3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ЗдравјеСе одбележува Меѓународниот ден на ретки болестиИтно е потребна национална стратегија за ретки болести со цел на време да се реагира на секој иден проблем но и да се крене свеста кај луѓето. Проблем е кога дел од ново дијагноситицраните пациенти треба да чекаат терпија, бидејќи голем проблем се тендерите, диструбитерите на лекови, обајснуваат од Националната алијанса за ретки болести. „Има проблем со пациенти кои се детектирани со ретка болест, а нема плус нов лек за нив. Минатата година се случи навистина брзо да се добие лекот, но затоа е потребна стратегија за да нема проблеми“, вели Наташа Анѓелеска Национална стратегија за ретки болести. „Да има проблем со нови пациенти но навистина се прави брза рекација на време да се даде тој лек. Има случаи каде што има пари за лек, но нема дистрибутер за достава“, вели Јовица Андоновски заемник министер за здравство. Исто така важен е трендот да се следат новите лекови. Новата генерација носи состојба кај пациентите со ретки болести да имаат квалитетен живот. „Ретките се ретки но ги има на број, но секако дека треба да има терпија и да се следи нивниот живот“, вели проф.д-р Златко Стојаноски Клиника за хематологија. „Итно е потребна стратегија со цел да има подобар квалитет“, вели Сашо Клековски директор на ФЗОМ. Од комисијата за заштита од дискриминација пријави еден случај на вработен кој го изгубил своето работно место заради ретка болест. Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, објасни дека во секој дневниот живот општините мора да им помогнат на луѓето со ретки болести. Во Македонија во регистарот за луѓе со ретки болести има вкупно 959. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГерманска банка финансирала еден од најголемите бордели во Европа, сега е под истрагаГерманскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа.Германскиот финансиски регулатор BaFin побара информации од регионалната банка „Volksbank Köln Bonn“ во врска со заем искористен во 2021 година за финансирање на купувањето на еден од најголемите бордели во Европа, изјави за „Ројтерс“ извор запознаен со случајот. „Volksbank Köln Bonn“ му го одобрила заемот на кинескиот инвеститор Ху Јинг за купување на борделот „Паша“ во Келн. Проституцијата е легална во Германија. Во јули, банката ангажирала адвокатска канцеларија за независно истражување на трансакцијата, вклучително и дали некој член на управниот одбор можеби лично профитирал од зделката. Деталите за заемот не се обелоденети. „Volksbank Köln Bonn“ одби да ја коментира истрагата на BaFin. Банката изјави дека го смета членот на одборот за невин сè додека не се утврдат сите околности и напомена дека тој ќе остане на отсуство додека не заврши проверката. Адвокатот Маркус Лемкулер изјави за „Ројтерс“ дека го застапува членот на одборот Јирген Нојтгенс, кој ја извршува таа функција од 2018 година. Според извор запознаен со случајот, BaFin ја истражува можноста дека на Нојтгенс му била исплатена провизија во врска со заемот. Ројтерс не успеа да утврди на кого и за што била исплатена наводната провизија. „Мојот клиент во ниту еден момент не примил никаква исплата“, напиша Лемкулер како одговор на прашањата од Ројтерс. Тој додаде дека очекува истрагата да покаже оти обвинувањата против неговиот клиент се неосновани. Банката покрена внатрешна истрага по извештаите во германските медиуми за заемот. Германските „Фолксбанки“ (Volksbanken) се задружни банки во сопственост на нивните членови и претставуваат важен дел од финансискиот систем на најголемата европска економија. Тие ретко одобруваат кредити за странски инвеститори и генерално избегнуваат деловни активности што би можеле да ѝ наштетат на нивната репутација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: На Неретва уловен сом од скоро два метриРибари во областа на Салаковац, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, успеале да уловат огромна риба на реката Неретва.Двајцата рибари во водите на Неретва уловоиле сом долг 196 сантиметри и тежок приближно 50 килограми. Според рибарите, станува збор за капитален примерок уловен во реонот на Салаковац. -Беше потребен голем напор за да се извлече оваа огромна риба од водата и да се подигне на брегот, истакнале рибарите. U Salakovcu uhvaćen som težak 50 kilograma i dug gotovo dva metra pic.twitter.com/3PR2JY5hOt — Bljesak.info (@Bljesak) August 24, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската трескаПодготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска, издадено и ажурирано упатство до матичните лекари.Министерот за здравство, Сашо Клековски денес одржа прес конференција на која информираше за последните новости за епидемијата на западнонилска треска. - Во моментот има вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, од кои 50 се потврдени, а тројца се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Вкупно 52 пациенти се со невроинвазивна форма. Од Клиниката за инфективни болести 25 пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување, за жал, се евидентирани пет смртни случаи. Во моментот 21 пациент се хоспитализирани на Инфективната клиника, од кои шест се на интензивна нега, информираше министерот Клековски. Тој истакна дека е издадено ажурирано упатство за лекарите на клиники, како и за матичните лекари да посветат внимание на пациентите со имуносупресивна терапија. - Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста на оваа тема, подготвивме нова веб страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. Во моментот се направени вонредни прскања против комарци по индикација во шест од ризичните подрачја, додека по 14 август, согласно претходниот пресек на состојбата се извршени вонредни - по индикации прскања во повеќе подрачја, меѓу кои Кисела Вода (Драчево), канали во Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров, додаде Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook