Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотСе нуди награда од 20.000 долари за информации за оној кој пукал во морски лав во КалифорнијаКанцеларијата на NOAA во Мериленд (САД), одговорна за управување со океанските ресурси на нацијата и нивните живеалишта, нуди награда од 20.000 долари за информации за сторителот кој застрелал морски лав од Калифорнија.Животното било пронајдено живо на 7 август, со прострелна рана, помеѓу спасувачките кули 22 и 23 на плажата Balls Chica State Beach во округот Оринџ, Калифорнија. За жал, и покрај максималните напори на спасувачите од Пацифичкиот центар за морски цицачи, морскиот лав наредниот ден им подлегнал на повредите. Прегледот открил дека младиот морски лав, кој според експертите имал две години, имал свежа рана од куршум на грбот, пренесува Worldanimalnews. Властите активно бараат информации за поединецот одговорен за овој ужасен чин и какви било околности околу инцидентот. Според Законот за заштита на морски цицачи, нелегално е да се вознемируваат, ловат, фаќаат или убиваат морски лавови и други морски цицачи. Постојат и други неинвазивни методи за нивно исплашување од имотот, но тие не смеат да доведат до повреда или смрт на животните. NOAA Fisheries е канцеларија одговорна за управување со океанските ресурси на нацијата и нивните живеалишта, со научен пристап, заснован на зачувување на продуктивно и одржливо рибарство, обновување и зачувување на заштитените ресурси и здрави екосистеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУченик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс. Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат. 🔴 Un collégien à tiré sur une professeure et le principal à Aubagne (Bouches-du-Rhône). Les deux victimes ont été hospitalisées. Leurs jours ne sont pas en danger. L'élève est ce soir en garde à vue. Une enquête pour "tentatives d'assassinat" est ouverte. #JT20h https://t.co/fx7j0TPLiy — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) October 12, 2026 Истрагата е префрлена во Париз Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот. FRENCH ANTI-TERROR PROSECUTOR SAYS TAKING OVER INVESTIGATION INTO SOUTHERN FRANCE SCHOOL SHOOTING — CGTN Europe (@CGTNEurope) October 13, 2026 Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“. Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.Тагови: тероризам ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаЈанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избориДиректорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот. Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните. Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаГруби излегува од домашен притвор, но без пасошПоранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост. „Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“ За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката. Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook