Се обиделе да украдат два луксузни Ламборџини од салон, не стигнале далеку (ФОТО) - Канал 5

Се обиделе да украдат два луксузни Ламборџини од салон, не стигнале далеку (ФОТО)

Полициската патрола била малку изненадена кога во раните утрински часови ги виделе двата нови теренски автомобили „Ламборџини“ оставени на крстосница, целосно уништени. 

Се обиделе да украдат два луксузни Ламборџини од салон, не стигнале далеку (ФОТО)

Во 3:05 часот, аларм се вклучил во салонот на Ламборџини во предградие на Бостон. Една минута подоцна, започнала полициската потера , а наскоро двата скапи автомобила и еден „Шевролет“ биле забележани напуштени на блиската раскрсница. Се разбира, полицијата се обидела да ги сопре автомобилите, но возачите побегнале.

Над 600 КС, моќните Уруси се пеколна машина, па возачите им избегале на полицајците со голема брзина. Возачот на „Шевролет“ кој беше во близина на едниот Урус се предаде веднаш. Се испостави дека и тој бил крадец, но неговиот вкус бил далеку поскромен.

Пет часа подоцна, полицијата на 40 километри оддалеченост од салонот во Малден објави дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале двата автомобила Ламборџини. Тие се забиле еден на друг и еден од возачите веднаш бил уапсен. По вториот сеуште се трага. Материјалната штета е голема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политичка пресврт во Шпанија?

Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) на премиерот Педро Санчез преговара за формирање левичарски блок кој заеднички би настапил на изборите за Сенатот на 29 ноември.

Политичка пресврт во Шпанија?

Според внатрешна анализа на „PSOE“, една ваква листа би можела на левицата да ѝ обезбеди апсолутно мнозинство во горниот дом на парламентот. Коалицијата би ја сочинувале „PSOE“, „Frente Amplio“ и „Podemos“. Рокот за пријавување коалиции истекува вечерва на полноќ, а конечен договор сè уште не е објавен.

Во четвртокот, говорејќи од Брисел, Санчез потврди дека заедничкиот настап на изборите за Сенатот останува како можност.

До 40 сенатори повеќе

„PSOE“ очекува значителни придобивки од ова обединување. Според внатрешен документ во кој увид имал информативниот портал „Eldijario.es“, заедничка листа составена од „PSOE“, „Frente Amplio“ и „Podemos“ би можела да освои 129 од вкупно 209 места во Сенатот за кои се гласа на изборите.

Во истиот документ се проценува дека „PSOE“ и нејзините сојузници би можеле да избијат на првото место во дури единаесет провинции каде што претходно победувале десничарски партии. Ова се должи на шпанскиот изборен систем, кој им доделува поголем број места во Сенатот на победниците, дури и кога разликата во бројот на гласови помеѓу коалициите и партиите што се натпреваруваат е релативно мала.

За Санчез ова е од големо значење, бидејќи Сенатот претставуваше извор на неговите најголеми тешкотии за време на тековниот мандат. Горниот дом на парламентот служеше како главна противтежа на владата – составена од „PSOE“ и „Sumar“ – со оглед на тоа што Народната партија „PP“ таму сама поседува апсолутно мнозинство, со 143 места.

Бидејќи се очекува десницата повторно да може да обезбеди мнозинство во Конгресот по изборите, „PSOE“ се стреми да задржи предност, барем во Сенатот.

„Podemos“ како главна пречка

Преговорите се најсложени поради вклученоста на „Podemos“. Договор само помеѓу „PSOE“ и „Frente Amplio“ не е доволен. Понатаму, „Podemos“ одби да се приклучи кон „Frente Amplio“, иако во моментов преговара за договори на регионално ниво.

Во текот на претходниот мандат, партијата главно беше во директен судир со социјалистите. Пред десет години, самиот „Podemos“ ѝ предложи коалиција на „PSOE“ за изборите за Сенатот, но социјалистите тогаш ја одбија понудата.

Сојуз од ваков вид би претставувал вистинска реткост во шпанската политика. Треба да се навратиме повеќе од 25 години наназад за да најдеме сличен преседан – кога тогашните лидери на „PSOE“ и на „Izquierda Unida“, Хоакин Алмунија и Франсиско Фрутос, потпишаа договор за заеднички изборни листи за Сенатот во 27 изборни единици.

Десницата не успеа да постигне договор

Доколку Санчез успее да формира обединет блок, најголеми губитници би можеле да бидат десничарските партии – Народната партија (PP) и радикално десничарската „Vox“ – кои не успеаја да постигнат договор за заеднички настап.

Како резултат на тоа, гласовите за десницата би можеле да се разделат меѓу овие две партии – поделба од која најголема корист веројатно би имал блокот на Санчез, кој е центриран околу „PSOE“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нарушен воздушен сообраќај во Италија, дефект во системот за контрола на летање

Патниците во воздушниот сообраќај низ Италија се соочуваат со доцнења и откажувања на летовите поради технички дефект во системот за контрола на летање. 

Нарушен воздушен сообраќај во Италија, дефект во системот за контрола на летање

Надлежните потврдија дека дефектот не е предизвикан злонамерно.

Италијанскиот давател на услуги за воздушна навигација, „ENAV“, соопшти дека воведе привремени ограничувања на капацитетот на воздушниот сообраќај, откако во текот на ноќта беа откриени аномалии во мрежата за пренос на податоци, која ги поддржува услугите за контрола на летање на национално ниво.

Доцнења и откажувања на летови

„ADR“, компанијата што управува со аеродромите во Рим, наведе дека „поради технички проблеми во националниот систем за контрола на летање, може да дојде до доцнења и откажувања на летовите“.

Од компанијата им препорачаа на патниците да стапат во контакт со своите авиокомпании. Слично известување издаде и „SEA“, операторот на аеродромите во Милано.

Изворот на проблемот е идентификуван и во тек се активности за целосно воспоставување на функционирањето на системот, соопшти „ENAV“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Business Leader 2026 ги обедини лидерите на македонската економија: околу 600 гости во Македонската филхармонија

Третото издание на Business Leader на едно место обедини околу 600 претставници на македонската бизнис-заедница, институциите и дипломатскиот кор. 

Business Leader 2026 ги обедини лидерите на македонската економија: околу 600 гости во Македонската филхармонија

На централната церемонија се обратија претседателот на Владата Христијан Мицкоски, генералниот извршен директор на Халкбанк Фатих Шахбаз и основачот на Business Leader Огнен Огненоски, а вечерта кулминираше со доделувањето на Business Leader признанијата за 2026 година.

Во Македонската филхармонија синоќа се одржа третото издание на Business Leader, кое годинава собра околу 600 гости – сопственици и директори на компании, претприемачи, претставници на институциите, дипломатскиот кор и бизнис-заедницата.

Компаниите претставени во салата заедно создаваат повеќе од две милијарди евра приходи и вработуваат повеќе од 50.000 луѓе, обединувајќи на едно место значаен дел од македонската економија.

Business Leader е создаден со цел да ги препознае и афирмира македонските компании зад кои стојат мерливи деловни резултати – раст, профитабилност, извоз, вработување и финансиска стабилност. Зад анализите и изборот на компаниите стои Бизнис Мрежа, организатор и аналитички партнер на Business Leader.

На централната церемонија се обратија основачот на Business Leader, Огнен Огненоски, генералниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, д-р Фатих Шахбаз, како и претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Во своето обраќање Огненоски истакна дека идејата зад Business Leader од самиот почеток била „успехот во Македонија да престане да биде тивок“ - да им се даде видливост на компаниите што создаваат, на луѓето што преземаат ризик и на резултатите што заслужуваат да бидат препознаени.

„Македонија можеби е мала на светската карта. Но големината на една земја не се мери само во квадратни километри. Се мери и според она што нејзините луѓе се способни да го создадат. А вечерва, кога гледам во оваа сала, гледам доказ дека Македонија има свои високи врвови“, порача Огненоски.

Посебна благодарност беше упатена до Халкбанк, која трета година по ред е генерален партнер на Business Leader. Континуитетот на партнерството претставува доверба во идејата Business Leader да прерасне во платформа која го препознава, поврзува и афирмира успешниот македонски бизнис.

Од макроекономијата до AI и бизнисот во 2030

На свечената церемонија ѝ претходеше конференцискиот дел на Business Leader 2026, посветен на економијата, технологијата, податоците, вештачката интелигенција и предизвиците со кои ќе се соочуваат компаниите во следните години.

Програмата вклучи макроекономска анализа и три панел-дискусии со претставници на бизнис-заедницата, институциите, технолошкиот сектор и академската заедница.

Една од централните дискусии се одвиваше под наслов „Бизнисот во 2030: Податоци, AI и компании без слепи точки“, отворајќи ги прашањата како податоците и вештачката интелигенција ќе го менуваат начинот на кој компаниите носат одлуки и како македонскиот бизнис треба да се подготви за следната фаза на дигиталната трансформација.

Резултатите на големата сцена

Централниот дел од вечерта беше посветен на Business Leader признанијата, чиј избор се темели на реални деловни резултати и анализа на податоците за македонските компании.

Годинава признанија добија компании од индустријата, трговијата, фармацијата, технологијата, телекомуникациите, финансискиот сектор, логистиката, здравството и други значајни сегменти на македонската економија.

Посебното признание „Стартап на годината 2026“ го доби FACTUM. Компанијата за само две години се разви од околу 7.000 евра годишен приход до бизнис кој се движи кон 400.000 евра годишен повторлив приход и има повеќе од 500 активни корисници.

Сава пензиско друштво – Premium Business Leader 2026

Кулминацијата на вечерта беше доделувањето на највисокото признание - Premium Business Leader 2026.

Од анализата на Бизнис Мрежа на македонските компании, Сава пензиско друштво АД Скопје беше издвоено за достигнувањето - три последователни години со највисока бонитетна оцена во конкуренција меѓу македонските компании.

Највисокото деловно признание симболично го додели проф. д-р Златко Јаќовски - лекар, професор и алпинист кој во 2023 година се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверест.

Признанието во име на Сава пензиско друштво го прими претседателката на Управниот одбор, Снежана Станковиќ.

Добитници на Business Leader признанијата за 2026 година

Меѓу компаниите и брендовите што годинава добија признанија се:

Signori, FACTUM, Davis Fabrics, МТЕЛ, Милкуз, ДМЦ Балканс, Завар Компани, Лав-Комерц, Термостил Даниел, Синцеритас, ММС Комуникации, АТУ Македонија, Хелиоцентрум, Sopro, Starcon Shipping, Liberty Скопје, Навико Шипинг, Ingram Micro Македонија, НЈСК Холдинг, Експанда, Интер-Констракшн, Отпад, Адвокат Александар Михајлоски, Condevo MK, Пуцко Петрол, SCM Retail / Skopje City Mall, DM Drogerie Markt, Ernst & Young – Услуги, КаСис, Алма-М, Зегин, Реплек, Аџибадем Систина, Wabtec МЗТ, КБ Прво пензиско друштво и Макстил, додека Сава пензиско друштво го понесе главното признание Premium Business Leader 2026.

Вечер во знакот на македонските „врвови“

Целата церемонија годинава беше изградена околу концептот на планината и врвот како симбол на деловниот успех – пат во кој нема кратенки и во кој резултатот се создава чекор по чекор.

Програмата ја водеше Игор Џамбазов, а музичкиот дел го предводеше Џијан Емин со оркестар, со повеќе музички изведби интегрирани во самата церемонија.

На крајот на церемонијата, сите добитници на Business Leader 2026 застанаа заедно на сцената – компании од различни индустрии, генерации и големини, обединети преку резултатите што ги создаваат.

Пораката со која беше заокружено третото издание на Business Leader беше дека секој достигнат врв е почеток на следниот предизвик.

Business Leader продолжува со својата мисија – успешните македонски компании и луѓето зад нив да ги стави таму каде што заслужуваат да бидат: на големата сцена.

За Business Leader

Business Leader е платформа за препознавање, афирмација и поврзување на успешните македонски компании и деловни лидери. Зад анализите и изборот на компаниите стои Бизнис Мрежа, која преку деловни и финансиски податоци ги анализира резултатите на македонските компании.

Генерален партнер на Business Leader 2026 е Халкбанк АД Скопје. Official Event & Marketing Partner е MS Creative Studio, организациски партнер Pari.com.mk, Mobility Partner Delfino Mobility Group, а Official Hospitality Partner Alikas. Златни партнери се БиМилк и Аџибадем Систина, додека меѓу останатите партнери на настанот се Макстил, Зегин, MyTime, Signori, KARA5, Delight, Сава Осигурување, Chesterfield, Тиквеш, Гемак, Пелистерка, Startup Club Skopje, Social Hair, Baking Bread и Elena Luka.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер