Се огласи поранешниот сопруг на Бритни Спирс по нејзиното апсење - Канал 5

Се огласи поранешниот сопруг на Бритни Спирс по нејзиното апсење

Сам Асгари, поранешен сопруг на Бритни Спирс, коментираше за нејзиното неодамнешно апсење за возење под дејство на алкохол и дрога, велејќи дека секој може да прави грешки.

Се огласи поранешниот сопруг на Бритни Спирс по нејзиното апсење

Пејачката беше запрена во среда, 4 март, откако беше пријавена во полиција за неправилно возење и пребрзо возење на автопат во Калифорнија.

Реакција на поранешниот сопруг

Додека беше на „Фокс њуз“, каде што требаше да зборува за конфликтот во Иран, моделот и фитнес тренер роден во Техеран беше директно прашан што мисли за апсењето на Бритни Спирс. „Во моментов сум целосно фокусиран на Иран“, одговори Асгари без двоумење.

Сепак, тој додаде: „Кога станува збор за луѓе што прават грешки, го разбирам тоа. Мислам дека секој заслужува приватност. Се надевам дека медиумите научиле нешто од минатото и ќе ѝ ја дадат приватноста што ѝ е потребна.“

Детали за апсењето

Спирс беше запрена од полицајци откако нејзиниот црн BMW 430i беше пријавен за пребрзо возење и неправилно возење на американскиот автопат 101 во близина на паркот Њубери. Според полицискиот извештај, пејачката била сама во автомобилот, „покажала знаци на нарушена способност за возење и била подложена на тестови за трезвеност на станицата“. Таа била уапсена за „возење под дејство на комбинација од дрога и алкохол“. Таа треба да се појави на суд на почетокот на мај.

YouTube video

Изјава од тимот на пејачката

По веста за апсењето, нејзиниот претставник, исто така, се јавил. „Ова беше несреќен и многу сериозен инцидент“, се вели во соопштението. „Бритни ќе ги преземе вистинските чекори и ќе го почитува законот и се надеваме дека ова може да биде првиот чекор кон многу потребна промена во нејзиниот живот“. Во пораката се додава: „Се надеваме дека ќе ја добие помошта и поддршката што ѝ се потребни во овој тежок период. Нејзините синови ќе поминуваат време со неа, а оние што се најблиски до неа ќе се обидат да ѝ обезбедат план за закрепнување и поддршка“.

Турбулентен период

Апсењето следува по турбулентен период од неколку месеци за поп-ѕвездата. Минатата есен, таа ги загрижи обожавателите со серија необични објави на Инстаграм, во кои спомена „трауматско искуство“ и чувство како да ѝ „се одземени крилјата“, пред привремено да го деактивира својот профил. Во декември беше објавено дека таа наводно го продала својот музички каталог, а во јануари изјави дека поради „многу лични причини“ никогаш повеќе нема да настапува во САД. Само неколку дена пред нејзиното апсење, на пејачката ѝ беше издадена трајна забрана за приближување против мажот кој, според судските документи, ја вознемирувал преку интернет од 2013 година.

Крај на бракот со Сем Асгари

Резервираниот коментар на Асгари доаѓа две и пол години по неговата разделба со пејачката. Двојката беше во врска од 2016 година, се венчаа во 2022 година, но се разделија во јули 2023 година.

Разводот беше финализиран во мај 2024 година, наведувајќи „непомирливи разлики“ како причина. Медиумите потоа известија за наводните обвинувања на пејачката за неверство и проблеми во однесувањето, кои никогаш не беа потврдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство

Законско решение за борба против насилствата врз жени и семејното насилство постои, но потребна е негова итна имплементација.

По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство

Ова го бараат од Националната мрежа против насилство врз жени, особено по последниот случај во Охрид со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска и неодамнешниот фемицид во Богданци, во кој од својот партнер беше убиена 17-годишната Билјана Ќириќ. Според Елена Димушевска од националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, институциите и досега можеле навреме и координирано да реагираат во повеќе случаи кои за жал завршија трагично, но нагласува дека предложените измени на овој закон, сепак ќе им дадат поголеми овластувања на полицијата и другите надлежни институции. За Димушевска клучно е и државата да оддвои доволно финансиски средства за превенција и заштита на жртвите.

– Предлог измените во законот ќе дадат поголеми овластувања на полицијата, ќе обезбедат подобра заштита за жените жртви – се предвидува можноста за она што сега е доста актуелно, а тоа се електронските алки односно електронско следење на движењето на насилникот во случаи кога има привремена мерка за заштита...Но повторно ќе напоменам, ова е само унапредување на нешто што е постоечко. Случаите на насилство и насилството во нашата држава се случува заради неитна реакција на оние коишто треба да реагираат. Дали понатаму заштитата за жртвите ќе биде унапредена зависи и од друг еден значаен фактор – а тоа е одвојување финансиски средства,-изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Измените на законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство се доставени до Собранието уште од 26 август, но до денеска не се усвоени и поркај притисокот од јавноста. Во новите измени се предвидени и електронски алки за следење на насилниците, но и поголеми овластувања на полицијата.

-Полициските службеници и стручните работници во центрите за социјална работа ќе треба да направат проценка на ризик најдоцна во рок од 12 часа. Полицијата ќе може на самото место да издаде усна наредба за итни мерки: отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контактирање со жртвата.– Предлог за изменување на законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

-Токму за поголема координираност меѓу институциите во случаите со семејно насилство, се обврзаа министрите за внатрешни работи и социјална политика на состанок со обвинителот Савески, но според Димушеска, поголемото прашање е – дали лицата кои ќе интервенираат на терен се навистина професионалци и подготвени да им помогнат на жртвата. Таа нагласува дека институциите треба да реагираат и кога има родово-базирано, а не само семејно насилство.

– Прашањето е кој ќе ги импелемтира, кои се професионалците што ќе бидат дел од овие тела – дали тие ќе бидат во доволен број или дали тие ќе бидат доволно обучени за да направат проценка на ризик, затоа што знаете од проценката на ризик зависат сите следни чекори. Ако не се направи соодветна процена на ризик , тогаш и чекорите кои ќе се направат понатаму може да не обезбедат соодветна заштита за жртвата. Ова не смее да остане само за случаи на семејно насилство, како што го прочитав заклучокот од нивниот состанок, ние не смееме да останеме само на семејно насилство, ние мораме да дискутираме за родово базирано насилство, затоа што случајот во Охрид, во Битола, во Богданци се случаи на родово базирано насислтво, не на семејно, тие не живееле заедно,--изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Барањата за поголема заштита на жените кои се жртви на насилство беа истакнат и на мирен протест вчера во Охрид. Граѓаните преку марш од плоштадот до полициската станица во Охрид го искажаа своето незадоволство од непостапувањето на институциите и побараа во иднина да се стави крај на ваквите случаи. Граѓанската организација ниту една повеќе пак и платформата за родова еднаквост со блокада пред Влада во петокот побараа институциите навремено и брзо да реагираат при семејно насислтво и насислтво врз жени, а нов протест во главниот град е закажан за 25 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места

Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.

Заладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места

Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот устав

Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.

Еди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот устав

Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала.

Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции.

Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата.

На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм.

Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер