Се нормализира колапсот на Балканот: Црна Гора, БиХ, Хрватска и Албанија беа без струја - Канал 5

Се нормализира колапсот на Балканот: Црна Гора, БиХ, Хрватска и Албанија беа без струја

Незапаметен струен колапс, дел од земјите во регионот со часови останаа без електрична енергија, состојбата на терен беше драматична и се менуваше од час во час.

Се нормализира колапсот на Балканот: Црна Гора, БиХ, Хрватска и Албанија беа без струја

Доцна попладнево состојбата почна да се нормализира. Според прелиминарните информации, се започнало со прекин на далеководот помеѓу Грција и Албанија, а потоа се пореметил целиот тек на снабдувањето, посочија надлежните во Хрватска.

Поради дефектите кои настанале на регионалната мрежа, прво без струја остана Црна Гора, а потоа следуваа Хрватска и Босна и Херцеговина каде состојбата беше најдраматична. Тамошните медиуми пренесоа дека луѓе биле заглавени во лифтови, а трамваите и тролејбусите останале на среде улица.

Во БиХ проблемот можеше и да се продлабочи, бидејќи 90% од пумпите за вода работат на струја, предупредија од тамошниот водовод, па се избегна опасноста да дојде до проблем со водоснадувањето..

Во Црна Гора пак, првично струја имаа само два града на северот, а по неколку часа истата почна да се враќа и во остатокот од земјата. Министерот за енергетика и рударство Саша Мујовиќ, посочи дека дошло до сериозно оптоварување на системот што дополнително ја влошило состојбата.

Со колапсот на струјата, дојде и до тотален колапс на сообраќајот во поголемите места, ниту семафори работеа, ниту сообраќајната полиција можеше да постигне да го регулира истиот...

Енергетската мрежа во Србија и Македонија остана стабилна и не беа регистрирани никакви проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чаир доби 20 нови клупи за граѓаните

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните.

Чаир доби 20 нови клупи за граѓаните

Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори.

Поставувањето на урбаната опрема ќе продолжи и на други локации, согласно потребите на населбите и барањата на граѓаните, како дел од заложбите на Општина Чаир за создавање поуредена, пофункционална и поквалитетна урбана средина.

Општина Чаир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сеута бара помош од Шпанија за над 1.000 малолетници без придружба

Шпанската енклава Сеута, која сè уште се опоравува од приливот од 72.000 мигранти кои пристигнаа на нејзините брегови за една недела, бара стотици малолетници без придружба да бидат преместени низ европскиот дел од земјата, соопштија локалните лидери.

Сеута бара помош од Шпанија за над 1.000 малолетници без придружба

Иако огромното мнозинство мигранти се вратиле во Мароко, околу 1.100 малолетници без придружба кои пристигнале пред и за време на приливот и не можат брзо да бидат депортирани, остануваат во енклавата, според локалната самоуправа.

Многумина спијат во привремено сместување во магацини или на улиците бидејќи прифатните центри се преполни.

Политичка тензија околу обврската за грижа за малолетници

Иако регионалните влади мора да им помогнат на преоптоварените територии во време на вонредна состојба, тензиите растат меѓу конзервативната Народна партија (ПП) и крајно десничарската партија Вокс, кои заеднички управуваат со четирите региони, околу тоа дали треба да се придржуваат кон законот.

Шефот на Вокс рече дека „ниту едно евро“ од шпанските пари не треба да оди кај малолетни мигранти.

Дури и ако регионите ги прифатат, експертите предупредуваат дека процесот на идентификација и преместување може да трае со месеци и ќе бара индивидуални интервјуа, извештаи и контакти со земјите на потекло.

„Бараме помош и поддршка“, изјави шефот на локалната самоуправа во Сеута, Хуан Хесус Вивас, за шпанската телевизија RTVE. „Ова е апсолутно неодржлива ситуација“, додаде тој.

Реформата на законот предвидува рок од 15 дена за трансфер

Според реформата на законот за имиграција од 2025 година, откако мигрантите ги преплавија прифатните центри на Канарските Острови, малолетниците без придружба треба да бидат преместени од преоптоварените територии во рок од 15 дена од првичната обработка.

Поради несогласување со оваа политика, Вокс ги напушти петте регионални коалициски влади што ги предводеше во 2024 година заедно со Народната партија, која го поддржа планот на социјалистичката влада за преместување на 400 малолетници од Канарските Острови на Иберискиот Полуостров.

Влијание врз односите со земјите од Европската Унија

Од почетокот на реформата, 719 малолетници се префрлени од Канарските Острови, според владини бројки од април 2026 година, а повеќе од 400 малолетници кои пристигнале во Сеута се преместени во други покраини.

Проблемот би можел да ги оштети и односите на Шпанија со европските земји управувани од конзервативци, како што е Италија, која го суспендираше Шенгенскиот договор за слободно движење на луѓе со Шпанија еден месец по приливот на мигранти во Сеута.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер