Се огласи Новак Ѓоковиќ по натпреварот Албанија- Србија и испрати порака - Канал 5

Се огласи Новак Ѓоковиќ по натпреварот Албанија- Србија и испрати порака

Фудбалските репрезентации на Албанија и Србија одиграа нерешено без голови (0:0) во првото коло од квалификациите за Светското првенство на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана.

Се огласи Новак Ѓоковиќ по натпреварот Албанија- Србија и испрати порака

Херој на српскиот тим беше Ѓорѓе Петровиќ, кој успеа да одбрани пенал од Манај во 44-тата минута од натпреварот и со тоа да спаси вреден бод од гостувањето, објави Телеграф.

Иако натпреварот беше проследен со бројни тензии надвор од теренот, со провокации од некои албански навивачи и фрлање предмети на теренот за време на натпреварот, српските фудбалери останаа достоинствени.

На крајот, по последниот свиреж имаше спортски поздрав со албанските играчи, а интересно е што натпреварот го следеше и српскиот тенисер, како и најголемиот спортист на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Тој се огласи на Инстаграм, каде што објави јасна порака до сите:

- Почитта и фер-плејот секогаш се можни! Големо браво за двата тима за нивното однесување - напиша Новак Ѓоковиќ.

Покрај тоа, тој објави три фотографии на кои се гледа како Страхиња Ераковиќ се ракува со албанските фудбалери, потоа Џимшити му помага на Влаховиќ, и на крај Андрија Живковиќ ги прегрнува членовите на албанскиот тренерски штаб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Принцезата Шарлен со стил на Бонд-девојка

Принцезата Шарлен од Монако го привлече целото внимание на Балот на Црвениот крст во блескав златен фустан што спојуваше скулптурални набори, отворен грб и холивудски гламур.

Фото: Принцезата Шарлен со стил на Бонд-девојка

Традиционалниот хуманитарен настан се одржа во салата „Сал дез Етоал“ во Монте Карло и претставува еден од најзначајните летни настани во кнежевството, пишува HOLA.

Принцот Алберт Втори и принцезата Шарлен традиционално ја предводат вечерта во својство на претседател и потпретседател на Црвениот крст на Монако – организација што е поврзана со семејството Грималди уште од 1948 година.

За овогодишното издание, таа избра блескава златна креација која совршено се вклопи во медитеранскиот амбиент. Тесната силуета, раскошните набори и долгиот плашт ѝ дадоа на креацијата идеална доза на елеганција.

Впечатливиот златен фустан има асиметричен изрез и долго здолниште што на суптилен и елегантен начин ја истакнува нејзината фигура. Дизајниран е така што се обвиткува околу телото и ја нагласува силуетата, задржувајќи нота на софистицираност, додека неговиот најголем адут се крие во наборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Голема бела ајкула кружи околу деца во плитка вода

На драматичното видео се гледа голема бела ајкула, долга околу 3 метри, како полека плива кон група млади пливачи кои си играле во плитката вода.

Видео: Голема бела ајкула кружи околу деца во плитка вода

На интернет стана вирална застрашувачката средба меѓу млада голема бела ајкула и група тинејџери кои не биле свесни за нејзината близина, крај брегот на Јужна Калифорнија.

Снимката од воздух е направена од Карлос Гауна, познат како „The Malibu Artist“, кој го документира однесувањето на ајкулите со помош на дронови.

На драматичното видео се гледа голема бела ајкула, долга околу 3 метри, како полека плива кон група млади пливачи кои си играле во плитката вода.

Ајкулата ѝ се приближи на групата, очигледно од љубопитност, додека децата воопшто не биле свесни дека потенцијално опасно животно се наоѓа на само неколку метри од нив.

YouTube video

Белата ајкула кружеше во нивна близина неколку мигови, додека пливачите безгрижно продолжуваа да си играат во водата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Прво Гостивар, сега Валандово - кој град е следен?

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење. 

СДСМ: Прво Гостивар, сега Валандово - кој град е следен?

Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење.

Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава.

Проблем на еден човек - Христијан Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО која ја презеде државата.

Оваа влада не знае да управува со основните работи што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Нема капацитет, нема стручност, нема системска контрола.

Единственото што добро го познаваат се криминалните тендери и личното богатење.

Во Гостивар дозволија луѓето да се трујат со фекално загадена вода. Сега во Валандово имаме арсен во водата за пиење. Утре ќе биде некој друг град.

Кога институциите не функционираат, кога контролата е слаба, кога се поставуваат луѓе според партиска послушност, а не според стручност - резултатот е токму ова: граѓаните остануваат без безбедна вода за пиење.

Мицкоски и неговата структура се занимаваат со базени, реконструкции и медиумски настапи.

Во меѓувреме, основните системи што треба да го штитат животот на луѓето се распаѓаат.

Ова е последица на нестручност, незнаење и целосен фокус на лични и партиски интереси.

Прашањето повеќе не е само „што се случува во Гостивар“ или „што се случува во Валандово“.

Прашањето е: кој град е следен?

Скопје, 23.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер