Се огласи мајката на девојчето од Србија, застрелано од германската полиција: Имаше оштетен слух - Канал 5

Се огласи мајката на девојчето од Србија, застрелано од германската полиција: Имаше оштетен слух

Лекарите се борат за животот на 12-годишно девојче со српско државјанство, кое денес беше тешко повредено од германската полиција во Бохум.

Се огласи мајката на девојчето од Србија, застрелано од германската полиција: Имаше оштетен слух

Според германскиот RTL, девојчето кое беше застрелано имало оштетен слух, живеело во семеен дом, но исчезнало за време на викендот. Вечерва се случила ужасна полициска интервенција, девојчето било застрелано во станот на нејзината мајка, додека таа гледала сè со свои очи.

Девојче (12) рането во полициска операција, пред очите на нејзината мајка

Марија (името е променето) до неодамна живеела во семејна заедница, а нејзината мајка, која е исто така е глува, долго време немала ниту старателство ниту право да одлучува за местото на детето, како што изјавила во писмено интервју за RTL. Сепак, девојчето со германско и српско државјанство било во својот стан таа ноќ.

„Таа избегала“, рекла мајката на Марија. Пред тоа, наводно имало проблеми во училиштето. Веројатно од страв, но и од грижа за нејзината мајка, таа се појавила во нејзиниот стан.

„Таа рече: „Не можам повеќе да издржам“.“

Што точно се случило во станот сè уште е нејасно. Истрагата е во тек. Според сегашните информации, полицијата во Бохум имала информации дека исчезнатото дете е во тој стан. Бидејќи на девојчето му била потребна терапија, полицајците веднаш отишле на адресата, изјави портпаролот на полицијата Матијас Верк. Кога мајката ја отворила вратата и полицијата влегла во станот, девојчето зграбило два ножа и се упатило кон нив. За да ја спречат, тие истовремено употребиле електрошок и огнено оружје. Ова се случило пред мајката на Марија.

Животот на девојчето е во опасност - таа ја повикала мајка си пред пукањето

Мајката на Марија сè уште е во шок по инцидентот. Таа не знае зошто Марија ги зела ножевите, верува дека само сакала да ѝ помогне. Според неа, дванаесетгодишното девојче три пати викало по неа пред да бидат испукани истрелите. Веднаш по пукањето, полицијата ја извела жената од станот.

Полицијата, според сопствените изјави, веднаш ѝ пружила прва помош на девојчето додека не пристигнала брзата помош. Мајката во тој момент веќе била изнесена надвор. Девојчето потоа било префрлено во блиската болница, каде што е на интензивна нега. Истрагата ја води одделот за убиства на полицијата во Есен, под надзор на обвинителството во Бохум.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер