Се одложи рочиштето на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ - Канал 5

Се одложи рочиштето на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ

Се одложи  рочиштето на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања и Панче.

Се одложи  рочиштето на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ

Се одложи рочиштето на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. според досегашната динамика на судењата, расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда, одлагањата на рочиштата од било која причина може да го успорат процесот.

За да се утврди вистината предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага или да се одреди реконструкција, вели бранителот на еден од обвинетите.

Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.

Според Манев, за да се добие правилна и вистинита пресуда и да се утврди вистината и фактите мора да се направи една од тие две работи. Во спротивно, нагласи тој, каква и да биде пресудата таа ќе подложи на жалби.

-Низ исказите на сите обвинети неминовно произлегува потребата или од реконструкција на настанот или од враќање на предметот во истражна постапка, затоа што ако ги следите исказите, се споменуваат други лица кои што биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа. Понатаму, се кријат, односно не се изведуваат докази од битно значење, изјави Манев.

Предметот, нагласи Манев, мора да се врати во фаза на истрага, за да се утврдат тие факти и утврдување на вистината.

-Мора да се врати затоа што се почесто се споменуваат и други лица кои што не се ниту обвинети, ниту се на обвинителна клупа, а во исказите се споменуваат како учесници. Постојат неколку снимки кои што обвинителство, од не знам какви причини не ги даде да ги гледаме. Едни од таквите снимки, се снимките кај бензиската станица Лукоил во Велес, каде јасно се гледа ликот на Панче Жежовски, направена некаде во 12 часот на 22 ноември, а тие во обвинение викаат дека во 9 часот човекот е убиен, изјави Манев.

Третата работа, зошто овој предмет треба да се врати во истрага, според Манев, е тоа што Обвинителство нема дадено никакво вештачење на зрната оружје, со цел да се утврди дали станува збор за легално или нелегално оружје.

-Работа на обвинителство во истражна постапка е да ги утврди сите факти и да ги повика луѓето. Зошто обвинителство тоа не го прави, како што не изведува и други докази кои што се од битно значење, тоа треба да ги прашате обвинителките, изјави Манев.

Денешното рочиште за судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски се одложи поради отсуство на адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски.

Судијата Ивица Стефановски, информираше дека денеска добил поднесок од бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшевски, со медицинска документација и барање за одложување. Судијата, посочи дека ова е прво вакво барање, но доколку се повтори во иднина ќе назначи судија по службена должност.

Следното рочиште, закажано на 23 април треба да продолжи со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. На минатото рочиште, Палевски одговарајќи на прашања од неговиот бранител Јовица Страшески негираше одговорност за двојното убиство, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“, организиран од политички и медиумски структури.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. 

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

„Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер