Се обидел да краде во автомобил на познат борач, па го однеле на носилка (ВИДЕО) - Канал 5

Се обидел да краде во автомобил на познат борач, па го однеле на носилка (ВИДЕО)

Познатиот граплер Хајсам Рида (29) имал интересна средба со крадец кој се обидел да му упадне во автомобилот.

Се обидел да краде во автомобил на познат борач, па го однеле на носилка (ВИДЕО)

Поточно, крадецот доживеал невидена несреќа што од сите можни автомобили го избрал оној на Рида. Сѐ се случило во Тексас среде бел ден.

Рида прво го претепал крадецот, а потоа го држел додека не дошла полицијата. Брзата помош и полицијата пристигнале многу брзо, а како што пишуваат американските медиуми Рида ниту бил пријавен ниту казнет бидејќи го бранел својот имот, а крадецот со тешки повреди бил пренесен во болница.

Еден од моментите по конфликтот може да се види на видеото, кое се појави на социјалните мрежи. Додека Рида им објаснува на полицајците што точно се случило, во позадина се гледа како дури тројца медицински работници заедно соработуваат за да го кренат повредениот крадец на носилки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Останува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година

Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон ќе остане во притвор откако новото барање за кауција беше одбиено од судот во Ливерпул. 

Останува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година

Почетокот на судењето, кое беше закажано за минатата недела, беше одложено за 8 март 2027 година.

Обвинение и судска одлука

Бартон беше обвинет за нанесување тешки телесни повреди на Кевин Линч, што 44-годишниот поранешен фудбалер го негираше на суд и се изјасни за невин. Наводниот напад се случил на 8 март во Хајтон. Обвинителството тврди дека на инцидентот му претходело заедничко консумирање алкохол во локален голф клуб.

Според обвинението, Линч претрпел сериозни повреди на окото во нападот. Тој е поранешен тренер во пониска лига и основач на академија за специјално образование. Бартон се појави на рочиштето преку видео врска од затворот ХМП во Ливерпул. Откако судијата Дејвид Потер го одби барањето за кауција, Бартон само кимна со главата за да покаже дека ја разбира одлуката.

Следното прелиминарно рочиште е закажано за 11 декември оваа година, а се очекува главниот претрес да трае околу две недели. Потоа Бартон ќе добие шанса да ја презентира својата одбрана пред поротата.

Кариера и контроверзии

За време на неговата кариера, поранешниот играч од средниот ред беше почитуван поради неговите фудбалски вештини, но стана познат и по инцидентите надвор од теренот. Неговото однесување честопати привлекуваше исто толку медиумско внимание како и неговите игри.

Своите најдобри играчки години ги помина во Премиер лигата, каде што играше за Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс и Барнли. Во Англија беше член на Евертон, а во странство го носеше дресот на Марсеј и Ренџерс. Одигра еден натпревар за англиската репрезентација, во 2007 година против Шпанија.

По завршувањето на играчката кариера, се префрли на тренерска работа. Ги водеше Флитвуд Таун и Бристол Роверс, но тој период од неговата кариера беше обележан и со јавни конфликти и дисциплински проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески.

СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“

Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство.

Хипокризија во најчиста форма.

На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината.

Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди.

И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител.

Ова не е државнички говор.

Ова е отворена закана.

Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита.

Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа - криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите.

Граѓаните не се талог.

Опозицијата не е талог.

Критичарите не се талог.

Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста.

СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку.

Народот ќе победи.

Криминалците ќе одговараат.

Власта ќе биде вратена на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Симболот на Брисел , облечен во македонска носија по повод 8- Септември (ВИДЕО)

На социјалнит емрежи се појави видео од еден од најпознатите симболи на Брисел, облечен во македонска носија. 

Симболот на Брисел , облечен во македонска носија по повод 8- Септември (ВИДЕО)

Еден од најпознатите симболи на Брисел, статуата Манекен Пис, денеска за првпат беше облечен во традиционална македонска носија, по повод 8 Септември – Денот на независноста и 35 години од осамостојувањето на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер