Се одбележува роденденот на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески - Канал 5

Се одбележува роденденот на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески

Тоше Проески има само ден на раѓање, 25. Јануари 1981 година.

Се одбележува роденденот на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески

Ова го велат неговите бројни фанови кои не го забароваат ниту него, ниту неговиот роденден, и 19 години по неговата трагична смрт. Ако Тоше беше жив денеска ќе го прославеше 45от роденден.

Роденденот на Тоше се одбележа и во „Спомен куќата Тодор Проески“ во Крушево под мотото „Тоше живее во песните, во срцата и во вечноста“ се одбележа 45-от роденден на Тоше . А беше промовирана и новата книга посветена на Тоше.

Со торта и свеќички, роденденот на Тоше го одбележа и неговото семејство, на неговото вечно почивалиште на Гумење.

Обожаватели на Тоше од цел Балкан, секоја година на 25 јануари го посетуваат гробот на прерано загинатиот Тоше Проески и спомен домот кој ги чува сите негови лични предмети, меѓу нив се дури и двата мобилни телефони, кои Тоше ги носел со себе на денот на несреќата,.

Тоше и денес живее преку своите песни, зборови и дела.Остана запаметен по незаменливата хуманост, а во негова чест секоја година на 25 јануари се организираат крводарителни акции во Скопје и Крушево.

Јас дарував, дарувај и ти, беше мотото на Тоше. И денеска многу млади го следат неговиот пример.

19 тажни години поминаа без Тоше. Тој загина на само 26 години, во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Веста за неговата смрт за брзо време го обиколи регионот и остави милиони луѓе во шок. Тоше имаше кратка, но блескава кариера. Ја претставуваше Македонија на Евросонг, сними седум албуми, а неговите песни и денеска живеат. Одржуваше хуманитарни концерти, благодарение на кои ја доби и хуманитарната награда Мајка Тереа, а во 2003 година стана и регионален УНИЦЕФ амбасадор.Последниот концерт го одржа во Скопје, само единаесет дена пред неговата смрт. Со публиката, како и секогаш се поздрави со зборовите Ве сакам сите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер