Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ЗабаваСе огласи Северина по пресудата за старателство: Син ми е веќе некое време дома Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе неполномошна пресуда во долгогодишен спор за старателството над синот на пејачката Северина Вучковиќ и српскиот претприемач Милан Поповиќ. Нивниот син Александар отсега ќе живее со својата мајка, што го потврди адвокатот на Северина во тој спор, Јасминка Билош. Северина се огласи по пресудата со краток текст насловен „Ви благодарам, но не е завршено“. „Огромна благодарност до сите што ме опсипуваат со поддршка овие денови... Всушност, мојот син е дома веќе некое време, а сега ова е формално потврдено со оваа судска одлука“, напиша таа покрај фотографиите со својот син. „Од друга страна, борбата не е завршена... Ниту мојата, но ниту борбата на многу мајки. На пример, има две девојчиња на кои не им е дозволено да го напуштат Загреб 8 години, а нивната мајка е оставена без средства да се бори против суров и студен систем, кој треба да ги стави децата на прво место, а не моќните родители. Не сум престанала и никогаш нема да престанам да зборувам за тоа и да се борам за послабите“, додаде таа. „Конечно, им благодарам на сите мои пријатели кои беа покрај мене во изминатите 12 години, на моите адвокати, особено на Јасминка Билош“, заклучи таа. Долготрајна борба 12 години, Северина и Поповиќ се во судски постапки поврзани со старателството и родителската грижа врз нивниот син. Ова е еден од најекспонираните семејни спорови во регионот, кој помина низ неколку судски одлуки и пресврти во текот на годините. Да ве потсетиме дека спорот меѓу Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ трае од 2013 година, по нивното раскинување. Првата судска одлука беше донесена во 2014 година, кога Општинскиот граѓански суд во Загреб одлучи дека нивниот син треба да живее со својата мајка, додека таткото има право да се среќава и да се дружи. Големо внимание од јавноста Голем пресврт се случи во 2019 година, кога судот одлучи дека момчето треба да живее со својот татко, додека Северина доби проширени контакти со својот син. Потоа, во 2021 година, Окружниот суд во Сплит ја промени таа одлука и утврди заедничка родителска грижа, според која детето мораше да живее наизменично со двајцата родители. Нов пресврт дојде на почетокот на 2024 година, кога Врховниот суд ја поништи одлуката на сплитскиот суд и го врати предметот на ново одлучување. Во исто време, судот заклучи дека судските вештаци не биле правилно сослушани во текот на постапката, што беше оценето како значително кршење на постапката. Бројни дискусии Со текот на годините, предметот привлече големо внимание од јавноста, но и бројни дискусии за работата на хрватското судство во семејните спорови, особено кога станува збор за долги постапки и заштита на приватноста на малолетниците. Двете страни постојано упатуваа јавни обвинувања против другата страна и институциите вклучени во постапката.Тагови: Северина старателство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски: Ние сме за институции - не сме за банда!Мицкоски кажа дека СДСМ е против сè, а само за марихуана-економија. Кажа дека сме за распродажба, дека ќе потпишеме бел лист.Нема дилема. Има лаги. Против инвестиции? Најголемите инвестиции беа во време на СДСМ. Сега во време на ВМРО-ОКГ паднаа за над 65 проценти. Од околу 250 милиони просечно по квартал во времето на СДСМ на само 18,7 милиони евра сега во последниот квартал. Мицкоски нема инвестиции затоа што никој не вложува во земја што ја води организирана криминална група. Тој е на чело. Не сме против проекти. Туку сме против неговите лични проекти. Броилата на ЕСМ не се проект. Тоа е грабеж на Адамовиќ, Лазаревиќ, а сè спроведува преку Божиновска, две децении човек на Лазаревиќ. Кога ќе поведе 50 луѓе во Америка на грб на граѓаните - роднини, тетки, стрини, да, сме против тоа. Тоа го плаќа народот. Кога се работи под маса, под радар, има скриена намера. Кога лоби-куќа плаќа состаноци по хотели, кога се чека по ходници - точно, сме против ходник-дипломатија. Приватна каса не дава околу 1,56 милиони долари годишно затоа што арамијата носи часовници од 60.000 евра и одело од 10.000 евра. Дава затоа што интересот е поголем од влогот. Цртање на табла не ни треба. Марихуана-економија? Нека каже што е со заплената од 100 тони. Нека каже што беше со петте тони што завршија кај сестринската партија во Србија. За неговата економија нема да прашуваме. Граѓанинот ја гледа „третата економија на Европа“ во фрижидерот и во паричникот. Не мора да црта како Вучиќ. Македонија на добар пат? На кој - кон дното на слепото црево? Рудници во национален парк? Не може фекалии во вода. Единаесет недели нема извештај од Гостивар. Пет илјади отруени граѓани. Нема одговорни. Нема обвинителство. Над педесет места без вода безбедна за пиење. Лепенец и Вардар без име - кој ги отру. Дали некој му верува дека антимонот нема да ја отруе водата? Дата-центри: прво водено ладење, па потоа воздушно, а притоа не кажа од каде струја и кој ќе плаќа. Странски влијанија? Да, сме против. Не може Орбан и Вучиќ да управуваат со Македонија. Не може руската партија Левица заедно со Мицкоски да ги исполнува желбите на Москва. Не може човек на БИА да биде министер. Најмалку може да се слави осуден српски воен злосторник. Против поделби? Да. Народот не е талог. Тој не е елита затоа што самиот рече дека е зависен од убави и скапи работи. Техники на Ванчо Михајлов. Латас - човек на служба, пропаганда по модел Гебелс заедно со Ивона. Тоа влече корени од фашизам. Како наследници на АСНОМ, и како граѓани - сме против. Вели, конструкции и лаги. Синоќа во Брвеница повторно не даде ниту еден одговор. Еве кажуваме јасно. Ние немаме дилема. Ние сме против криминал и корупција. За Гета чувме. Нула денари беше лага. 5,53 милиони евра народни пари. Многу лаги. А дела нема - освен криминални. За потпис: ние гордо го потпишавме пристапувањето на земјата во НАТО и ги отворивме преговорите со ЕУ. Таа ЕУ што тој ја блокира две и пол години, без реформи. Што потпиша „патриотот“ со куп бугарски пасоши? Задолжување од 4 милијарди евра за две години. Ние сме за институции. Не сме за банда. Дилемата ја нема кај народот. Ја има Мицкоски - секој пат кога ќе зине! А што се однесува до нихилизмот, сега кога изгужваниот професор со безобразни кафански манири, од Фројд премина на Ниче - нихилизмот не е недоверба, туку крштевање на злото во добро и наредба народот да аплаудира. Скопје, 29.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаМицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија. Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07