3Мицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница
КултураСе одржа виртуелен Светски поетски фестивал „UNITED WORLD OF POETRY"На фестивалот учествуваа светски познати поетски имиња.На иницијатива и организација на Игор Крајчев велешкиот и македонски поет и писател вчера вечер на Јутјуб во живо се одржа Вируелниот Светски поетски фестивал „UNITED WORLD OF POETRY" ( Обединет свет на поезијата) на кој учество земаа 30 поети од 22 земји во светот:од Шпанија,САД, Канада, Бразил, Австралија, Швајцарија, Италија, Ерменија, Јапонија, Индија, Русија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од нашата земја поетите Игор Крајчев и Митко Гогов. На фестивалот учествуваа светски познати поетски имиња меѓу кои и Хусто Хорхе Падрон кој беше добитник на Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Мајкл Ротенберг основачот на иницијативата 100 илјади поети за промена, познатата поетеса Мари КаШиваги од Јапонија, Сонет Мондал од Индија кој има свој фестивал на поезијата во Индија и многу други. Сите учесници поети прво ја читаа својата поезија на својот мајчин јазик а потоа и на англиски или тие или во превод и интерпретација на преведувачот Сандра Крајчева. Игор ни појасни дека сакал на една место во овие тешки времиња да ги собере сите свои пријатели поети од цел свет со кои се среќавал на бројните поетски фестивали во земјава и во светот на кои учествувал. – Целта на овој голем поетски настан кој синоќа во живо одеше на Јутјуб беше да покажеме дека во овие тешки времиња на светска пандемија на Ковид-19, кога сите сме затворени дома, поезијата може да живее и иако виртуелно сепак да не обедини, потенцира Крајчев./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСе огласи наследникот на Олександр Сирски Генерал-мајорот Михајло Драпати Генерал-мајорот Михајло Драпатиј го потврди своето назначување за врховен командант на Вооружените сили на Украина, што вчера го објави претседателот Володимир Зеленски.„Му благодарам на претседателот на Украина за укажаната доверба, на министерот за одбрана за поддршката и на Одбранбените сили за новата фаза од службата“, напиша Драпатиј. Тој истакна дека служењето на Украина за него отсекогаш претставувало чест и дека за време на војната за независност тоа значело „апсолутна одговорност“. „Му благодарам на врховниот командант на Вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, за неговата доследна работа на зајакнувањето на украинската војска. Јас израснав во неа“, напиша Драпати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаСДСМ: Младите не сакаат да живеат во Латасовата МакедонијаМладите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив. Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води највалканата пропаганда во земјата. Неговото семејство е со обезбедена европска иднина, бугарски пасоши, додека на младите им продава дека Македонија треба да биде слепо црево на Балканот и Европа. Со парите на граѓаните, прво преку Груевски и Мијалков, а сега директно преку Мицкоски, Латас се богати. Имот, пари. Во исто време, Мицкоски на суд ги ослободува Латас и Груевски, им враќа имот стекнат со криминал и ја штити целата својата криминална организација ВМРО-ОКГ. Ова е Македонија што ја нудат Мицкоски и Латас. Додека Латас се капе во парите на граѓаните, а Мицкоски носи часовници од по 65.000 евра, обичните граѓани крпат крај со крај. Работниците не добиваат зголемување на минималната плата, земјоделците тонат во проблеми, а граѓаните се трујат со вода затоа што институциите не ја вршат својата работа. Сè е сведено на тендери. Деновите поминуваат од тендер до тендер, а задолжувањата паѓаат на грбот на идните генерации. Во Македонија на Мицкоски и Латас, само тесниот круг на „елита“ - дел од ВМРО, некои „независни“ новинари и по некоја Ивона, живеат како холивудски ѕвезди. Сите останати или сонуваат за подобар живот, или го бараат во странство. Младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија. Не сакаат да живеат во земја каде криминалците и медиумските манипулатори се заштитени, а обичниот граѓанин е оставен на себе. Но, оваа Македонија не е нивна. Народот ќе победи. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Ќе победи вистината и правдата. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 22.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Целосно е реконструирано и пуштено во употреба одделението за Трауматологија во стара Градска болница-Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат.-Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците на услуги од оваа здравствена установа добијат достоинствени услуги, достоинствен третман. Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но, сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме. Така што, и во периодот којшто следи здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата. Ќе продолжиме да инвестираме. Веќе Буџетот надминува една милијарда евра годишно, кој што се инвестира во здравството. Имаме планови, имаме развојни проекти, кои во периодот што следи ќе почнат да се реализираат. Така што, ова е веќе во низа инвестиции во здравството коишто ги имавме овие две години. Во периодот којшто следи ќе имаме уште неколку вакви проекти. Генерално би сакал да им честитам на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, на министерот, порано како директор во Фондот за здравство, на здравствените работници, затоа што нас ни се овие проекти приоритетни и во таа насока ќе продолжиме да се движиме, изјави во своето обраќање премиерот Мицкоски. Мицкоски по вчерашното невреме во Скопје: Штетите се санираат и согласно законот истите ќе се рефундираат Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна: „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа заедно со институциите кои што се во нивна надлежност штетите. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано. На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече: „Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter