Се огласи данската полиција по експлозиите пред израелската амбасада, уапсени 3 лица

Две експлозии што се случија рано утрово во близина на израелската амбасада во Копенхаген најверојатно биле предизвикани од рачни гранати, соопшти данската полиција.

„Две експлозии се случија во 3:20 часот во близина на израелската амбасада. Нашата прелиминарна проценка е дека тие биле предизвикани од две рачни бомби“, изјави на прес-конференција Јенс Јесперсен од полицијата во Копенхаген, додавајќи дека тројца млади Швеѓани се уапсени, пишува Тајмс оф Израел.

Рафаел Надал има милионска колекција на автомобили, најскап е оној на Џејмс Бонд (ФОТО)

Сега веќе пензионираниот Рафаел Надал по завршувањето на исклучителната тениска кариера може да се пофали не само со спортски успеси туку и со импресивна колекција на автомобили.

Легендарниот шпански тенисер, кој освои 22 Грен слем титули, отсекогаш бил страствен вљубеник во луксузни автомобили.

Во неговиот рај во гаражата се кријат некои од најскапите и најмоќните модели на светот, а секој од нив има посебен стил и карактер.

Aston Martin DBS, 285.000 евра

Најскапиот автомобил во колекцијата на Надал е престижниот Aston Martin DBS.Овој модел со V12 мотор од 760 коњски сили забрзува од 0-100 km/h за само 3,6 секунди.

Ферари 458 Италија, 215.000 евра

Брзиот Ferrari 458 Italia е најбрзиот ѕвер на Надал, кој достигнува 100 km/h за само три секунди.Придвижуван е од V8 мотор со 562 коњски сили, а неговиот модерен дизајн го прави стилска икона.

Mercedes Benz AMG G63, 155.000 евра

Надал ја обожава цврстата Г-класа на Мерцедес, која првично беше дизајнирана за воена употреба.Овој луксузен SUV се издвојува по своите теренски способности и атрактивен дизајн.

Mercedes Benz AMG SL55, 206.000 евра

Овој спортски Мерцедес е познат по својата брзина и елеганција, со 470 коњски сили и максимална брзина од 295 km/h.Надал често го користи овој автомобил за да ужива во долги возења.

Kia EV6 GT, 58.000 евра

Како долгогодишен амбасадор на брендот Kia, Надал го фаворизира EV6 GT, електричен автомобил со 577 коњски сили.Овој модел комбинира свест за животната средина и импресивни перформанси.

Киа Стингер, 41.000 евра

Најприфатливиот модел во неговата колекција е Kia Stinger, елегантен семеен автомобил со мотор од 365 коњски сили.Иако е најевтин, Stinger нуди брзина и стил што им се спротивставува на луксузните модели.

Украинска новинарка починала во затвор во Русија: За жал, ја потврдуваме веста

Петро Јаченко, претставник на Координативниот штаб за третман на воени затвореници, денеска соопшти дека украинската новинарка Викторија Рошина починала во руско заробеништво.

„Спроведовме внатрешни истраги и, за жал, оваа информација е потврдена. Ја познававме Викторија. Таа подготвуваше материјали во Координативниот штаб 22 години. Затоа, ова е крајно тажна вест за нас, но и за целото украинско новинарство“, велат од Координативниот штаб, пренесува Киев Индипендент.

Јаченко истакна дека се уште е рано да се зборува за околностите на смртта и дека тие се утврдуваат.

„Мислам дека во секој случај ќе ги дознаеме овие околности.“ рече тој.

Тој изјави дека процесот на ослободување на Рошина бил претходно започнат, како и дека нејзиниот трансфер од Таганрог во Москва бил фаза на подготовка за нејзиното ослободување.

„Се трудиме да не ги заборавиме нашите војници, цивили и новинари кои се таму и таа работа е во тек. За жал, овде немавме време. “, додаде Јаченко.

Викторија Рошина исчезнала на 3 август 2023 година за време на патување на териториите окупирани од Русија, наведува украинската агенција.

Милевски: Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски изрази задоволство од победата на гости против Летонија (3:0) во меч од Лигата на нациите. 

- Среќен сум поради резултатот, пристапот и желбата на моите фудбалери. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, проблемите ќе ги решаваме во од. Имавме картони, повредени фудбалери, вирус, но бевме над сето тоа и победивме, изјави Милевски по мечот.

Македонија останува на првото место во групата, а на 13. октомври ќе има гостување кај репрезентацијата на Ерменија, кое ќе биде клучно за конечниот изглед на табелата.

притисни ентер