Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
2Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
3Најпознатиот Јутјубер им понуди 250.000 долари на двојка- условот е пред свадбата да ослабат 68 килограми (ВИДЕО)
ЖивотСе огласи Парис Хилтон по грубите коментари на сметка на изгледот на нејзиното дете„Мојот син е здрав“ – Се огласи Парис Хилтон по грубите коментари на сметка на изгледот на нејзиното дете Познатата богаташка е мета на фановите на социјалните мрежи откако ја објави првата фотографија од своето дете. Познатата медиумска личност, Парис Хилтон, и нејзиниот сопруг, Картер Реум, го дочекаа својот прв син, Феникс Барон Хилтон Реум, на 16 јануари 2023 година, со помош на сурогат мајка. Парот, кој се венчаше на крајот од 2021. година, веста за раѓањето на своето момче ја чуваше повеќе од една недела. Парис го објави доаѓањето на Феникс на Инстаграм осум дена по неговото раѓање. - Отсекогаш ми беше сон да станам мајка и толку сум среќна што го пронајдов Картер. „Толку сме возбудени што го основавме нашето семејство и нашите срца се преполни со љубов кон нашето момче“, изјавила Парис. Во март 2023. година, за време на гостувањето во емисијата „Ноќно шоу со Џими Фелон“, таа се расприкажа за своето бебе. - Тој е таков ангел, најдобар е. Толку сум опседната со него, имам чувство дека ќе ми експлодира срцето - говореше новопечената мајка. Парис Хилтон неодамна одговори на коментарите на Интернет за главата на нејзиниот син Феникс, уверувајќи ги фановите дека тој е добро. Таа го сподели и драматичниот момент кога го претставила својот син на Кети и Ники откако во тајност го поминала процесот на оплодување. Парис гордо објавуваше фотографии од детето на социјалните мрежи, без да биде свесна какви коментари ќе добие. - Леле, тоа е огромна глава. - Изгледа како лик од цртан филм. - Кутрата Парис со вакво дете. - Мислам дека ова дете има некои здравствени проблеми - беа дел од коментарите под семејните фотографии. Откако сподели слики со нејзиниот син, Парис неодамна им се обрати на злобниците: преку приказна на Инстаграм: -Кога сте јавна личност, вашиот живот е постојано под рефлекторите, па коментарите се неизбежни, но навредата на моето дете, или кој било друг е неприфатлива. Ова ме погодува и ме боли повеќе отколку што може да се опише со зборови. Работев напорно за да изградам опкружување во кое сè се врти околу љубовта, почитта и прифаќањето, и истото го очекувам за возврат. Ако не објавам слики од моето бебе, луѓето веднаш претпоставуваат дека не сум одлична мајка, а кога го правам тоа, го изложувам моето дете на сурови и злобни луѓе... Јас сум горда вработена мајка и моето бебе е совршено здраво, преслатко и ангелско. Сонував да бидам мајка откако знам за себе. Феникс е мојот свет и е најголемиот благослов во мојот живот - изјави Парис. Парис Хилтон и Картер Реум го започнале процесот на ин витро оплодување (ИВФ) пред да се венчаат. Феникс е роден преку сурогат мајка на 16. јануари 2023 година. Парис се маскираше за да ги избегне медиумите кога се роди нејзиниот син. Таа носеше перика и користеше друго име во болницата за да се осигура дека неговото раѓање ќе биде приватно. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Црна хроникаИдентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во ШтипПо преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител. На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полицијаВчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР. Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасадаСлучајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем.... МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter