Се обидел да си ги згрее нозете, му експлодирала батеријата во чизмите и останал инвалид (ФОТО) - Канал 5

Се обидел да си ги згрее нозете, му експлодирала батеријата во чизмите и останал инвалид (ФОТО)

Томас С. (47) завршил во Универзитетската болница во Минстер со сериозни повреди кога во неговата позната марка чизми експлодирала батерија од влошка за загревање на нозете.

Се обидел да си ги згрее нозете, му експлодирала батеријата во чизмите и останал инвалид (ФОТО)

Томас отишол на шопинг во градот со своето семејство во саботата наутро. Во чизмите ставил електрични греалки за стапала бидејќи со години страдал од студени стапала и раце.

Кога стигнал пред продавницата со семејството, застанал на паркинг простор и наеднаш дошло до „експлозија“. Почувствувал силна болка во стапалото, но ништо не му било јасно...

"Одеднаш почувствував исклучително силна болка во стапалото, стоев во облак од чад. Веднаш ми беше јасно дека само батеријата може да експлодира", објаснува за Билд Томас С.

Отпрвин не можел толку брзо да се ослободи од тој запален извор на топлина и само си помогнал кога ги одврза врвките, што траело кратко.

Кога успеал да се ослободи од чизмите, побрзал да си ја олади ногата. Чорапот му изгорел, а стапалото му било во саѓи и црно, додека кожата му се лупела.

"Изгледаше лошо. Веднаш ми беше јасно дека се работи за многу сериозна повреда", рекол Томас и додал дека жената го однела во итната медицинска помош.

Веднаш бил примен кај пластичен хирург кој ја исчистил и ја преврзал раната, но не бил сигурен дали кожата ќе треба да се трансплантира.

„Ќе знаеме утре дали треба да направиме кожни графтови. Бидете подготвени за фактот дека можеби ќе треба да ја оперираме“, му рекол хирургот.

Томас С. сега сака да ангажира адвокат и вели дека сите „треба добро да размислат дали сакаат да купат такви електрични производи или да се префрлат на алтернатива“.

Внимание советува и Донато Муро (39), експерт за безбедност и заштита од пожари и истакнува дека „вакви инциденти се многу ретки, но се случуваат“.

„За жал, вакво нешто не е вообичаено, но се случува. Колку е потенка вградената батерија, толку е поподложна на оштетување. Ознаката „CE“ (како што се наоѓа на ѓонот) нема многу смисла , додека отпечатокот „UN 38.8“ укажува на тестиран квалитет“, објаснува Донато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на Република Србија, д-р Златибор Лончар и го посети Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС).

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

На почеток на средбата со министерот Лончар, Клековски се заблагодари за помошта што Србија ја пружи од првите часови по трагедијата во Кочани. Двајцата министри разговараа за натамошното лекување на повредените од Кочани во српските здравствени установи, според претходната иницијатива.

Во фокусот на средбата беше соработката со референтните институции во Србија за високоспецијализирана здравствена заштита и зајакнувањето на капацитетите во Македонија, преку:

упатување на лекување и високоспецијализирана помош за сложени состојби;

второ мислење и стручни консултации со заеднички стручни тимови за сложени случаи;

партнерства меѓу референтните центри во Србија и клиниките во Македонија — практична обука, стручни престои и менторство на клиничките тимови.

Министрите разговараа и за дигитализацијата и интероперабилноста на здравствените информациски системи, со интеграција на податоците од јавниот и приватниот сектор. Србија го користи и системот „Мој термин“, кој е развиен во Македонија.

Во Универзитетскиот клинички центар на Србија, најголемата здравствена установа во Србија, министерот Клековски се сретна со в.д. директорката, проф. д-р Јелена Друловиќ.

На средбата стана збор за можностите за соработка меѓу УКЦС и универзитетските клиники во Скопје, за упатување на пациенти со сложени состојби, заеднички стручни консултации и стручни престои за македонските клинички тимови. Разговараа и за организациски прашања, а потоа ја посетија Клиниката за неврологија, со фокус на згрижување на лицата со мозочни удари и Центарот за мултипла склероза.

„Целта не е нашите пациенти да патуваат подалеку, туку знаењето да дојде поблиску. Тоа што денес за сложените случаи го бараме надвор, со заеднички тимови, обуки и менторство утре треба да го имаме дома“, изјави министерот Клековски.

Министерот Клековски во текот на посетата беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Србија, Никола Тупанчевски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел

„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.

Американски сенатори од двете партии побараа од Трамп да се откаже од незаконскиот договор за увоз на руски дизел

Објавата на Трамп доаѓа само два дена откако најави дека се договори со Путин за увоз на руски дизел, но на ова се спротивуваат и републикански и демократски сенатори кои да се откаже од договорот, наведувајќи дека тој е спротивен на американскиот закон со кој се забранува увоз на енергенси од Русија сè додека не ја прекине агресијата врз Украина.

„Конгресот експлицитно го забрани увозот на руски енергенси во 2022 година за да спречи американските долари да ја финансираат бруталната војна на Путин против Украина“, се вели во соопштението на седумтемина сенатори, од кои четворица републиканци.

Тие посочија дека владата не се консултирала со Конгресот и не доставила објаснување за својата одлука, обврска што исто така е предвидена со закон.

Трамп во петокот објави дека русија се согласила да испорачува дизел на светските пазари, а неговата администрација привремено ги укина американските санкции за руското гориво. Цените на дизелот се блиску до рекордно високи нивоа, што би можело да им наштети на републиканците на меѓуизборите во САД следниот месец.

Според Трамп, Путин се согласил веднаш да ослободи 300.000 тони дизел за американскиот и глобалниот пазар, по што би следела испорака на 500.000 тони во ноември и уште еден милион тони потоа. Володимир Зеленски остро го критикуваше договорот и го опиша како подарок за путин и инвестиција во неговата војна против украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување

Во четврток и петок во Европскиот совет ќе се дебатира за предлогот за воведување квалификувано мнозинство наместо едногласност при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. 

Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување

Во пресрет на систанокот еврокомесарката за поршпирување Марта Кос порача дека проширувањето ќе биде можно само за земјите кои ја имаат усогалсено безбедносната политика со Унијата.

„Безбедноста станува се поважна за ЕУ и станува се поважна за процесот на проширување. Не можеме да си дозволиме да примиме нови земји членки кои нема да ја зголемат нашата безбедност, затоа стратешкиот правец станува се поважен. Минатата недела кога ги представивме резултатите од предпристапниот извештај, јасно кажавме дека само кандидатите коишто се во стратешка линија со нас, ќе можат да ни се приклучат“– Марта Кос, еврокомесарка за проширување.

Иако идеја за промена во начинот на одлучување од консенсус во квалификувно мнозинство потекнува од Унијата, дел од аналитичарите не се оптимисти дека предлог ќе помине.

Додека се чека конечната одлука на Европскиот совет за замена на едночасноста со квалификувано мнозинство, за пристапувањето на Западен балкан кон Унијата ќе се разговара и на Самитот ЕУ-Западен балкан кој ќе се одржи кон крајот на ноември во Брисел, на кој ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски кој претходно ќе оствари средба и со еврокомесакраката за порширување Марта Кос. Дали дотогаш ќе има уште една средба со бугарската страна, Мицкоски не прецизираше, но порача дека надминување на блокадата е можно само преку дијалог и прилижување на ставовите меѓу двете земји. Според аналитичарите добор е што дијалогот ќе продолжи, но се скептични дека само преку разговори може да се дојде до решение.

Идната недела премеирот Мицкоски ќе биде дел и од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Црна Гора, која пак денеска затвора три преговарачки поглавја со Европската Унија, наместо претходно најавените две. Според тамошните власти ова дополнително ја приближува Црна Гора до целта да стане членка на Унијата до 2028 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер