Се огласи Георгина по бројните објави дека врската со Роналдо е пред распад - Канал 5

Се огласи Георгина по бројните објави дека врската со Роналдо е пред распад

Со денови кружат гласини дека долгогодишната врска помеѓу Кристијано Роналдо и Георгина Родригез пропаднала.

Се огласи Георгина по бројните објави дека врската со Роналдо е пред распад

Во таа прилика се огласи Георгина, која тврди дека нема вистина во тие приказни. Заносната избраничка на познатиот фудбалер испрати брутална порака до сите злобници кои шират озборувања.

Во доцните вечерни часови, Георгина преку Инстаграм го објави следново:

„Љубоморните луѓе измислуваат приказни и ги шират озборувања“.

Така таа стави крај на гласините дека не е во добри односи со саканиот.

Да потсетиме, неодамна пријателката на познатата двојка Филипа Кастро демантираше дека славниот пар е во сериозна криза.

"Можам да ви потврдам од стопроцентни сигурни извори дека тие се, како и секогаш, многу среќни. Овие озборувања се измислени од луѓе кои не ја поднесуваат Георгина. Тие се многу заљубени и секој ден си ја изразуваат својата љубов “, откри заедничката пријателка.

Инаку, медиумите со денови пишуваат дека Роналдо решил да ја напушти Георгина бидејќи не може да го поднесе нејзиното однесување. Наводно, занесната црнка повеќе не се грижела за семејството, туку само за себе и за сопствените интереси. Се шпекулира и дека се уште се заедно само затоа што како пар станале сериозен бренд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Завршија топлите и сончеви денови..

УХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег

Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Македонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.

Македонија го одбележува 11 Октомври

Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата.

Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбеден град“ се шири во југозападниот регион

Камерите од системот на МВР „Безбеден град“ од утре ќе бидат вклучени и на подрачјето во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

 „Безбеден град“ се шири во југозападниот регион

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција.

Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

-По извшените технички проверки и финалните тестирања камерите на системот ќе бидат ставени во функција во подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. изјави – Гоце Андреевски –портпарол на МВР.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава а од неодамна ја стави во функција веб апликацијата Безбеден град наменета за странските државјани каде според МВР заклучно со 05.10.2026 регистрирани се вкупно 53.437 прекршоци од странци.

-23.202 прекршоци биле евидентирани во периодот од 19 до 31 август, во септември нивниот број се искачил на 27.723, додека во првите пет дена од октомври биле регистрирани уште 2.512 прекршоци. МВР.

Во меѓувреме, додека МВР најавува проширување на системот „Безбеден град“, кој веќе регистрира и мотоциклисти што ја надминуваат дозволената брзина, на социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое се гледа како мотоциклист со голема брзина се движи по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, претекнува возила непосредно пред пешачки премин и вози на едно тркало.

Снимката е направена во близина на Универзалната сала, на истата локација каде што во јануари 2025 година животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Од МВР побаравме информации дали мотоциклистот од видеото е идентификуван и дали се преземени мерки против него, но до овој момент од Министерството не добивме одговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер