Се огласи Бакингемската палата, откако принцот Хари изјави дека сака помирување (ВИДЕО) - Канал 5

Се огласи Бакингемската палата, откако принцот Хари изјави дека сака помирување (ВИДЕО)

Откако Апелациониот суд на Обединетото Кралство ја отфрли жалбата на принцот Хари во врска со неговото право на полициска заштита додека беше во Велика Британија, се огласи и Бакингемската палата.

Се огласи Бакингемската палата, откако принцот Хари изјави дека сака помирување (ВИДЕО)

Во кратка, но јасна изјава, тие рекоа: „Сите овие прашања беа постојано и темелно испитувани во судовите, секој пат со ист заклучок“.

Чарлс одби да коментира

Извори блиски до кралското семејство нагласуваат дека кралот Чарлс не сметал за соодветно да коментира за случајот додека бил во тек, бидејќи секое мешање од негова страна, според него, би било спротивно на уставните принципи и поделбата на властите меѓу извршната и судската власт.

Да ве потсетиме дека правната битка помеѓу принцот Хари и британската држава трае од 2020 година, кога тој и неговата сопруга Меган Маркл одлучија да се откажат од своите должности како високи членови на кралското семејство и да се преселат во Соединетите Држави. Така, Хари, според тогашната одлука на британското Министерство за внатрешни работи, го изгубил правото на автоматска државна полициска заштита, иако го задржал статусот на член на кралското семејство по раѓање.

Принцот тврдеше дека сè уште му се потребни безбедносни мерки бидејќи верува дека неговата безбедност во Велика Британија е сериозно загрозена, особено во контекст на историскиот интерес на јавноста и заканите за кои вели дека ги добил. Тој го тужеше Министерството за внатрешни работи тврдејќи дека одлуката за прекинување на заштитата не била донесена на транспарентен начин и дека не му била дадена можност да учествува во тој процес.

Хари даде интервју во кое рече дека сака да се смири со семејството

Апелациониот суд, сепак, ги потврди претходните пресуди на пониските судови, заклучувајќи дека немало процедурална неправилност или повреда на правата. Судот пресуди дека телото кое донесува безбедносни одлуки – познато како РАВЕК (Извршен комитет за заштита на кралското семејство и јавните личности) – постапило во согласност со правилата.

Во интервју за Би-Би-Си објавено непосредно пред објавувањето на пресудата, принцот Хари изнесе сериозни обвинувања, велејќи: „Кога луѓето ги добија сите факти, ми беше опишано дека станува збор за класична старомодна завера на естаблишментот - и токму тоа ми се чини“.

Правната одлука е најновиот удар врз принцот Хари во неговите напори да го редефинира својот однос со институциите на Обединетото Кралство, откако во последните години почесто зборуваше за своите чувства на изолација, недоверба кон медиумите и сопственото искуство со неправда во третманот што го добил и како член на семејството и како приватно лице.

„Би сакал да се помирам со моето семејство“, рече Хари. „Животот е скапоцен. Не знам колку време му останува на татко ми. Не сака да разговара со мене поради овие безбедносни работи, но би било убаво да се помириме“, додаде тој.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер