години во економскиот развој. Наместо да шири страв и дезинформации, СДС треба да понуди аргументи и да преземе одговорност за сопствените погрешни политики.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на економски раст, нови инвестиции, отворање работни места и подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер