3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
ЖивотСе одбележуваат 100 години од смртта на творецот на Ајфеловата кулаВо Париз, целата оваа 2023 година се одбележува стогодишнината од смртта на Густав Ајфел (1832 - 1923).Во Париз, целата оваа 2023 година се одбележува стогодишнината од смртта на Густав Ајфел (1832 - 1923), создавачот на светски познатата кула којашто се наоѓа во главниот град во Франција и го носи неговото име, соопшти операторот на споменикот. Изградбата на Ајфеловата кула е завршена на 31 март 1889, а официјално е отворена на 6 мај истата година. Структурата е составена од 18.038 делови од леано железо, со помош на 2,5 милиони нитни. За време на изградбата, благодарение на безбедносните мерки што ги вовел Ајфел, загинал само еден работник, што во тоа време било несекојдневно достигнување. Металната конструкција тежи 7.300 тони, а до врвот има 16.665 скалила. - На крајот на 19 век, изградбата на кула од 300 метри во срцето на Париз, највисока во светот во тоа време, било неверојатен предизвик. Тоа било во доменот на научната фантастика!, истакна претседателот на Компанијата за одржување на Ајфеловата кула, Жан-Франсоа Мартинс. Според него, одбележувањето 100 години од смртта на Ајфел значи славење на „духот на научното освојување и човечката генијалност“. На секои седум години, се нанесува боја на целата структура за да се заштити од корозија. Во зависност од временските услови, врвот на кулата може да отстапи од вертикалата до осум сантиметри. Ова движење е предизвикано од нерамномерното загревање на металот од страната на Сонцето и од страната на сенката. Кога била изградена кулата, многу парижани мислеле дека тоа е за потсмев и треба да се урне. Денес се смета за едно од ремек-делата на светската архитектура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандатРејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од почетокот на неговиот втор мандат, покажува најновата анкета на Ројтерс и ИПСОС.Истражувањето покажува дека само 33 отсто од испитаниците го одобруваат неговото работење, додека 64 отсто не го поддржуваат. Околу 80 отсто од Американците се изјасниле дека американското учество во конфликтот со Иран ќе трае подолго време, додека само еден од пет испитаници смета дека војната била оправдана. Падот на поддршката создава дополнителен притисок врз републиканците пред ноемвриските избори за конгресот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
СветРечиси 188.000 компании се затворија во Германија минатата година, најмногу од 2007 година187.744 компании се затворија во Германија минатата година, најмногу за речиси 20 години, според заедничката годишна анализа на кредитната агенција „Creditreform “ и Центарот за европски економски истражувања Лајбниц (ZEW), објавена во вторник.Бројот на затворени компании беше речиси десет проценти поголем од претходната година, а последен пат кога беа затворени повеќе беше во 2007 година, кога беа затворени речиси 208.000. Ова означува втора година по ред на раст на бројот на затворања. „Кризата сега се шири низ речиси целата економија“, рече Патрик-Лудвиг Ханч, раководител на економски истражувања во „Creditreform“, истакнувајќи дека, за разлика од претходните години, дури и компаниите што всушност беа здрави сега се затвораат. Угостителството и туризмот се најпогодени Бројот на затворени бизниси се зголеми во текот на годината во речиси сите сектори, со најголем број затворања во секторите угостителство и туризам. Во 2025 година, околу 15.000 ресторани и сместувачки капацитети се затворија, 15 проценти повеќе од претходната година. Здравството бележи долгорочен негативен тренд Негативниот тренд во здравството, кој трае околу десет години, исто така продолжи. Бројот на затворени бизниси во овој сектор достигна речиси 11.000, приближно двојно повеќе од 2008 година. Речиси 5.500 лекарски ординации се затворија минатата година, 23 проценти повеќе отколку во 2024 година, најчесто затоа што лекарите се пензионирале и не можеле да најдат некој да ги преземе нивните ординации. Пад е забележан и во индустријата Околу 11.000 компании во индустријата се затворија, или 10 проценти повеќе од претходната година. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВо јули регистрирани 11 нови ХИВ/СИДА случаи, девет се кај мажиВо Македонија во текот на јули се регистрирани 11 нови случаи во категоријата ХИВ/СИДА, покажува најновиот месечен билтен на Институтот за јавно здравје. Девет од новорегистрираните лица се мажи, а две се жени. Сите случаи се кај лица на возраст од 20 до 49 години. Официјалните податоци на ИЈЗ покажуваат дека заклучно со 30 јуни 2026 година, во Македонија од почетокот на евиденцијата во 1987 година биле регистрирани вкупно 765 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 508 живеат со ХИВ, 141 лице починало, а 116 се водат како изгубени за следење, главно поради иселување. Важно е да се направи разлика меѓу ХИВ и СИДА. ИЈЗ во билтенот ги објавува новите пријави во заедничката категорија „ХИВ/СИДА“, но тоа не значи дека сите новодијагностицирани лица имаат Сида. ХИВ е вирусот кој го напаѓа имунолошкиот систем, додека сида е најнапредната фаза на нелекуваната ХИВ инфекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter