МакедонијаСе одложи состанокот на работната група за Изборниот законикСе откажа состанок на работната група за Изборниот законик кој требаше да се одржи во министерсвото за правда.Целта е да се постигне договор за промена на изборниот модел кој ќе биде поддржан од сите парламентарни партии. Состанокот го следи Ивана Стојановска.. Ивана што знаеме досега? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Министерството за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
МакедонијаВо Неготино и Градско започна жетвата на јачменЖетвата на јачменот во Неготино и Градско започна а за десетина дена ќе почне да се жнее и во штипско карбинскиот регион. Производителите предупредуваат дека неизвесноста околу тоа колкави ќе бидат откупните цени е голема и бараат итно да се свика Потсекторската група за жито за да се дефинираат откупните цени. Според нив, поскапувањето на репроматеријалите, горивата и механизацијата значително ги зголемиле трошоците за производство, а дополнителен проблем е и доцнењето на субвенциите. И останатите земјоделски здруженија се со сличен став дека под 16 денари не треба годинава да се откупува пченицата како стратешка кулутра ако сакаме да ги зголемуваме површините и да ја намалуваме увозната зависност од лебно жито. Став побаравме и од министерството за земјдоелство во кој се вели.. Во текот на наредната недела ќе се одржи состанок на потсекторската група за жито на која една од точките на дневен ред ќе биде претстојната жетва на пченицата и јачменот. Дополнителен проблем за земјоделците е условот кој го постави државата 30% од родот да е предаден кај регистриран откупувач кој сега може да го злоупотребат откупувачите заради што и бараат државата да ги заштити со брзо носење на реална пресметката за производната цена која треба да биде заштита за земјоделците од манипулации со цената. Велат дека во периодот на жетва за одржување на реалната откупна цена многу би помогнало и ако навреме се вклучат и стоковите резерви со откуп. Барањата на земјоделците се совпаѓаат и со актуелните движења на светските пазари. Анализите на меѓународните берзи покажуваат дека годинава се очекува намалено производство кај дел од најголемите производители на пченица, додека климатските ризици и намалените залихи ги одржуваат цените на релативно високо ниво. Покрај неизвесноста околу откупната цена, земјоделците реагираат и поради доцнењето на исплатата на субвенциите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје Започнува со работа првото прихолошко советувалиште за деца и адолесцентиДеца, тинејџери, родители и наставници ќе добиваат совети од стручни лица со цел справување со емоционални, семејни и лични предизвици – започнува со работа првото прихолошко советувалиште за деца и адолесценти. Центарот кој е единствен од ваков тип во земјава ќе функционира како дел од Институтот за јавно здравје – диркеотрката на ИЈЗ Марија Андоновска вели прегледите ќе се закажуваат преку мој термин... На отворањето на центарот надлежните порачаа дека менталното здравје пред се кај децата и адолесцентите мора да биде приоритет и да се третира соодветно. „Стручни лица ќе работат со деца, со тинејџери, со родители и со наставници, за надминување на емоционалните, семејните и личните предизвици, ќе се водат разговори, ќе се даваат насоки, не само за надминување на проблемите, туку и за понатамошен емоционален развој, развој во комуникациски вештини и надминување на сите оние бариери со коишто се сретнуваат децата или проблеми во текот на живот во предшколската, шкоската, училишната и нели во малце повозрасните. Тоа ќе можат сите овие категории да го направат со помош на мој термин....“ - Марија Андоновска – Институт за јавно здравје. „За жал ментланото здравје никогаш не било третирано како што тоа се третира во светот за среќа во овој период во здравствениот систем менталното здравје почнува да се третира и да се гледа со приоритет како што тоа се прави во цел свет. Се со цел да може да бараат стручна помош ... “ - Азир Алиу – министер за здравство. Со цел воспоставување на ред во здравството, но и последниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој се однесуваше токму на Институтот за јавно здравје а во кој беше нотирано дека 30тина луѓе со години не оделе на работа а земале плата, Алуи најави нови апаратчиња за откучување при влез и излез од работните места. Станува збор за апарати на кои вработените ќе треба да се откуцуваат со фингер принт нешто што веќе се применува во министерството за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна полагањето на државната матура Со пенкало в рака и без мобилни телефони, повеќе од 14.500 матуранти седнаа во училишните клупи и во амфитеатрите на факултетите. За нив, денеска започна полагањето на матурските испити, а први на распоред беа изборните предмети. Годинава, согласно измените на Законот за средно образование, за првпат се спроведуваат три типа испити – државна матура, државна стручна и уметничка матура. Матурантите велат дека испитот поминал во најдобар ред и се задоволни од начинот на полагање. - Супер поминавме многу лесно беше. Беа забранети телефоните не се употребуваше и реално мислам дека нема потреба, нека си учат на време и тоа е тоа. Искрено супер беше, испитот беше многу лесен, одлично беше се организацијата топ. Учениците, веќе трета година матурските испити ги полагаат во училишните холови, а втора година по ред се организираат и во амфитеатрите на факултетите. Ваквиот начин на организација беше воведен со цел да се намалат можностите за препишување, по неколкуте случаи на масовно препишување преку Вибер групи изминатите години. Министерката за образование и наука Весна Јаневска препудпреди дека секој обид за препишување носи сериозни последици и може да го одложи стекнувањето на диплома за цела година, додека директорката на ДИЦ Даниела Јовчевска - Михајловска кажа дека се ангажирани околу 200 набљудувачи и 2.500 тестатори и очекува препишувањето да биде сведено на нула. -Минатогодишното искуство покажа дека полагањето во големи простори како што се амфитеатрите на универзитетите дава подобри резултати, односно се намалија оние несакани дејствија кои одреден број на ученици се обидоа да ги искористат. На сите им посакувам матурата и да ја добијат заслужената оценка,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука. -Ние правиме се за полагањето да биде како што треба, сите ученици да имаат еднакви можности и фер полагање за на крај да го добијат тоа што навистина и го заслуваат. Се надевам дека во просториите нема телефони и рековме тоа е сепак организација на матурската учичишна организација, тестаторите кои што се крајно одговорни, набљудувачите кои што се присутни тука за да го сведеме тоа на нула, не велам на минимум туку на нула, е сега,- Даниела Јовчевска – Михајловска – ДИЦ. Според податоците на ДИЦ, најголем дел од матурантите, над 13.000 за изброен предмет го одбрале англискиот јазик, додека нешто над 1000 се одлучиле да полагаат математика. Задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература, матурантите ќе го полагаат за 11, односно на 12 јуни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook