Скандал во Албанија: Директорка на разузнувачката служба под истрага, му помагала во бегство на бизнисмен
2Скандал во Албанија: Директорка на разузнувачката служба под истрага, му помагала во бегство на бизнисмен
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
И Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)
1И Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)
КултураСе одржа Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења“Низ стихови и песна, со елегични зборови и звуците на кавалот пред платото на локалната установа Градски музеј Крива Паланка синоќа се одржа третата меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења“.- И годинава понудивме шеесетина минути во кои се слави поезијата, прнесувајќи ги емоциите од авторите од градот, членови на литературниот клуб Калин при градската библиотека „Кочо Рацин“, на поетите од соседните општини, но и на гостите од литературните клубови од Ќустендил, Бугарија и Вршац, Србија. Авторите читаа песни по сопствен избор, а публиката уживаше во убавата атмосфера бидејќи учесниците веќе изградија трајни пријателства благодарение на заедничкиот јазик на поезијата, рече Александар Рангелов, директор на Националната установа Центар за култура - Крива Паланка. Учествуваа дванаесет искусни поети, етаблирани во меѓународни рамки, но и поети во подем. - Манифестацијата прераснува во традиција која секогаш отвора врати за убавото, а ние оставаме простор и за млади поети кои ги прават првите обиди во стихотворење и експресија на душевниот трепет и немир, со цел да се мотивираат за творење и себедокажување, потенцира Рангелов. Претседателот на „Вршачки книжевен клуб“, Слободан Џекиќ, истакна дека според него границите на поранешните ЈУ-држави не постојат, а тие не се чувствуваат како гости тука, благодарение на срдечноста на организторите. - Јас секогаш на драго срце се навраќам овде, среќаваме драги луѓе, ја славиме поезијата и ги величаме талентите со перо. Многу ваши автори, Кривопаланчани се веќе застапени во Меѓународнито зборник песни кој нашиот клуб редовно го публикува, рече Џекиќ. Поетскотот читање е дел од годинашната програма „Топол културен бран" во организација на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Националната установа „Центар за култура“ Крива Паланка, поддржана од Министерството за култура на РМ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСи Џинпинг повлече неверојатен потег пред посетата на Белата куќа: Сака да му покаже сила на Трамп Кина исклучи двајца високи воени генерали од Комунистичката партија поради „сериозни прекршувања на дисциплината и законот“ пред клучните разговори со Доналд Трамп.Џанг Јуксуе и Лиу Женли беа исклучени од Комунистичката партија на Кина откако беа обвинети за нелојалност, корупција, занемарување на должноста и други сериозни дисциплински прекршоци. За Џанг се тврди дека им проследувал класифицирани информации за нуклеарното оружје на Кина на САД. Некогаш се сметал за најблизок воен сојузник на Си Џинпинг. Тој беше првиот од двајцата потпретседатели на Централната воена комисија (ЦВО). Лиу беше подреден на Џанг и началник на Заедничкиот штаб на Централната воена комисија. Истрагите за двајцата генерали беа започнати во јануари, но нивното формално исклучување од Партијата беше потврдено од Политбирото во понеделник. Обвиненијата против нив ќе бидат доставени до воените обвинители. China expels two top generals from party and military, alleging disloyalty, corruption https://t.co/8oijVa0VbQ https://t.co/8oijVa0VbQ — Reuters (@Reuters) September 21, 2026 Двајцата генерали „ги преминале црвените линии и основните граници“ и биле „нелојални и нечесни кон Партијата“, соопшти државната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на официјални документи. Двајцата, исто така, „ги користеле своите позиции за да им помогнат на другите со прашања како што се унапредувањата“, се вели во извештајот. Д-р Сари Архо Хаврен, аналитичар за Кина во британскиот Кралски институт за обединети служби (RUSI), рече дека протерувањата на двајцата генерали биле наменети за да се прикаже кинескиот претседател како што е можно посилен. „Внатрешно, протерувањата на г-дин Џанг и г-дин Ли покажуваат дека Си сака апсолутна дисциплина, без нерешени фракциски конфликти и без двосмисленост околу тоа кој ја контролира војската пред да отпатува во Вашингтон“, изјави д-р Хаврен за „Телеграф“.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
АвтомобилизамИ Саудиска Арабија почна да произведува автомобили- го претставија својот прв електричен модел (ФОТО)Саудиска Арабија влегува во автомобилската индустрија со сопствен бренд Ceer, проширувајќи ја економијата надвор од нафтениот сектор. Престолонаследникот Мохамед бин Салман ги претстави првите два модели, седан и теренец од серијата Exobot, кои ќе се произведуваат во Кралството. Првично, Ceer ќе понуди два електрични модели со високи перформанси. Футуристичка лимузина и голем SUV наречен Exobot ќе го претставуваат врвот на гамата. И двата модели имаат електричен погон, а во најмоќната верзија развиваат и до 850 коњски сили. Перформанси и дизајн Платформата на моделот Exobot користи технологија на напон од 800 волти и до три електрични мотори. Лимузина со максимална моќност од 850 КС би требало да забрза од 0 до 100 km/h за 2,6 секунди, додека на теренецот му се потребни 2,9 секунди за истото забрзување, според производителот. Производителот наведува автономија до 670 километри за седанот и до 560 километри за теренецот. Овие вредности се пресметуваат според стариот NEDC циклус и не се директно споредливи со европскиот стандард WLTP. Полнењето на батеријата од 10 до 80 проценти капацитет треба да трае помалку од 30 минути. Дизајнот исто така треба да привлече внимание. Седанот има врати на Шахин Винг што се отвораат нагоре, шофершајбна од 2,4 метри и делумно застаклени врати. Во внатрешноста на теренецот, во целиот кокпит доминира 48-инчен 8K екран, а класичните надворешни ретровизори се заменети со камери. Технологија и производство Проектот не започнува од нула. Компанијата Ceer е основана во 2022 година како заеднички проект на саудискиот државен инвестициски фонд PIF и тајванскиот електронски гигант Foxconn. Ceer, исто така, купи лиценци за користење на компоненти на BMW. И покрај тоа, автомобилите ќе се развиваат и произведуваат во Саудиска Арабија, каде што се гради голем фабрички комплекс. Проектот е дел од стратегијата „Визија 2030“, со која Кралството сака да ја диверзифицира својата економија и да ја намали зависноста од нафта. Седум модели за пет години Серијата Exobot го означува само почетокот. Планот е да се развијат седум модели во следните пет години. По седаните и теренците, ќе следат помали возила со различни типови на погони. Првите модели на Exobot треба да се појават на пазарот во 2027. Засега Ceer се фокусира на Саудиска Арабија и регионот, а неговото доаѓање на европскиот пазар се уште не е најавено.Тагови: електричен модел Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСкандал во Албанија: Директорка на разузнувачката служба под истрага, му помагала во бегство на бизнисменСпецијалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал на Албанија (СПАК) побара куќен притвор за Влора Хисени, директорката на Албанската државна разузнавачка служба (ШИШ).Откако Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал на Албанија (СПАК) побара куќен притвор за Влора Хисени, директорката на Албанската државна разузнавачка служба (ШИШ), која исто така беше суспендирана од должност, откриени се нови детали за акцијата спроведена во рамките на истрагата за случајот „АКШИ“. За потсетување, Хисени е, според наводите во истрагата, осомничена за помагање и поттикнување на сторителот на кривично дело и откривање истражни тајни. ЃККО, или Специјалниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија, на барање на СПАК, ѝ одреди куќен притвор и суспензија од должност. Сепак, истото не можеше да се спроведе бидејќи Хисени наводно не е во земјата, туку во Азербејџан. Во исто време, беа извршени претреси, меѓу другото, и во домот на поранешниот директор на албанската полиција, Илир Прода. Хисени се споменува во овој случај во рамките на пошироката истрага за случајот AKSHI, или Националната агенција за информатичко општество на Албанија, чии јавни набавки и тендери се предмет на истрага на СПАК. Случајот истражува сомневања за манипулација со тендери, повреда на рамноправноста на учесниците во јавните набавки, корупција, перење пари и други кривични дела. Според албанските медиуми, Хисени е осомничена дека му помогнала на Ергис Агаши, бизнисмен и еден од клучните осомничени во случајот AKSHI, додека бил во бегство. Агаши е баран од СПАК од декември 2025 година, а беше уапсен на 26 август 2026 година во Драч. СПАК го истражува поради сомнение за нелегална конкуренција со употреба на насилство, незаконско лишување од слобода, повреда на рамноправноста на учесниците во јавните тендери, дејствување во рамките на структурирана криминална група, перење пари и активна корупција на јавни службеници. Фатјон Каључи, раководител на Полициската научна лабораторија, и Ембро Сулејмани, администратор на агротуризмот „Кодра е Куајве“ во Драч, исто така беа уапсени во рамките на денешната операција. Според извештаите на медиумите, Сулејмани работел како администратор во ресторан во владин комплекс и е осомничен дека ги избришал снимките од безбедносните камери по апсењето на Агаси за да ги скрие доказите за неговото присуство во просториите. „Обвинителите побараа притвор за Фатјон Каључи, раководител на Полициската научна лабораторија, и Ембро Сулејмани, сопственик на бизнис во Драч, за кој се верува дека работел во ресторан во владин комплекс и е осомничен дека ги избришал снимките од безбедносните камери во времето на апсењето на Ергис Агаши за да ги скрие доказите за присуството на Агаши во просториите. Претресите продолжуваат на неколку локации и бизниси во Драч“, рече таа.Тагови: Албанија бизнисмен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook