Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева
Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата
1Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева
2Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и Армијата
Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
МакедонијаСе одбележуваат 100 години од битката на Добро Поле и пробивот на Македонскиот фронтОпштина Новаци, Амбасадата на Франција , историчари, истражувачи, рекреативци, туристи и спортисти, од утрово и во текот на цел ден, го одбележуваат денот кога пред 100 години на Добро Поле е пробиен Македонскиот фронт.Пред точно 100 години, на 15 септември тука почнала огнената офанзива и пробивот на македонскиот фронт и тоа на запад придонесе за брзо потпишување на примирјето кое се случи на 11 ноември истата година, истакна утрово францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој заедно со градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски, ги поздравија учесниците на историско-туристичката тура со џипови. Тој оцени дека оваа страница од историјата на Македонија е дел од европската историја, а градот Битола како и градот Верден го чува францускиот воен крст во знак на почит кон страдањата на локалното население. - Денес, како што посочи, ќе ги посетиме местата што ги чуваат спомените на нашето заедничко минато. Посакувам успешно да се развива историскиот туризам и во Новаци во знак на почит кон минатото и историското наследство, и да создаваме нови врски меѓу нашите две држави. Општина Новаци се грижи, го негува и развива историското минато, и го поттикнува меморијалниот туризам како важен спомен на општината од Првата светска војна, предочи градоначалникот Кузманоски. -Денес се навршуваат точно 100 години од пробивот на македонскиот фронт кај местото Добро Поле од страна на силите на Антаната. Таа битка која пред еден век се одвивала на денешен ден всушност го означила почетокот на крајот на Првата светска војна. Многу историчари битката кај Добро Поле ја сметаат за пресудна битка бидејќи веднаш потоа беше потпишано примирјето со што настапи крајот на Првата светска војна, истакна Кузманоски. Според програмата, учесниците на Добро Поле ќе одржат историски час, а на карпата каде во 1938 година имало споменик кој сега го нема, ќе биде поставена плоча. Реплика од тогашниот споменик од вчера се наоѓа и на француските воени гробишта во Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева 340 милиони денари или 5,5 милиони евра изнесува вкупната финансиска конструкција за прославата на 35 години независност, според информациите што ги соопшти Владата. Од нив, 300 милиони денари, или 4,8 милиони евра, биле обезбедени преку Државната лотарија од нераспределената добивка за 2024 година, а дополнителни 40 милиони денари или околу 650.000 евра обезбедиле општествено одговорни компании. На речиси едночасовна прес конференција која ја одржаав владината портпаролка Марија Митева, директорот на АД Државна лотарија Александар Климовски и сопственикот на Авалон продукција беа објаснети деталите околу одлуката и склучувањето на договорот за организирање на прославата. Митева кажа дека со владин заклучок било предвидено ангажирање на светски артист од А класа, продукција од ист ранг и организација на 12 настани низ Македонија. „Владата донесе заклучок каде се утврдија конкретните активности за прославата за независноста. Беше предвидено А класа светски артист, со А класа продукција кој гарантира 30.000 посетители, организирање на 12 настани низ Македонија со концепт, настан со светска ѕвезда А класа во придружба на македонски артисти. Ќе ми дозволите да направам важна споредба, Перпарим Бајрами и Артан Груби – 8,2 милиони во воздух. Тоа се средства кои не завршија кај граѓаните, а ова се пари кои завршија за граѓаните.“ Директорот на АД Државна лотарија Климовски вели дека тие 300 милиони денари кои доаѓаат од нераспределената добивка се компаниски пари, а не буџетски иако единствен сопственик на компанијата е државата. Тој објасни дека откако го добиле заклучокот од Владта, објавеиле јавен повик, иако согласно законот за спонзорства и донации немале таква обврска, а не него се јавила само фирмата Стардаст која ги имала правата за трговската марка на Авалон. „Станува збор за средства од 300 милиони денари кои беа компаниски пари, нераспределена добивка. Компанијата е издвоена од Владата. Сè додека се во компанијата, тие се корпоративни пари.“ Лидерот на СДСМ Венко Филипче претходно на прес конференција побара Владата веднаш да ги објави записникот од 167. седница, целата документација за постапката и поединечните исплати на сите учесници во прославата. Според него, лага е дека парите не се државни и праша зошто не биле употребени за друга намена. „Мицкоски изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту еден денар народни пари. Но, од 167. седница на Владата излезе на виделина дека АД Државна лотарија, која е стопроцентно во сопственост на државата, треба да ја организира прославата со пет милиони евра народни пари, пари на граѓаните. Ниту знаеме кој одлучувал за пет милиони евра пари на граѓаните, ниту врз основа на кои критериуми набавката ѝ е доделена на компанијата што го организирала настанот. Само неколку месеци претходно истата компанија добила пари од Државната лотарија и за други активности, а никој не знае за кои и какви. Може ли некој да каже дека нема сомнеж во оваа работа? Зошто дивидендата од Државната лотарија не се намени за исплата и зголемување на субвенциите на земјоделците, за лековите што недостасуваат, за подобрување на инфраструктурата во училиштата или за зголемување на социјалната помош? “ Инаку, на самиот почеток на денешната пресконференција за отчетот, сопственикот на Авалон Бобан Милошески се извини за неговиот однос кон новинарката на Слободен печат, кога на претходната прес конференција на прашањето за тоа колку чини концертот на Дејвид Гета, одговори со, цитирам, „дали мислите дека сум идиот“... Според договорот со Авалон, Климовски вели дека до 1 октомври продукцијата ќе треба да достави детален извештај за тоа колку пари за секој настан од прославата поедничено се потрошени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКомандантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во посета на нашата земја и АрмијатаДелегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples - JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата.Делегација од Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples - JFCNP), предводена од командантот адмирал Џорџ М. Викоф, од вчера 9 септември 2026 година, се наоѓа во дводневна посета на државата и Армијата. Во рамки на посетата адмиралот Викоф оствари средби со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбите се разговараше за актуелната безбедносна состојба во регионот, постигнувањето на НАТО целите на способност, можностите за реализација на вежбовни активности на македонска територија, како и унапредување на интероперабилноста и натамошното зајакнување на соработката во рамки на Алијансата. Дополнително адмиралот Викоф беше информиран и за можностите кои ги нуди нашата земја, како држава во регионот која претставува географска раскрсница на повеќе транспортни коридори, а Армијата има важна улога во остварувањето на мобилноста, брзината, иницијативата, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата. Во рамките на посетата адмиралот Викоф ја истакна посветеноста на нашата држава како активен придонесувач во зачувувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, нагласувајќи ја професионалноста и придонесот на македонската Армија во активности предводени од НАТО. На средбите беше потврдена и важноста од заеднички и координиран пристап во рамките на Алијансата во справување со современите безбедносни предизвици, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКонференција во Собранието посветена на регионалната соработка за интеграција во ЕУВо Собранието денеска продолжи конференцијата посветена на регионалната соработка за интеграција во Европската Унија.Во Собранието денеска продолжи конференцијата посветена на регионалната соработка за интеграција во Европската Унија, со фокус на парламентарниот надзор во унапредувањето на пристапниот процес и спроведување на реформската агенда. Тема на дискусија беа и актуелните политики и случувања на ниво на Унијата, мегу нив и досегашните нон-пејпери, но и можните промени во методологијата за пристапување кон ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter