Се огласи претседателот кој во САД отпатува со скап авион, додека неговиот народ гладува

Кенискиот претседател Вилијам Руто предизвика бес и критики откако рече дека приватниот авион со кој што полетал во САД минатата недела бил поевтин од користењето на националната авиокомпанија.

Сепак, Руто не кажа колку чинел авионот или колку ќе чинел летот на Кенија ервејс.

„Фактите кои беа објавени во јавноста се чини дека не го поддржуваат тоа“, изјави политичкиот аналитичар Херман Маџора за Би-Би-Си.

Опозицискиот политичар Еуген Вамалва за локалните медиуми изјави дека изјавите на претседателот се „непатриотски“.

Според него, претседателот наместо тоа требаше да ја искористи можноста за маркетинг на Kenya Airways.

Руто минатата недела отиде во тридневна државна посета на САД, прво такво патување на африкански лидер во повеќе од 15 години.

Додека беше во посета, Кенија обезбеди бројни инвестициски договори вредни милијарди долари.

САД, исто така, ја назначија земјата како главен сојузник иако не е членка на НАТО, зацврстувајќи ја нејзината позиција како еден од најблиските безбедносни партнери на САД во Африка.

Сепак, користењето на луксузен приватен авион за патување во САД предизвика критики дома, што го натера претседателот да одговори.

Во неделата, еден ден по враќањето во земјата, Руто се бранеше велејќи дека е „менаџер на јавни ресурси“.

„Во согласност со мојата решеност да живеам во рамките на нашите можности и да го водиме патот, цената беше помала од патувањето со Кенија ервејс“, напиша тој на X.

„Кенија ервејс“ не ја коментираше цената, но ја отфрли како лажна изјавата што циркулираше, која наводно покажува дека користењето на авиокомпанијата ќе било поевтино за претседателот.

И покрај неговото објаснување, многу Кенијци го критикуваа претседателот.

Мајора рече дека претседателот требало подобро да ја објасни ситуацијата и да ги убеди луѓето дека има право да користи приватен авион.

Тој рече дека претседателот требало „да ги земе предвид перцепциите на луѓето“ и да ги објасни предностите од користењето чартер авион, вклучувајќи ја флексибилноста, класата и безбедноста.

„Очекував такво објаснување, а не вакво објаснување од кое луѓето не се воодушевени“, додаде тој.

Некои на социјалните мрежи го критикуваа претседателот за користење на авиокомпанија во сопственост на друга држава.

„Срамота е за земјата што претседателот не може да ја користи нашата национална авиокомпанија бидејќи е прескапа“, рече Алинур Мухамед.

Пресметувајќи ги вкупните трошоци за билетите од бизнис класата за претседателот и неговата делегација, локалните медиуми пишуваат дека тоа би било далеку поевтино од изнајмување авион.

Претседателот за патувањето во САД ја искористи компанијата RoyalJet со седиште во Дубаи, а во делегацијата имаше околу 30 луѓе.

Се вели дека ќе чини околу 1,5 милиони долари за изнајмување на таков авион во споредба со 300.000 долари што се проценува дека ќе чинат билети од прва класа во авион на Кенија ервејс за целата делегација.

Во текот на викендот, Руто изјави за Гласот на Америка дека проценетите трошоци за неговото патување се „целосно претерани“.

Тој не одговори на директно прашање колку чини, но рече дека сумите што се „расфрлаат наоколу“ се смешни.

„Внимателен сум со ресурсите што ги трошам“, додаде тој.

Судирот доаѓа во услови на загриженост од критичарите дека парите на даночните обврзници се користени за финансирање на владината екстраваганција, додека даноците се зголемени со образложение дека на државата ѝ се потребни дополнителни средства.

Сиљановска: Очекувам да постапи Обвинителството за Артан Груби и Енвер Беџети

Со проширената „црна листа“ САД ни испраќа јасна порака, обвинителите и судиите да постапат по допрен глас за Артан Груби и Енвер Беџети, во спротивно значи дека го толерираме беззаконието- порача претседателката Сиљановска Давкова.

Таа вели дека случувањата со висока корупија се загрижувачки, бидејќи владеењето на моќни луѓе ги направиле слаби институциите, што е јасен показател дека се потребни итни реформи во правосудството.

„ Очекувам судот и јавниот обвинител да почнат да постапуваат. Не смееме како досега да останеме мирни, и така некои кои се нашле на црните листи да си продолжат со своите редовни активности. Ако јавните обвинители треба да постапуваат по допрен глас, треба да постапат и во случајов. / Во спротивно, ние не реагираме тогаш кога мора и на тој начин го толерираме беззаконието. “-Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија.

Премиерот Мицкоски вели дека надградената црна листа со Груби и Беџети е доказ за тоа што тој и неговата партија го зборувале во минатото. Тој оценува дека обелоденување на корумпираните ќе има и во иднина.

„ Mногупати во минатото зборувавме за сето ова за кое и официјално сега нашите стратешки партнери и меѓународната заедница го посочуваат. Можам да кажам дека во периодот што следува уште многу потврди на сето она што сме го имале како сомневање ќе излезе во јавноста и јавноста ќе биде запознаена. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Вицепремиерот од „Вреди“ Изет Меџити, кој претходно беше дел од ДУИ, потсетува дека од овие причини кои сега ги посочува САД, тој и неколкумина високи функционери бараа прочистување на партијата.

„ Одлуката на американскиот Стејт Департмент за ставање на Артан Груби на т.н. црна листа забранувајќи му влез во САД е доказ дека се’ што сме зборувале било на место и сме биле во право. Бевме во право кога се боревме против корупцијата. / Да имаше сила Али Ахмети да му застане на падот на Артан Груби, да му го пресечеше патот на корупцијата, да го запираше Артан на патот на соработката со Сашо Мијалков и Никола Груевски ДУИ можеби и немаше да отиде во опозиција. „ Изет Меџити – вицепремиер, коалиција „Вреди“.

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја прокоментираа одлуката на Стејт Департментот за Груби и Беџети.

„ СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт Департментот на САД за ставање на нови лица на црната листа. СДСМ смета дека е исклучително значајна поддршката од нашите стратешки партнери во борбата со корупцијата во Македонија. “-Јованка Тренчевска – пратеник на СДСМ.

„ Само ЈО и правосудството во Македонија уште не гледаат криминал кај него. ДУИ со години поставува судии и обвинители, а врвот на таа партија ги користи така поставените кадри за да управува со судските одлуки. Голем број судии и обвинители се под нивен плашт. Артан Груби е колега на Венко Филипче, тие го узурпираа судството. “-Бране Петрушевски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен Артан Груби и Енвер Беџети, изминатиот период Стејт Департментот во неколку наврати имаше проширување на американската црна листа со политичари и бизнисмени од Македонија поради значителна корупција. Меѓу нив Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Рамиз Мерко, Стевчо Јакимовски, Катица Јанева.

Агелер: На Груби и Беџети им е забранет влез во САД, се разгледуваат дополнителни санкции

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата, соопшти на денешната прес-конференција американската абасадорка во земјава, Анџела Агелер. Таа подвлече дека нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции. Какви би биле тие Агелер не можеше да открие повеќе детали, но кажа дека постојат повеќе видови на санкции во САД меѓу нив и трговски и финансиски, како и за членовите на семејствата.

-Поради нивните напори да се мешаат и да ја оцрнат работата на судството, и под оваа ознака, на нив и на членовите на нивното потесно семејство им е забранет влез во САД. Дополнителни санкции исто така се разгледуваат во Вашингтон. Согласно американските закони, ние мора да назначиме поединци за кои е докажано дека учествувале во значителна и штетна корупција, без разлика на нивните улоги, минати или сегашни. Се вели дека „Правдата е слепа“, бидејќи мора да биде непристрасна и објективна кон сите, без разлика на нивната политичка партија, пол, етничка припадност или позиција - Агелер.

Агелер најави дека црната листа ќе се проширува и со други имиња кои не се само политичари. Како што кажа, американскиот Стејт департмент нема да ги достави доказите против Артан Груби и Енвер Беџети на македонските власти, поради строгите правила во САД за почитување на приватноста. Но, ако доказите за Груби и Беџети се лесно достапни за САД, тогаш се и за македонските институции и судството кои треба да постапат, порача амбасадорката.

-Ние сме обврзани согласно закон да ги назначиме и да ги санкционираме тие индивидуи за кои имаме силни докази за криминална корупција. Што ќе се случува понатаму, зависи од спроведувањето на законот и судството во оваа земја. Но, би кажала дека доколку ние ги собереме тие докази, можат и тие, изјави Агелер.

Иако, одлуката беше соопштена во време на зовриени етничките тензии, закани за дестабилизација и почеток на жестока битка со корупцијата и криминалот, Агелер вели дека за тајминот воопшто не се одлучувало, туку таа е резултат на процедурите што се водат во Стејт Департментот..

-Соопштението беше дадено вчера, како дел од поголема програма на Вашингтон за меѓународниот ден за борба против корупција, што е на 9 декември, значи тоа е одличен тајминг за нас. Ние на планираме на било каков начин, ниту пак контролираме што Вашингтон прави во смисла на процесирање на одредени случаи... и иако многу ги поздравувам владините изјави за реформа во судството, ова немаше никаква поврзаност со тоа. Многу од нашите други акции се во поддршка на потребните реформи секој ден, секој ден од годината – Агелер.

За одлуката на Стејт Департментот да го стави на црна листа поранешниот прв вицепремиер и најблизок соработник на Ахмети, се огласија денеска и од Мала Речица. Во краткото соопштение велат дека „ќе ја почитуваат одлуката на Стејт департментот на САД. Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, соопштија од ДУИ.

Синоќа , преку објава на социјалните мрежи се огласи и Артан Груби.. „Оваа одлука ме засега директно и лично, напиша Груби, додавајќи дека ќе се ангажира и максимално, заедно со партнерите за целосно да го обели ова прашање“.

Во Кавадарци ќе се реставрира и става под заштита камената кула од 17 век

Ќе се реставрира и става под заштита камената кула од втората половина на 17 век, најстарата сочувана градба во Кавадарци. Тогаш била најдоминантна во градот. 

Ова го потврди кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, одговарајќи на прашање од советникот во Советот на Општината, Горан Кузмановски.

Натка Китева, кустос историчарка во Музеј галеријата во Кавадарци, појаснува денеска за МИА дека станува збор за Маркова кула, што се наоѓа во најстарото градско јадро познато под името „Полана“, а таму денес се наоѓа и истоимениот мал парк. Позната е уште како Маркова или Турска кула и се наоѓа во Кулевското маало.

- Не е познато кој ја изградил, но со сигурност се знае дека имала одбранбен карактер како и останатите кули што се граделе во тој период. Средновековната кула под која започнало формирањето на градот е изградена од камен и малтер, а ѕидовите достигнуваат дебелина до 1 метар. По својата форма таа е со квадратна основа и е висока околу 20 метри, споделува Китева.

Кулата е на пет ката, а внатрешноста била изградена од квалитетно дабово дрво.

- Првиот и вториот кат се без прозорци, а на третиот има само еден тесен, мал прозорец. На четвртиот и петтиот кат има по три прозорци со железни решетки. На јужниот ѕид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а до прозорецот е нанесен симс од камен од каде е бранет пристапот во тврдината. Се раскажува дека оттука се фрлани камења, можело да се истура жешко масло и слично, подвлекува Китева.

На петтиот кат постои отвор што служел за одвод на нечиста вода. Единствен влез кулата имала на вториот кат, а пристапот до него бил направен со камени скали.

притисни ентер