Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
Шоу бизСе огласи славниот холивудски актер, кој 23 години не знаел дека сопругата му е братучетка (ВИДЕО)Кевин Бејкон и Кира Сеџвик се сметаат за еден од најстабилните и најдолготрајните парови во Холивуд.Нивната приказна започнала во далечната 1987 година на снимањето на филмот „Lemon Sky“, а следната година застанале пред олтарот - во тоа време немале поим дека покрај љубовта ги поврзува и необична семејна нишка. Неочекувано откритие Дури во 2011 година, додека учествувале во шоуто „In Search of Roots“, двојката дознала дека всушност се далечни роднини. Се испоставило дека се во роднинска врска до деветти степен - што во пракса значи дека Кира е далечна братучетка на Бејкон. Иако откритието било шок за многумина, Сеџвик признава дека не била изненадена: „Видете. Знаев! Знаев! Знаев! Знаев! Знаев. Знаев дека ќе бидам во роднинска врска со Кевин Бејкон, мислам, повеќето белци се некако во роднинска врска. Не сум изненадена, искрено. Претпоставував дека затоа нè тестирале двајцата, морав да се преправам дека сум изненадена.“ Откритието не го потресе нивниот брак – Кира додаде во тоа време: „Сè е во ред сè додека не сме најблиски роднини“. Љубов што трае со децении Холивудските актери Кевин и Кира редовно споделуваат делови од нивниот секојдневен живот на социјалните мрежи, покажувајќи колку е силен нивниот брак. Актерот неодамна се огласи на Инстаграм за да сподели нежна порака до својата сопруга. Овој пат, тоа беше 60-тиот роденден на Кира. Наместо класичен подарок, Бејкон ја изненади – ѝ купи две крави и објави видео од моментот на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Kevin Bacon (@kevinbacon) Обожавателите беа воодушевени од гестот Коментарите на социјалните мрежи брзо следеа: „Наградата за најдобар сопруг му припаѓа на Кевин Бејкон“ „Каква слатка двојка сте“ „Среќен роденден Кира, го имаш најдобриот сопруг“ „Боже, твоето семејство и животните носат толку многу среќа“Тагови: сопруга холивудскиот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook